За трансфузиона ноември потрошени се веќе, а за декември ги пуштија пред неколку дена веќе се скоро потрошени. Ама има уште.
Си пишува на отпусното писмо дали треба да прима и кога да направи контролни испитувања. Јас во бременоста не примав клексани, ама после породување примив пет во болница, уште пет дома, па направив контрола. Излезе дека морам уште десетина да примам. После тоа пак требаше контрола, ама не стигнав да направам. Приватно правев, во Хемолаб, оти на клиника нема термини, а со бебе не можев баш да чекам.
Јас до вторник со клексани и готово. На контрола сум на трансфузиологија, ама гинекологот вика доста беше и да и пренесам така на докторката од трансфузиологија.
А што би требало да значи ако се намалуваат тромбоцитите? Трансфузиологот ми рече не е проблем сега за сега, ама ако се намалат премногу тогаш ќе треба клексан. Нели клексан би требало ако се зголемини? И што влијае на нив, може ли некако да се реагира, да се спречи намалувањето
А зошто проверуваше? Нели имаш контрола во декември? Јас од контрола на контрола проверувам - измеѓу не.
Моите д-димери од енормни 4.400 за 2 недели со Фраксипарин се намалени на 3.400. Трансфузиологот рече добро е, значи терапијата делува, па здравје за 3 недели пак контрола. Сепак сеуште ми се превисоки, рано е да се радувам. Се секирам дали ќе се нормализираат пред да се породам, ама ваљда ќе биде. Инаку @Minnie-e Клексан/Фраксипарин се дава ако ти се покачени д-димерите, не тромбоцитите (тие треба да се во нормала за да се почне со терапија). Знам дека ги следат тромбоцитите да не се намалат кога си под терапија со Клексан/Фраксипарин, што значи таквата терапија може да ги смали. Толку знам, повеќе не би можела да ти помогнам. Разговарај со докторот најдобро, тој најубаво ќе ти каже.
јас одам на контрола на 10 дена и сега за сега сум сеуште на клексани, ама гледам и во хемолаб и во градска референтните им се 0-500, а нели треба во 3то тромесечје до 1700 така нешто. Башка знаат која недела сум. Нема шанси да ги симнам до 500 до породување...
@Sexybaby86 која недела си?? Пиј многу течности и движи се @podravka супер ти се, ти паднале, уживај и чекај си го терминот во декември, но извести гинеколог При терапија и нејзино прекинување не се гледаат само димерите, туку и времињата, секако и ехото (бебето, постелка, доплер)..
Не е битно дали и колку ќе паднат, битно е да се следи будно ситуацијата, редовни контроли (гинеколог/трансфузиолог) и немај гајле
да ве прашам има ли тука некој што е во Германија, сте ги проверувале ли Д-димерите? Исто ли се вика тука? Јас сум 28 недела, досега никој ми нема спомнато. А имам (природно) понижени тромбоцити, секогаш ми се околу 110, но од друга страна имам варикоза и со тоа зголемен ризик за развој на тромбоза, па не знам какво влијание може да има на бременоста/породувањето/периодот после, и дали да се позамарам да проверам ако ми дадат.
Исто се вика d-dimere. Трета бременост ми е, не ми испитале. Можеби бидејќи немало индикации... Или евентуално заедно со сите други анализи да испитале, па да не ми кажале. На пример не знаев дека ми провериле тироида, ми беше соопштено само дека ми треба терапија. Па и ова, можеби провериле ама се да било ок и не ми соопштиле. Во секој случај прашај си го гинекологот и доколку не е дел од стандардните испитувања инсистирај.