Можиш, можиш и на пократко. Јас имав на извештајот пишано 60 клексани му однесов на два пати. Само на пример ако поднесуваш за 60 мора да ти се ставени тие 60 инјекции Внимавај на датумите
Дали може да ми кажете за земање крв за д-димери и хемостаза дали треба да е на гладно во колку часот е најдобро да се појде од сабајле на клиника? Прв пат сега ќе испитувам Ви благодарам однапред Едит- појдов наназад во пораки гледам дека некој пишал не мора на гладно Само не најдов никаде од колку е најдобро да се појде за боцкање
Можеш и на секои 10 поставени да подаваш, не е тоа проблем само да се поставени. пример купуваш десет на 10ти, примаш по две, за 5 дена односно на 15 можеш да земеш потврда за поставени и одма да подадеш. Неможе да купиш 30 пример на 10 ти и да идеш да подадеш за сите одма.. мора да поминат 30 дена ако примаш по 1 на ден или 15 дена ако примаш по 2на ден за да земеш потврда за поставени клексани од доктор.
Слободно јади, и можеш со упатот од клиника да идеш од 8-11ч кај градска болница, спорти ГТЦ земаат крв нема жив човек влегуваш излегуваш до 2ч има резултати на мое здравје апликација. Влезот е точно само што ќе го поминеш зегин има зелена ограда вртиш десно и пак десно бела врата пишува.
Па да ама на упатот пишува трансфузија на клиника А сестрата кога го земав упатотми кажа па оди рано на клиника биди гладна до 10:30 боцкаат И затоа тука прашав оти се нешто мислам дека некој читав дека нема врска дали си гладен туку не е битно тоа ќе издржам Само на клиника обично сите велат дека е многу гужва Ова сигурно функционира на градска болница?
Да 100% ова е подружница на трансфузиологија како пункт и работи до 11ч само. После ги носат таму и се испитуваат.
Епа фала многу за инфо Ќе одам сабајле таму директно Ако па нешто има проблем ќе одам после на клиника Стварно многу благодарам ladyme
Нема проблем да има неколку пати сум била јас со истиот упат што е за клиника. Фини се многу а и немало никој јас кога сум одела. За 5 мин ќе завршиш работа
Ти благодарам Ја стварно многу сум благодарна и на Фемина форумов што постои и на сите вас Колку само не сме информирани Еве ова е можеби ситница ама многу време ќе ми заштеди зошто да не каже некој Среќа што ми пишавте вие тука
Јас и претходно пишував дека постои пунктот, мене сестрата од кај матичниот ми кажа дека имаат пункт за да не одам по гужвите на клиника. Ме спасила хаха а и други трудници што сега тек знаат дека може и таму да се проверуваат ддимери
Нема врска на гладно на јадено, за крвна слика тоа важи за д димери нема врска тие си се д димерите, на гладно на јадено тие се Сестрата нека ја врати дипломата најарно
Ај да ве прашам сега за рефундирање. Мене док ми напишал 120 клексани за два месеци, до почеток на април, а јас ги броев до тогаш ќе имам примено 84, он повеќе ми напишал. Дали ќе е проблем за рефундација што ќе бидат помалку од напишаното?
Еве и јас потврдувам во гратска се боцнав пред некоја недела, наредна одам пак, екстра брзо завршувам и одма резултатите ги прикачуваат на мое здравје до 14:00, на трансфузиологија е хаос плус мн луѓе с и девојкитр што боцкаат се прикаска сама за себе … имам пишувано поназад
Да бев сабајле ме боцнаа не ме вратија само што јас појдов во 7:50 а тие всушност почнуваат со работа во 8:30 не во 8:00 си почекав ама па барем немаше никој до 8:25 во чекална оти сепак друго е да чекаш во хаос вируси и сл друго само еден двајца да влезат Стигнаа и резултатите на мое здравје апликација Супер поминав денес Иначе матичниот гинеколог ми кажа дека бил ок резултатот( д-димери 875 за 13 нед) Така да стварно фала ви на сите тука што ме упативте во градската болница
Здраво до сите, Имам едно прашање, дали ви е одобрена рефундација со потврда од трансфузиолог од СИСТИНА или ЖАН МИТРЕВ, не од државна клиника? Ме одбиваат од ФОНД, бидејќи немам потврда од трансфузиолог од државна клиника, па затоа ме интересира дали на некој од вас барањето за рефундација е одобрено со потврда од трансфузиолози од приватниве две клиники. Ви Благодарам
И јас се префрлив во градска болница за димери/хемостаза, само за да избегам од фуфуците што земаат крв на клиника. Е сега си начекав еден дедо што не ми дозволи ни да прашам но си почекав, тоа е Плус кога им кажав дека сум крводалител ми се запнаа да испитале и крвна група, фактори и што се не… им кажувам не мора но не, без пари ми било па ај се да сум имала. Мислам тие податоци ги имаат од крводалители на клиника…како и да е.