Девојки едно прашање Сите што се боцкате клексани Дали ви се има случено да потече крв кога ќе ја извадите иглата? Мене до сега ми се нема случено да потече крв или сосема минимално капка многу мала Сега за прв пат како ја извадив иглата бликна крв буквално, прекина за неколку секунди ама многу ме фати паника некако да не направив проблем некој ако појде лекот директно во крвен сад или можеби на вадење иглата погоди нешто па потекнува не знам По правило знам само дека не смее во мускул и во крвен сад и не смее да потече крв И сега освен што може да не се абсорбира правилно и доволно дали може има некоја друга штета или на бебето нешто? Не знам дали е ова многу крв? До сега било буквално точка ако имало Spoiler
Ништо нема да се случи, не се плаши, си погодила некоја површинска вена најверојатно. Кај се боцкаше?
Па малку ме фати паника И фала што пиша Се мислев да не треба да одам на Др? На рака т.с. под рамо Ама имам и претходно тука боцкано Еднаш на една рака, па на другата Баш вчера се пофалив како сум го фатила редот немам ни модрици ни крв баш супер си терав и денес ете Ко да се зареков
Сега некако ми е касно да и пишувам Ама се јавив кај една другарка што има работено сестра порано Ми рече дека се случува не е страшно единствено што може да не се абсорбира правилно лекот,(што еден ден не било страшно)ама не можело да има штета некоја друга Фала ти многу што пиша
Мене ми се има случено малце крв една точка и да не прекини, ама вака толку не. Не би требало да е проблем, зошто не боцкаш во стомак ? Најнафатно е и најдобро, јас сум 8 месец и во стомак си терам, на почеток ми се правеа малце модрици ама сега немам ништо.
Го фатив некако редот во рамо, немам модрици и ок беше. Не знам оти вака денес ми се случи А не боцкам во стомакот, оти така ми кажаа од старт навистина не знам зошто Вака местото не е отечено засега, ќе видам до утре. Намачкав хепатронбин и тоа е. Ќе прашам неделава на преглед кај матичен и онака ќе одам па ќе ви пишам. Дека не смее вака да бликне крв тоа дефинитивно знам, ама дали е нешто штетно не знам... Бидна
Породена сум пред 1 месец. Матичната докторка ми вика дека нормални биле овие д-димери после порагај и плус со дијабет и дека нема потреба од клексни. Дали да се консултирам со трансфузиолог?
Мислам дека ти се високи за месец дена породена провери со трансфузиолог.И кај мене не се симнува ама јас си примам терапија и кога не сум бремена.
Мене ме отпуштија со 2000 ддмери, и примав уште 10 дена. Бев кај Јани рече доволно е. Треба да направам една контрола сега Пројдоа два месеци дали се нормализирале скроз. Направи една консултација со Јани.
Девојки што мислите за ддимериве во 30+5 г.н? Од почетокот примам по еден клексан заради мутации и сега пак по еден ми продолжи.
Здраво, како сте? Денес правев анализа на ддимери. Бремена сум 31+5, докторот ми даде клексани од 0.4 по еден на ден 10 дена. Што мислите за резултативе? Дали се лоши?
За д-димери во таа недела мислам дека не е страшно а времињата се сосема ок Обично кај сите се скратени кај тебе не Тие се дури и побитни и затоа се следат Плус ете покриена си со терапија нема потреба од стрес
Освен ако протоците на ехо не налагаат, вака резултатите изгледаат ок за тие недели, до 2000 д димери се ок
Бремена сум 25 недела, ставам по 1 клексан и секој втор ден пијам аспирин од 100. Дали се многу покачени димерите? Во мај ми биле 1800, сега 3200. Јани е на одмор, не знам кога би се вратил и дали ќе ме прими ако отидам така, иначе имам закажано ама тек за крај на јули. Или дали знаете друг доктор што се разбира, може и на приватно било каде.