Не се плашам од боцкањјето тоа ќе помине него ми е страв дека се покачени недај боже нешто да не се искомплицират цел ден сум замислена никако ми е
Ех ти при крај си, шо да речиме ние стотина инекции што имаме в стомак закачено Без гајле си терапијата под контрола си
Денес бев на контрола терапија клексани за 10 дена ми се препишани,не ми е за боцкањето тоа не ми е проблем само бев исплашена да не имам нешто комплилација од димерите дека сум при крај, со помин да е кај сите и ви посакувам на сите здрава и лесна бременост и здрави и живи да си ги родиме бебенцата
Jas so prvoto dete so 2800 otidov na poragaj bez nikakva terapija ne mi dade maticniot, a sega sum 37+3 2078 mi se, do 36ta nedela bev na apsirin radi protocite na matkata a sega nemam pak nikakva terapija
И мене И мене матичниот ми рече нема потреба од терапија, нормално било во бременост да се покачени, ама докторот што ќе ме пораѓат на оделение на 1800 ми рече ке почекаме со тррапија ама ако се над 2000 ќе почнеме со клексани, и денес ми рече 10 дена клексани да примам, плус имам покачен притисок и многу отоци на нозете па затоа ќе примам, на матичниов се му е тоа нормално, ама сепак ваму ќе ме пораѓаат сакаат се да си е во ред што е и нормално, јас на докторот што ќе ме пораѓат најмогу му верувам
Штом имаш проблеми и со притисок правилна одлука на докторот да почнеш со терапија. На многу доктори му е се нормално се додека не се деси некој проблем, после никому ништо, ќе се оградат од одговорност.
Дали клексаните ги има во сите аптеки Па еве матичниот за све вика ништо не е нормално е, затоа одам на контроли и на оделение, денеска го зедов извештајот од оделение зедов клексани и бев да прашам што треба за да ми вратат пари од фондов, ми бараат потврда и од матичен доктор а мене матичниот не ми даде терапија ми рече дека не сум за да примам клексани и сега нема да ми даде ни потврда
Ама матичниот не те пораѓа, идеш на клиника чим тие препишале, мора да даде он потврда за примени клексани. Како ќе ти речат тие така ќе правиш.
Докторот ми рече во рака да ставам клексани Да ама тој сметат дека јас не треба да примам клексани па затоа ми е да не не ми даде потврда иначе извештај од специјалист имам
Ќе му речеш, докторе јас им кажав што мислите ама докторот инсистираше превентивно, сепак тој ќе ме пораѓа. И малку така филмче
Не може сега да ти даде потврда. Тоа е потврда за примени клексани и се издава откако ќе ги примиш сите.
Па и така е тие двале и на помалку клексани а не над 2000, сепак докторот ќе ме пораѓјат сакат да си е се во ред, а матичниот е не знам како да речам јас имам над 100 кг многу се здебелив во бременост тој ми вика не бе супер си
Да знам дека треба да ги примам прво па после да земам потврда, ама секако ќе поминам понеделник ќе му кажам дека примам да си знае дека ќе ми треба потврда
Мена на гак ми намалија терапија, демек слаба си 77кг, мн ти се два клексани и ддмерите рипнаа 11000 после 3-4 дена а со мутации сум. И пак упорни дека не треба два, и јани ми рече обавезно два и исфорсирав за два затоа што сум 30+5. Сега треба пак да проверам. Е сега твојот случај е друг ама јас од тоа што знам и сум се распрашувала дека и на крајот од бременоста не смее да се качат ддмерите затоа што е опасно по плодот и мајката. Затоа и ти предложиле да се конторлираат за да не се качат наредната недела две.
Да да докторот рече ако се над 2000 ќе примаш клексани, јас почнав и да кревам притисок и имам проблеми со нозете ептен се отечени и ме болат, пијам и метилдопа ако е качен притисокот и магнезиумот ми го зголемија на 2 пати на ден, а нозете ми се страшни не се за гледање од горе до долу ми се отечени катастрофа одвај чекам да се породам и да се вратам во нормала,секој доктор различно кажуват да не знаеме што да правиме, ете во твојот случај погрешиле што ти ги намалиле, значи докториве се направија како гатачи
34+2 сум, денеска проверував д димери и хемостаза, еве ги резултатите. Времињата и претходно ми беа скратени, ама д димерите ми беа во ред, сега се покачени. Матичната рече од утре да почнам со клексани, еден на ден од 0.4, барем 10 дена да ставам па да проверам пак д димери. На последното ехо виде и малку лакуни на постелката, вели подобро да примам клексани. Инаку немам отоци, притисок низок, здебелена сум само 8кг. Со првото се боцкав клексани последните 10 дена само, и на пораѓај Алуловски ми рече нормално е да се покачат димерите на крај, не требало да се боцкаш ама ајде. Тогаш мислам дека околу 2500 ми беа. Дали некоја прима клексани со благо покачени димери?
Мене ми беа над 1800 докторот остави фора уште две недели да испитам пак ако се над 2000 да почнам со клњксани и за две недели беа над 2000 и од денес почнав со клексани, ако ти рекла докторката да примаш почниси да не ти се накачат уште повеќе