Трансфузиологот ми пишал 70клексани. Ама јас и ќе се породам и после да примам ќе ми останат зашто имав 30од претходно. Дали може да се рефундираат на пример половина од пропишаните зашто повеќе од пола нема да има простор да примам
Сите доктори на Трансфузиологија на клиника се разбираат. Кој и да одбереш, нема да згрешиш. Јас одам кај др. Елена Петковиќ, прекрасна докторка и ти ја препорачувам. Сум била и кај др. Анита Петковска, исто така прекрасна докторка. Сум била и кај др. Јани во првата бременост, но лично мене др. Петковиќ повеќе ми одговара.
Здраво, 32 недела сум д-димерите 3600 ми биле според резултатите вчерашни..матичниот ми е на одмор, без упат без ништо ме праќа утре на трансфузиологија да се консултирам Дали е страшно бидејќи немам искуство со покачени д-димери а втора бременост и дали воопшто би ме примил некој доктор така?
А шо го кошта една минута упат да ти дај ? Можиш да одиш на консултација ама без упат нема ни извештај ни терапија да добиеш и пак ќе треба назад да се враќаш
Па нема ли замена? Мора да има докторот замена или сестра.. само печат им треба ништо специјално за упат
Сигурно има замена, и мене така ми велеше матичниот и на крај ми изваде, џабе само шо ме измалтретира да одам до болница без упат, јас за извештај за клексани одев.
На ова жешко е срамота да малтретираат така без упат да одиш некаде од што се неодговорни а плус трудница..
Богами стварно е малтретирање на ова време, јест дека нешто демек се смени времево ама пак.. и онака скоро при крај сум баш ми е мака за без врска да се маткам И сестрата на одмор била и после тоа не ми ни крена пак … 20 не е блиску
Не знам дали може без упат да ти препише клексани само. А би требало да те прими, стварно не знам да не те излажам. Некако да пробаш да најдеш која и е замена бидејќи мораат да имаат замена законски
Без упат нема извештај, а без извештај не можи да рефундира. Јас некогаш се договарам во аптека, ми даваат клексани без фискална, и кога ќе им однесам извештај тогаш ми вадат фискална, матичниот ми ги заведува од датата според фискалната и извештајот и така се снаоѓам кога не можам упат да однесам.
Ќе те прими, незнам што направи ако сакаш може да ти пратам број на вибер мн пати сум му пишувала ми враќал.
Му пишав на вибер ама ми рече дека е на одмор и да побарам друг доктор. Бев на трансфузиологија и ми рекоа следнава недела пак да проверам димери и да побарам друг доктор па да видиме што ќе се прави