Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Супер ти се
    Вообичаено кај повеќето се многу повеќе покачени во 6месец и времињата ти се ок
     
  2. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Кога се проверуваат д-димери? Матичната ја прашав пред некој месец ми рече во 28ма недела.
    Пред некој ден се јавив да прашам за скриен шеќер и д-димери да ми кажат кога се испитува таа сестрата тотално незаинтересирана, не ме ни дослуша што сакав точно да ја прашам, се изнервирав и го завршив разговорот.
    Ако е 28ма недела, дали тоа се однесува од 27+1 па се до 28+0, или од 28+0 до 28+6?
     
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Кога сакаш можиш да испиташ нема правила
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sparkle1985

    Sparkle1985 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Kaj mene se pogodi uste kaj 5 nedela da ispitam. Imav spontan i poradi toa imav upat za ispituvanje trombofilija ama uspat sum ostanala bremena. Taka da od togas nekade i sum so kleksan i kontroli na 2 meseci.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Имаат некое такво правило ако немаш индикатори некои, се прават во 28 Нед тоа значи 28+0.
    Тие што имаат генетски мутации на тромбофилија прават 1 во месец.
     
    На Puffy2019 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  6. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Супер, фала ти за појаснувањето. Таман ќе се вратам од одмор, ми олесни :D
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ѕвезда_23

    Ѕвезда_23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите :) имам испитано хемостаза со д-димери. Гинекологот не ги ни погледна само ме праша колку се д-димерите и поради мало покачување и лакуни на постелката ми рече да се боцкам со клексани. Веќе месец дена се боцкам, притоа ми рече нема потреба од одење кај трансфузиолог. Се повеќе читам за тромбофилија и мутации и ме фаќа страв бидејќи и бебчето касни малку во неделите.. Дали некоја знае кои вредности од хемостазата би укажале за тромбофилија или мутации? Ќе ги прикачам и резултатите.. Фала многу!
     

    Прикачени фајлови:

  8. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Мутации на тромбофилија се испитува посебно, еднаш ги испитуваш и тоа е тоа. Д-димери и хемостаза во бременост многу често се изместени вредностите, сама по себе не е доволно за терапија затоа се гледа ехо и постелката. Во твојот случај веќе те покриле со терапија.
    Инаку во твојот резултат од хемостаза се гледа дека времињата се многу скратени, исто е и кај мене и затоа примам клексан, а д-димери сами по себе ако не се абнормално покачени на пример над 2000-2500 не ги земаат како фактор.
    Примаш терапија тоа е најбитно, е сега за дозата претставувам ако требало ќе те прати матичниот кај трансфузиолог
     
    На jagoda777 и Ѕвезда_23 им се допаѓа ова.
  9. Ѕвезда_23

    Ѕвезда_23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на одговорот! Ниту ми спомна скратени времиња, ниту ги разгледа... Два пати ја прашав дали има потреба да одам кај трансфузиолог или да правам дополнителни испитувања, ми рече не.. Може ли да ми објасниш што претставуваат скратените времиња?
     
  10. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Веќе ти е даден клексан, така да покриена си со терапија.
    Не би требало да имаш проблеми и нека не те фати паниката.

    Генетски мутации на тромбофилија се испитува со посебен упат од матичен гинеколог, може да си прашаш, чисто за да си знаеш подобро и поточно,
    но секако веќе ти дале терапија не е страшно.
    Инаку мака мачиме сите за упат не даваат.

    Хемостаза апт на пример ти е скратено, што во бременост е нормална појава, се додека не е 20 и под не го сметаат ова за страшно но го следат ако е под границата на референтни вредности. Тие сите тромбински времиња значи дека побрзо коагулација настанува и не дај боже може да создаде тромбчиња, но има многу фактори за тоа не е само времињата.

    Исто се следи ехо вредности на плодот како напредува и постелката дали има промени.
    И на крајот и д-димери ако се премногу покачени
    И така даваат клексан.

    И на трансфузиологија да одиш пак прво клексан ќе ти дадат.
    Евентуално ако има потреба од дополнителни лекови или поголема доза матичниот гинеколог ќе те прати на консултации со трансфузиолог.
    Нареден преглед може да прашаш ама по претпоставка сигурно ќе види и знае. Или веќе проценил.

    Мене на пример не ми ни даде клексан првично никој, и тоа бев кај Др Јани на трансфузиологија како најдобар по препорака на матичниот гинеколог.
    после еден месец пак на преглед кај матичен гинеколог и фала богу ми рече според мене мораш клексан и така почнав со терапија и се смирив.

    Плус зависи која недела си и претходно какви ситуации си имала.
     
    Последна измена: 11 мај 2025
    На Ѕвезда_23, jagoda777 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  11. Ѕвезда_23

    Ѕвезда_23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу на деталниот одговор :inlove: Прва бременост ми е и воопшто не сум упатена.. Гинеколозиве ништо повеќе од боцкај се со клексан не ми кажале.. Јас сама читам зошто бебчето касни 2 и пол недели во раст и постелката е со лакуни, па гледам дали сама можам да дознаам нешто... инаку сум 34та недела бремена и веќе два месеци се боцкам со по еден клексан. Резултатите се од пред два месеци, од тогаш немам испитано зошто гинекологот ни рече нема потреба секако ќе примаш клексан ради ситуацијата... Но мутации тромбофилија никој не ми спомнал :(
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Можиш со упат од матичен гинеколог да испиташ ама таа е терапијата, клексан.
    Проверувај си секој месец д димери и хемостаза, ако има некои абнормални покачувања на д димери и скратени времиња ќе се консултираш со трансфузиолог
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Па добро ти супер си веќе 34та недела машала, ја сум поназад од тебе :rofl:
    Ама ќе биде

    Ќе си биде сѐ ок.
    Тебе уште малку и треба да ти го прекинат клексанот само тоа ќе ти каже доктор обавезно не на своја рака.

