Од овде само тромбоцитите што се намалени, другиве параметри за наши недели ми делуваат ок, ти си и без клексани нели?
Здраво , дали некој знае да ми ги протолкува резултатите. Дури во вторник сум на лекар. Инаку примам клексани 14та недела сум.
Фала за брзиот одговор, мене некако све на граница ми изгледаше па се загрижив ,ама не се разбирам воопшто
Јас сум 24 недели и ддимерите ми се 1940. Примам клексан по 1 на ден ради мутации и ми го продолжија. Консултирај се со трансфузиолог ако немаш редовна терапија
Не се многу д димерите. Дали имаш испитувано мутации ? Овде повеќето сме со терапија оти сите сме со некакви мутации и превентивно боцкаме клексани, д димери е океј да се покачуваат во бременост ама во одредена граница.
Здраво девојки, мала помош каде на државна ги прават следните анализи за тромбофилија: ХОМОЦИСТЕИН АFA АNA ги има во приватниве лабаратории, ама да не ги преплаќам. Ви благодарам
Девојки, за колку време ви рефундираат клексани ? И колку % ? Поднесени ми се документи пред месец дена ама уште нема ништо, ниту па ми стигнало решение. Дали има некој број да се јавам да прашам дали е се во ред со документите?
јас имам подадено од средина февруари и нема, беше сопругот втора тура да подаде и му рекле грешка имало во решението прво со второто ќе биле заедно и еве нема уште..
И јас еве утре завршувам со втора тура и треба да купувам нови, и да однесам документи. Ќе прашам , за дете за боловање коа поднесував за 2 недели ми дојде исплата сега ова некако многу ми дојде. Ама различно е , не се сеќавам пред 2 години како беше. А колку % рефундираат знаеш ? Тогаш беше 70% сега дали е исто или има некои измени знаеш?
Изгледа само мене ми префрлаат набргу пари, кога да поднесам барање по една недела најкасно 10 дена парите ми се префрлени на сметка.
Девојки, 29та недела сум...денес испитав д-димери по препорака на гинекологот која на последното ехо примети мали лагуни, ми рече нема место за паника детето напредува супер со тежина но да провериме за посигурно, овие ми се резултатите...што мислите? Времињата какви ми се не ги разбирам