1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Не знам како е правилно, само пренесов што ми кажа. И мене би ми било полесно во стомак, посигурна сум кога сама се боцкам веќе се навинкав со ивф ама така ми рече и сега сопругот ме боцка ...
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    И мене не ми е јасно зошто
    Ама и јас се боцкам во рака оти ми кажаа не во стомак
    Дури и во аптека ми кажаа не
    Плус во аптека ми напоменаа дека мора медицинска сестра да ме боцка дека не било правилно тоа дома што не праќаат да се боцкаме
     
    На wonder woman5 и jagoda777 им се допаѓа ова.
  3. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Бог да чува свашта.
    Незнам што да кажам. И секој што работи во аптека не е баш стручен да каже.
    Ако неможе сам дома да се боцкаш нема да постои ни упататво во нив за да се боцкаш сам.
    И мојот сопруг операција правеше исто така му ги дадоа дома сам да се боцка.
    Јас се изначитав и изнагледав видеа пред да почнам да се боцкам од што баш ми беше шубе ама се уверив дека нема логика порешно да се боцнеш.
    Затоа е и таква иглата влегува поткожно и нема што да згрешиш.
    И баш во стомак мислам дека е најбезбедно баш таму нема што да згрешиш.
     
    На fragaria и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Цел свет се боцка клексан сам. Онлајн затоа и постојат туторијали од престижни болници како да се постави иглата и самата инекција … некои наши доктори мн стручни ќе се прават паметни … боцкам клексани од прв ден позитивен тест, веќе влегов во 8ми месец и никој не може да ме убеди дека првото бебе го изгубив во 5тиот месец и поминав низ психички претежок период за мене и моето семејство само заради тоа што немав испитано мутации. Клексаните во мојот случај ми донесоа здрава втора бременост и мир на умот … секој ден да одиш да се бафташ некоја сестра да те боцка на клиника треба да си неспособен или луд. Др.Јани ми има потврдено дека во стомак или странично во спојлер е одлично место за боцкање… човекот во една прилика ми рече … нема клиничко испитување што може да го напишам колку жени како тебе заради еден клексан дневно изгубиле здраво и право дете … ама ете нема начин како сам да едуцирам гинеколози или да подигнам било каква иницијатива зошто сите се прават паметни дека сите на ова поднебје сме имале некакви тромбофилични мутации и не било тоа страшно … епа некои комбинации се баш страшни ама матичните гинеколози неписмени ќе ни кажуваат немој во стомак во рака маж ти нека те боцка… мизерии
     
    На Ani93, Cvetce_, wonder woman5 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    5.281
    матичниве се ненормални, мене мојата ми рече е добро де еднаш ко ниеднаш и не сакаше ништо да ме прати да испитам, среќа одма ја сменив. иначе и ја се крстам во клексаните
     
    На Ani93, fragaria и Baby warrior им се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас и ти сме класичен пример ;( затоа сега обврска ни е да едуцираме луѓе околу нас иако не сме медицински лица …. Ама сме жени што поминале низ претешки моменти и губење на дете на пола бременост. Уште па некоја ќе се дрзне да ми каже немој во стомак во рака боцкај … ај нека си гледаат работа … светов не знае што снимаат туторијали вели клиники она паметницата докторка од Скопје ќе исправа криви дрини :tmi:
     
    На wonder woman5 и fragaria им се допаѓа ова.
  7. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    А дали има разлика во ефикасност на лекот каде е боцнат? :worried:
    Леле луѓе да не беше форумов мислам дека многу потешко ќе дојдев до инфо за сѐ во текот на бременост...
    Искрено од срце ви сум
    пре благодарна што сте одвојувале време да напишете искуство и знаење кое сте го научиле по вашиот пат
    Верувајте дека сте помогнале на многу тука на форумов
    Да не прочитав дека има испитувања за генетски мутации на тромбофилија тука
    Немаше да знам ;(
    Плус ова сѐ со клексаните :whew:
    Сите доктори со својот став
    Да не знаеш на кој да се потпреш :@

    Дај боже да биде кај сите со лесно и сѐ најдобро:l:
     
    На Трагедијаупмм, Cvetce_, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Од др
    Од Др Јани ми е одобрено стомак и спојлер странично, од крај на 6ти почнав странично зошто мешето веќе стана поцврсто и пооптегнато па знаеше модрица да излезе. Во рака сама не можам да боцкам …
     
    На princess5 и fragaria им се допаѓа ова.
  9. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Мене од доктор ми е потврдено дека во стомак е најефикасно.
    И гинеколог и трансфузиолог во Германија.
    Ми рече можеш и во рака и нога но стомак е најдобро.
    Не за џабе и упатството е за стомак.
    Јас некогаш боцкам во рака колку да го одморам стомакот.
     
    На LaTama и fragaria им се допаѓа ова.
  10. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Извини кои мутации ги имаш?
     
  11. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Денес појдов приватно да испитам д-димери и не ми е јасно како може да се зголемени
    Беа 1090 (на почетокот од месецов пред да почнам со клексан)
    сега се 1220
    Нели треба да се намалуваат? Мислам сепак се можеби само 16тина дена поминати ама сепак
    А контрола имам тек на почетокот на мај крвна слика и плус на ехо
    Малку ме загрижува тоа што почна да ме боли десната нога и ми се направи лош филм дека нешто можеби не е во ред и затоа појдов приватно да испитам д-димери
    Не знам дали да чекам до мај или да се јавам да прашам барем на тел?
    Дали некоја има искуство со клексаните и резултатите од д-димери
     
  12. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Да, јас во првата бременост бев исто, и покрај примањето на по еден клексан дневно ми се зголемуваа и јас се плашев ама докторите ме уверуваа дека штом примам клексан не е страшно. Најмногу ми се покачија до околу 3600 во 8-9 месец.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот
    Мислев дека можеби погрешно нешто правам или да не е малку еден клексан
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Има многу тука кои и со терапија им се кревале д димерите.
    Не се плаши, не ти се многу високи.
    Си примаш терапија.
    Штом на ехо си е се во ред немаш гајле.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот
    Ќе почекам тогаш прегледи прво
    Ќе издржам две недели некако претпоставувам
    Па се надевам ќе каже докторката за дозата
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    23.723
    Пол:
    Женски
    Мене после 20 клексани, димерите од 1900 ми паднале на 1200. Ама времињата скратени уште, цело време ми се така.

    Чекам мислење од матичната и др од болницата дали да продолжам со боцкање поради лакуните на постелката. Од денеска 37 недела.

    IMG_20250423_145220.jpg
     
  17. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Пред пораѓај мислам дека им ги стопираат на сите
     
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    5.281
    ја се боцкав до последен ден
     
    На Cvetce_ и fragaria им се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    И дента кога се пораѓаше ?
    За ова ми е многу мисла, докторите викаат дека нема гајле само треба да се упатени за терапијата оти повеќе крв се губи.
    Оти нели ако си со спонтано породување не можиш да знајш кога ќе те фатат болки за пораѓај.
     
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    5.281
    Јани ми рече да се боцкам до последен ден, среда навечер ме примија, не се боцнав само тогаш, се породив четврток на пладне природно