Devojki, site shto imate zemeno privano i drzavno tolku mnogu vi se razlikuvaat vrednostite na ddmerite? Se zamisliv sega dali treba da pojdam na drzavno. Drzavno vo 12ta bea 350, privatno pravev 19ta bea 480. Sega za 2 nedeli ke treba pak, ama gledam kaj nekoi od vas vrednostite na privatno i drzavno se razlikuvaat po 500-700. Ne znam shto da pravam.
Кај мене имав пишано, последниов пат ми се разликуваа многу, приватно во Биотек 2300, а државно 3060. И кај времињата имаше разлика. Не знам што да кажам ама верувам дека докториве од државно повеќе ги сметаат за точни, па ќе правам следно пак во Градска. Баш ме замисли и мене, јас се правам на приватно цела бременост за да не се маткам и чекам по болници… Само да напоменам, имаше 24 часа измеѓу испитувањата, не помина многу време.
Вие што се боцкате со клексани од почеток каде се боцкате во 6 ти месец па натаму, порано се боцкав напред во стомак и во двете раце, сега почнав од страна кај спољерите и во раце, ама знам еднаш докторот ми кажа најубав ефект има во стомак кога се боцкаме Како правите вие?
Вчера баш пишувавме за боцкањето на клексаните во темата труднички муабети Јас почнав да боцкам за прв пат во живот пред два дена Сестрата ми напомена во рака т.с. под рамо баш под вакцините кај што ми се ме боцна Ја прашав дали може на стомак или нога ми рече дека било најдобро во рака Не знам оти На интернет најчесто пишува на стомак или од страна на спојлери покасно во бременоста или на нога, а и тука на форумов скоро сите на стомакот се боцкаат Јас сега ќе боцкам на раката па покасно ќе видиме
За клексани в стомак. Нема гајле и до крај таму да боцкате, посекако поткожно е не можи ништо да наштетите на плодот
Здраво дали рефундираше за клексани, одеше и на клиника или само кај др Нинослав? Дали си задоволна од докторот?
Да задоволна сум од докторот.Кај него сум од 2019год имав тромб.Не рефундирав затоа што може само со извештај од државен трансфузиолог.Ја еве и послем бременоста одам на контроли дека дојам, аспирин не е дозволено,а ддимерите ми се варираат па ми одредува терапија клексан која доза.
Здраво дали некој има сменето време на боцкање на клексани, пр. се боцкал од сабајле да смени да се боцка навечер? Јас само еден примив ама не можам сама да се боцкам во рака, а сопругот е само навечер дома па да ме боцка он Доктор вика може ама мене на мисла ми е, и поубаво кога ќе слушнам искуство ...
Јас исто се мислев дали може ама тука членки пишаа дека може да се мени, јас го менив времето примав 12:40сега примам 14:30
Здраво . Дали сте провериле димери после пораѓај ? Денес проверував 6 недели после породување ми беа 800, ( граница пишува до 500) а во бременост ми се качуваа до 4000 и примав клексани . Ако има некој искуство ве молам споделете . Благодарам
Ако ти биле толку високи во бременост, значи дека ти се намалуваат, само веројатно треба малку повеќе време да си дојдат во нормала. Мене 1 месец после породување ми без вратени во нормала, ама во 9ти месец ми беа 900.
Да јас проверувам .Ама јас примам терапија и кога не сим брремена Веќе месец дена породена и ми варираат на една до две недели проверувам.Моментално боцкам клексан 0.2мг. Последно ддимерите ми беа 530.Предтоа пак беа качени 1130 тогаш по двапати клексан од 0.4мг.Аспирин не е дозволено ако доиме така док ми кажа.
А за проверка на крв за д-димери и хемостаза колку време треба да помине од последното боцкање на клексаните?
Се боцкаш нормално пред да правиш анализи.Само ако се боцкаш во рака ако си боцната во десна рака ти, земаат крв од лева рака.
Мамички колку епрувети Ви земаат крв за испитувањата? Мене ми правеа испитувања и ми земаа 4 епрувети. Инаку сум во Германија примам клексани и ме пратија на трансфузиологија да направам испитувања. Но ми се причини дека е многу тоа за бремена жена. Посебно зошто во бременост е битен протокот и количината на крв до бебето. Искуство Ваше? Исплашена сум? Фала однапред.
Ништо не е тоа, сепак е мала количина на крв, не се секирај. Веројатно ќе ти направат повеќе испитувања. Мене на трансфузиона по 3 ми земаа еден период на секои 2 недели. А кога лежев во болница заради терапијата хепарин на секои два саати ме боцкаа и проверуваа крв првите 2-3 дена, особено првиот ден на хоспитализација не ни памтам колку епруветки беа, само знам дека беа многу. Знаат докторите што прават, односно што нарачале да се направи, сигурно и знаат дека си бремена.