Дали е можно поради клексан да се намали многу железото и хемоглобинот. Јас се боцкам од позитивен тест до денес 12 недели, и правев испитувања хемоглобимот 10, резерви на железото 9. Инаку поместени вредности и ми препорачуваат да продолжам со клексан. Дали клексанот ја разредува многу крвта и поради тоа доаѓа до намалување или можеби е и од самата бременост? Какви искуства имате?
Хемоглобинот и железото се намалуваат како прогресира бременоста, јас се боцкам од позитивен тест, моментално 8ми месец сум контролна крвна слика секој месец засега се држам некако малце над гранични вредности ама со доста месо и цвекло. Не би рекла дека клексанот влијае на ова туку бебето влече, особено после 7ми месец
Значи кај мене толку рано штом е алармантно, понатака уште повеќе ќе биде. И јас секој ден правам смути со цвекло, морков, лимон, ама очигледно малку е. Незнам што друго на природна база дали смее семе од коприва. Иако ми се препишани и суплементи.
Не е баш толку рано. Малото си расте и си користи тоа што му треба. Не е од клексаните. И кај мене отприлика тој период почнаа хемоглобинот и еритроцитите да опаѓаат, па ми дадоа хеферол. Со клексани се боцкам 3 недели пред трансфер и се беше во ред со крвната слика на почеток.
Не би требало да е од клексаните Ама само со природни работи не може многу да се качи Мене на почетокот од бременоста ми беше 3ка негде па се качи на 8 па 16 па 18 ама со суплементи покрај тоа што почнав да каснувам месо (оти претходно не јадев) и цвекло Мислам дека ќе мораш барем некој период суплементи за железо плус ц витамин 1000
И јас бев со таа мисла и прашав доктори сите ми рекоја дека нема врска клексанот со железото. На сите ни паѓа железо во бременост, скоро сите сме со суплементи за да одржуваме колку толку да не е многу под граница. Е сега мене ми беше дилемата затоа што на терапија со клексани се избегнува храна богата со железо оти контра ефекти има ама и тоа прашав и за тоа ми рекоа дека можам да конзумирам суплементи за железо и храна која содржи повеќе железо
Ова сакав да прашам јас сум на аспирин засега ,треба да проверам д димер за 2 недели. И прочитав во упатството да не се прима со суплементи за железо... а пиев и од претходно сеа страв ми е да пијам
И јас пијам Аспирин цела бременост на два дена, хемостаза и д димери ми се супер досега. Нема друго решение освен суплементи за железо ако паѓа, го прашав Јани ми рече можи суплементи за железо.
И аспирин пиеш и клексан боцкаш ? Ич не разбрав јас со ова д димериве ни кога клексан ни кога аспирин ,веќе премногу ми е нервоза ми ствара...
Да, од позитивен тест и клексан и Аспирин на два дена. Поради генетски мутации, плус сум со два абортуси во рани недели, пред да испитам тромбофилија. Аспиринот до 30 недела и го прекинувам а клексан ке си се боцкам до последно Аспиринот е за подобра циркулација ама клексанот има подруго дејство, да се избегни згрутчување на крвта во случај ако д димери се многу високи и времињата се скратени.
Јас сите што ги консултирав ми кажаа дека аспиринот е лош. Мене гинекологот ми рече аспирин наместо клексан, но дриги ми рекоа дека клексан е мн подобар и без нус појави, додека аспиринот не.
Јас почнав со суплементи за железо уште пред да почнам со клексан, така да мислам дека падот на вредностите е од самата бременост, кај мене месо цвекло и семе од коприва само не помогнаа, мораше суплементи
Епа на д димер 1852 ми даде аспирин од 100 секој ден. И за две недели да испитам пак ако продолжиле да се качуваат да почнам со клексани 32 недела бев тогаш следната треба да ги испитам...
Кој ти рекол така ? Мене од Јани ми е препишана терапијата а од него подобар нема за тие работи. Докторите тука само ми потврдија за аспиринот Аспирин во мала доза плус клексан низ студии се покажало како многу добра терапија.
Слободан од Ремедика, матичниот гинеколог, трансфузиолог. Но кај мене само клексан примам споредбата беше во однос ма тоа дека е подобро клексан наместо аспирин. А доколку се примаат двете тоа е друго сигурно има потреба од таква комбинација.
Еве го целосниот извештај. Немам испитувано ама првото ми се роди 37 ма нед и го водеа како предвреме ист случај беше аспирин пиев покачени беа ама не се сеќавам колку.
Да тоа е веќе друг муабет. Се зависи од пациентот, јас сум со два абортуси во рана недела, плус сум со паи хомозигот. Сега сум 26 недела, супер сум засега, секој месец хемостаза и д димери проверувам, резулатите се супер. До 30 недела сум со Аспирин после прекинувам
Можиш да си провериш и во бременост, не се плаќа ништо на државна. Јас сум со терапија оти имам неколку фактори мутирани и со историја на абортуси.