    Инаку треба еднаш месечно да се провери д-димери и хемостаза.
    И мене ми е прва бременост, исто многу работи не ми се јасни, ама ова ептен го пречитав оти ме имаше малку паника фатено оти докторот не ми даде клексан тогаш .

    Исто благодарение на членки тука многу ми имаше станато појасно
     
    На Ѕвезда_23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам пример: јас во време на Корона останувам бремена незнаејќи дека сум фаќам корона во изолација, пијам антибиотици... Помина де реков Боже зошто вака ми нема дојдено.. Правам тест бремена... Одам на матичен гинеколог ми вели не е во ред неправилно се развива подобро абортирај.. Станувам уплашена и летам низ врата несакајќи да е вистина.. Одам дома кафеав исцедок, вереникот ме зема за Нова Година поради бременост славиме дома... Јас болки кафеаво па црвено, не јадам не пијам нерви многу... После 10мин по полноќ одиме на Преглед во Плодност ме гледа на ехо ништо не ти е уживај .... Де враќаме дома во 02часот повторно на ехо во Плодност пак не е од вагина незнаеме што е ама еве ок е на ехо... ОК! Заспивам во 5часот... Утрото одиме на Државна за жал немаме веќе бебе ... Завршив на киретажа... Повторно по една година останувам се е во ред Докторот матичниот книшка ми издава мајчина во 6та недела пресреќна срце слушнато се.... Не поминуваат два дена пак кафеаво.. Се јавувам ставај Утрогестан.. Ок повторно една недела болки кафеаво ама ништо не ми е според доктори .. Му се јавувам на докторката што ме правеше киретажа и велам вака и вака иди рече во недела да те видам на раат... Одам вика два доктори за потврда нема срцева акција до вечерта на киретажа.. Ми спомена да си побарам испитувања за Тромбофилија одам кај матичен ништо не е пијај фолна и аспиринче чуда прави... Со напор го убедив да ми даде да одам во Скопје да испитам ми даде отидов.. Донесов резултат немаш ништо петка си пробувај аспиринче и фолна се ќе биди... По препорака на блиска одам кај Др. михајло во Државна гледа се ми вели дали воопшто ми кажал некој дека имам тромбофилија реков матичниот ми рече немам ништо.... И човекот го рече штом останам првата минута од кога ќе научам да го барам... Така направив истиот ден ставив Клексани другиот ден на преглед ми препиша 8 Фраксипирини многу рано беше 4+3 рече за две недели да слушнеме срце па ќе.следиме... Метилирина фолна и клексаните од почеток се надевам ќе успеам овој пат... Еве ме 10та недела... А ги губев најкасно до 8ма недела.. Еве тебе не ти споменале мене ми требаа куп мислења да откријам...
     
    На Cvetce_, Ѕвезда_23 и fragaria им се допаѓа ова.
  15. Ѕвезда_23

    Ѕвезда_23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Се треба сами да испитуваме и да дознаваме... јас искрварев во 12та недела обилно, не знаеа што ми е ме пуштија така дома да си одам.. и до ден денес не се знае што се случи, сега пак други проблеми. Се најубаво ти посакувам, се ќе биде добро овој пат ќе видиш! :inlove: Да пробаме колку можеме да сме попозитивни, друго ништо не можеме да направиме. И вака меѓусебно да си помагаме и информираме, зошто од докториве некогаш ништо...
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ѕвезда_23

    Ѕвезда_23 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да и јас за се од тука дознавам :rofl: Со лесно нека ти е до крај! :l:
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Знам затоа јас постојано прашувам можеби глупости ама понекогаш повеќе овде ќе ме упатат и смират ... Во Божји раце се ќе биде ок и јас да се израдувам
     
    На fragaria и Ѕвезда_23 им се допаѓа ова.
  18. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Дај боже сите да си дочекаме живи здрави бебиња и ние да останеме здрави.

    Не знам зошто имаат таков протокол, кај некои жени по два три спонтани додека да и дадат клексан. За еден клексан на ден да спаси некоја од траумите е толку е..ама јбг. Среќа што се имаме тука на форумов како дополнување и поддршка.
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Сум читала дека со Клексани скоро голем процент имале успешни бремености... И нормално се носеле со цела бременост... Јас се плашам да мрднам неубаво, се плашам да стојам на нозе, во комшии имам трудница 43 години по 18години пробување... Па ене ја вози, вади тутун, шета... Во одредени моменти од домашните срам ме фаќа што седам како паразит.. Ама си велам нека расти бебе па полека полека ќе си средувам... На два дпрата е куќата живеам до свекор свекрва и девер кој не е женет.. Од пусто срамота седам долу ради што ако сум горе нон-стоп се лути свекрва ми и напати во смисла што правиш, па нафурена како јас горе кузнај што правам.. Па ако зборам со некој лутење испаѓало како да сум бегала... Не знам веќе штп да мислам очигледно менталитетот е таков или јас многу попуштам ајде не ми направила лошо ако и побарам пари дава не е проблем за тоа и сум благодарна... Ама понекогаш многу се нервирам...
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    4.696
    Пол:
    Женски
    Кои се нормални вредности на д-димери во втор триместар? До колку се толерира?

    Од почеток сум со клексани (по еден од 0,4) и д-димерите по малку ми се покачуваат.
    Последно, во 21 недела се 1240 и треба да продолжам со по 1 клексан.
    Како ви се чини резултатов?