Не можеш да рефундираш со извештај од приватна клиника .Матичната на почетокот ми рече да прашам во фонд беше сестра ми ама и рекоа не може.Јас еве во Систина сум дека сум бед рест и не рефундирам а се боцкам со клексани од позитивен тест.
Жива глупост е тоа, бидејќи бараш рефундација за лек кој е на позитивна листа, не бараш рефундација за преглед, дополнително уредно си осигуран здравствено. Тоа е што е, ти благодарам за одговорот и ти посакувам лесна бременост
Ви се десило да не прикачат резултати во апликацијата до 14:30 од трансфузиологија? После 14:30 не ни има кој да прикачи…
Дали оваа табела е во ред? Денес правев испитување 1.84 во 26 недела ми се димерите, дали е тоа за клексани? Утре сум на доктор ама не ме држи место.
Дали утре (сабота) можам да одам со упатот да испитам ддмери? Или од понеделник до петок може само? За во градска болница.
29+2 сум, д димерите ми се ок како за 3 триместар. Времињата стандард се скратени, од старт ми се така, матичната вели ок се така. Има некоја од вас со скратени времиња, а без терапија?
Здраво, додека чекам матичната да ме побара, малку скратено Активирано працијално што би значело? Вака генерално ми личи ок резултатот, секако матичната ќе го види. Инаку сум 25+3
Во понеделникот испитував хемостаза и ддмери, бев во градска болница. Ми рекоа дека резултати ке има истиот ден после 14ч кај матичен. Еве и сега се јавив, резултати сеуште немаат прикачено. Апликацијата Мое здравје не ми функционира, не можам да се најавам пробав од повеќе уреди, пријавив и пишав 3 пати маил, пак ништо. Дали знаете друг начин како да дојдам до резултатите?
Ива ја чуваш таа пресметката што ја дава? да пробаш со неа утре до градска или трансфузиологија да појдеш? Дане нешто има проблем
Да отидеш или да пратиш некој до државна, таму ги обработуваат резултатите да ги земат од таму. И јас бев во пон за испитување ми стигнаа рез. Да не имаат некоја грешка направено или пак да не не ги прикачиле на мој термин.
Дане не го реализирала таа упатот ако го остаела... мене ми дава пресметка еден лист како ваму на државна што дават.
Ми дава мене еве два пати сум била, неможам да станам да ви сликнам.. незнам мм папката кај ја ставил.
Здраво на сите! Дали има некоја членка која е 24та недела и д-димерите и се 1750? Мене матичната ми кажа дека тоа не е страшно и дека нема потреба од терапија, но некако сум загрижена...
Се снајдов и конечно дојдов до резултатите. Е сега матичната дури утре ке ја добијам, па ако некоја знае да ги види би ви била благодарна