Здраво јас ги допримив клексаните денеска бев кај матичниот да ми даде потврда дека сум ги примила, а тоа требало секој ден да ме внесуваат дека сум примала и сега неможат да ми дадат потврда, во фондот не прифаќаат без потврда од матичен, јас во фондот кога им реков да одам по потвда кај матичниот тие ми рекоа дека сега не оди ко ќе ги примиш ќе појдиш безобразни требаше да ми кажат
Секогаш сум одела на крај и ми издавале потврда дека од тој до тој датум сум примала клексани. Како секој ден да одиш? Да не мислеле да одиш секој ден за они да ти аплицираат?
Јас веднаш по извештај од трансфузиолог носам на матичен и тој отвара евиденција за нови 30 дена клексан. Ми дава потврда и две како рецепти Откако ќе завршам медецот одам и ги затвара со тоа што на една од рецептите сестрата рачно пишува пр 01.04, 02.04 и тн до последниот ден
Дали некој може да ми ги протолкува резултатите, 20та недела сум, примам клексани ,не ми се чека до преглед.. вака од некој шо се разбира да слушнам да ми е мирна главата
Мора откако ке го земаш извештајот од трансфузиолог да одаш кај матичен да отвори евиденција дека ке се боцкаш а кога завршуваш ти издава потврда за примени од/до дата
Може да ти даде потврда матичен , може и општ и гениколог. Секогаш ми дава потврда откога ќе ги избоцкам сите што ми се препишани во извештајот.
Не него требало јас да се јавам кај сестрата да и кажам дека од денеска треба да примам клексани за таа секој ден да ме внесуват во систем дека кај нив сум примала само така можело да ми се даде потврда
Јас потвдра од специјалист имам ама од матиниот немам и во фондот без таа потврда не ми ги примаат дукументите
@Aledarkali мислам дека би требало да ти дадат потврда од било која најблиска амбуланта и да ја прифатат од фонд, само замоли и објасни каква е ситуацијата ,и секако покажи извештај кај што ти се препишани клексани.
Јас за тоа не знаев дека така треба, мене во фондот ми рекоа од кога ќе ги примам да појдам кај матичниот и на мнофу други така им имале направено
Сестрата рече ќе видам јас што можам да направам или да појдам да ги прашам во фондот дали ќе можело од денес да ме внесуват и дали ќе било проблем што ќе бидат различни датумите, затоа што во системот датумот неможе да го вратат, овие работи треба државава наша да ги дават без пари на трудници некои мајки примаат цела бременост не се малку пари што држава ќе бевме катастрофа
Јас минатата недела завршив за 2 месеци, потврда ми даде сестрата од кај гинекологот, они и самите ми кажаа кога ќе завршам со клексаните од извештајот да дојдам за потврда. Не ми кажал никој за евиденција, нит проблем ми правеле.
Правилно треба во стомак или нога Но јас боцкам како што ми напомена сестрата, во рака под рамото Е сега според YouTube видеата малку наназад треба Целта е да не погодиш мускул или крвен сад, туку поткожно во третиот слој од кожата што е пред слојот на мускул Под агол од 45% треба Ако можеш побарај на интернет ќе ти покаже Не знам како од YouTube да пратам тука видео Едит.. на внатрешната страна не оти има повеќе крвни садови и помалку салце кожа
Женски каде ги чувате клексаните, сега е потопло дома ми е 26 степени и тоа на изгасена клима ама во стан сме. Ги чувам покрај прозор е малце поладно, пишува се чуваат до 25 степени ...ама идат жештини ќе биде уште потопло а на клима баш и не сум љубител ... Сопругот ме боцка поткожно ( некогаш ќе утне сеа ) како што објасни докторот трнсф. и ми рече во бременост никако во стомак клексани и се зачуди кога му кажав дека многу трудници се боцкаат во стомак, ова ми го потврдија и др. доктори... во стомак не, во рака најубаво... е сеа за во рака не знам и јас не можев да најдам како треба во рака, само овие слики ми ги извади chatGPT... Ама се боцкам како шо запамтивме од докторот кога ме боцна и така тераме
Или се запијани или така им одговара да малтретираат народ. Прво и одновно треба они да боцкаат а несакат такви обврски секој ден да им се нацртаме 20 жени да не боцка ако више идеме по правила. Она рачно ја пишува потврдата од тој датум до тој примени толку инекции и печат чао пријатно. Кажи им имам блиски во фонд, баш таму речи во комисија и ми рекоа на крај кога ќе постават може да ми дадете потврда напишана и ќе ми ја признаат. Значи ние што не пријауваме во систем како ни даваат потврди. И еве никогаш немам проблем со исплата.