Тоа ми беше зборот, 24 часа се прекинува клексанот пред породување. Ако случајно дојди до спонтано породување а веќе сум боцната се губи повеќе крв
Здраво на сите 25 недела сум, денес проверив рутински ддимери хемостаза, времињата ми се во ред, но ддимерите ми се 4880, веднаш почнав со клексан од 0.4. Ве молам за искуство и инфо дали може нешто да му наштети на бебето, до сега ги немам испитувано, уредна бременост...
Ќе се средат со терапијата без грижи. Можиш да испиташ и тромбофилија во бременост,ако имаш некои мутации кои најчесто сите ги имаме а не знаеме ќе пиеш и витаминска терапија метилирана фолна и б12
Дали некоја има искуство со тоа да и е мала доза 0.40 клексан еден во ден И како почувствувавте или како видел доктор дека треба повеќе? Веќе неколку дена ме боли десната нога и не ми помина, мислев можеби нешто истегнување Ама сега се мислам дали може треба поголема доза клексан терапија или можеби рано е да делува... Ќе одам секако од понеделник по доктори прегледи ама чисто ме интересираше ваши искуства
Каква врска има болка во десната нога со клексан. Ногата може да ве боли од еден куп други причини...
Па може да боли и од почеток на тромбоза Ме теши тоа што не е отечено Ама на десна страна имам веќе вена што се гледа така прилично повеќе И сега не знам дали може од тоа или можеби нешто сум истегнала Дали некоја можеби има искуство такво Секако мора доктор ова да го види ама после викенд ќе морам Фактички дали може некоја имала слична ситуација и треба поголема доза...
Сеа ми излезе не можам да ја гледам... ама нека стои тука може некому ќе му се најде а утре ќе ја отворам да ја гледам и јас.
Мислам дека би имала и др симптоми ако е тоа. Секако ништо неможе да се случи за толку кратко време ако после викенд одите на лекар. Стресот е најлош затоа смирено ќе биде се во ред мама ❣️
Помалце читај интернет и ќе ти помини Нозете болат од самата бременост, опушти се и пиј си магнезиум. Сигурно проверуваш д димери и хемостаза, ако има потреба ќе ти зголеми доктор терапија.
@wonder woman5 @Cvetce_ ви благодарам за одговорот Сигурно ќе помине Ама додека се случува е стресно малку Ќе се стрпам до преглед па се надевам ќе кажат докторите Фала ви за споделување искуство на сите
Еве блиската пријателка во Германија пак спонтан во 8ма недела, не ми кажала дека јас со моите маки и ми вика да ти кажам после три спонтани ( два во првите недели и еден во 4ти месец) и дале да испита и има мутации треба да прима клексани. Знаете колку пати и реков 3000 ден тест... два дена резултати кога доаѓаше овде. Несакаше да им се меша на докторите во Германија и рекле нормално било да има спонтан. Две години, три спонтани, мн нервози, разочарувања за една крвна анализа. И сега и го рекле тоа јас што и кажав. Клексан и прогестерон ваг. Ја молев да испита.. добро е и сега што знае да си истера една бременост.
Срце ми се кине кога ќе слушнам вака а пет пари е лекот колку болка за малку ефорт. Само да е силна и да застане цврсто на нозе за нов обид сега со клексани и прогестерон
Здраво Примам клексан поради високи ддимери, дали има потреба да испитувам и мутации? 25 недела, нормална бременост
Малку офф-топик но зависи во која лабораторија ви се правени Д-димерите. Јас работам во голема државна лабораторија и можам да ви кажам од искуство дека ретко која лабораторија дава 100% точен резултат а да не збориме за тие што имаат крш резултати. Најточни резултати од хемостаза има Институтот за трансфузиона медицина во Скопје кој што се бави со оваа проблематика и сите клиники се реферираат кон оваа институција за вакви анализи. Сите други лаборатории даваат нешто приближно до реалните вредности но никогаш не се знае колку се веродостојни. Исто како на пример за инфективните маркери (HIV , Хепатитите и сл.) ги нудат многу лаборатории но лабораториска потврда за 100% сигурност се врши во лабораториите на универзитетската клиника за инфективни болести бидејќи тие се референтна лабораторија за вирусологија.
Да добро е да се знае ова како инфо Така да не е оф топик Фала за одговорот Секако ќе проверам на трансфузиологија резултати ама тие се еднаш месечно, ова појдов порано приватно да ми се смири психа малку Баш ќе ви пишам какви биле
Жал ми е за другарка ти дај боже да си дочека ок бременост и бебе Епа тоа е тоа што го зборам и ја.. не е убаво до некаде што читаме сѐ и сешто ама па не можеш да се потпреш на тие теоретски докторски протоколи само... А ете ќе си рече човек странство се поедуцирани, повеќе модерна опрема, технологија, Ама на крај сепак се сведува тоа дека мора секој сам да се ангажира и да му ја мисли да истражува и сл.оти доаѓа до вакви немили настани И кога ја сум досадна и препрашувам на пример кај матичен гинеколог, ми се префрлува оти прашувам, паничам, не знам што... А ако не прашам навистина често се случува да не памтат или да не приметат некој резултат (оти нормално и ги разбирам имаат гужва многу работи и сл.) и после е да и ова требаше да го земеш ќе каже Така да колку и погрешно да изгледа подобро да сум досадната паничарка од колку да има несакани ефекти не дај боже
Не би требало да Мора да правиш дополнително испитувања ако се е во ред со постелката и бебето на ехо Плус веќе си покриена со терапија Но сепак докторот ќе ти каже најсигурно