Без упат ни на консултација не ме примија.. но за среќа се снајдов од гинекологија ми пишаа упат ми искочија во пресрет па се вратив завршив работа… Времињата биле добри, нормално било и да се покачени со оглед на тоа што сум при крај скоро но сепак се покачени ми дадоа 10 дена клексани и после консултација со гинеколог и повторно да се проверат и упат од матичен за интернист поради отежнато дишење …
Здраво Ве молам за мислење на резултатот, што значи? 17 недела сум, со генетски мутации, примам клексани, метилирана фолна и метилиран б12 Д димерите и хемостазата се во ред, освен времињата кои се минимално скратени. Да напоменам и јас и сопругот сме рх +.
Крвна група ти проверија со него? Мене ми беше згрешена претходно.. на пин кога лежев испадна рх негатив дека сум па ајде во 31ва недела се боцкав инекција.
Здраво, сакам да се информирам за боцкањево со клексани, каде е најмалку болно, што ставате за модринкиве што се појавуваат, јас вчера прв пат примив клексан во рака и многу ме болеше и печеше. Имате ли некој полесен и понеболен начин за аплицирање. На мене ми е даден на 5ти ден од добиено, пред трансфер со замрзнат ембрион.
Мене во стомак најмалце ме боли и не ми се прават ептен модрици. Можеш хепатромбин маст да мачкаш и ставај ладни облоги.
Два прста околу папок не се појавуваат модрици, се подалеку од ова стално погодував крвни садови и лом бев со модрици. Го стискаш салцето со слободната рака пред да боцнеш.
Здраво, сакам да прашам што проверувавте за да ви дадат да се боцкате со клексани и колкава доза да примате, можеби д-дмери, тромбоцити?
Ќе земеш упат за димери и хемостаза и ќе одиш на трансфузиологија. Потоа ќе одиш кај некој доктор, најдобро кај Јани и ќе ти каже дали треба клексани.
Не се согласувам со тоа што само даваат боцкај се, јас имам направено испитувања на мутации на тромбофилија, и само поради тоа ми се дадени клексани, ама ќе одам ќе си направам и дополнителни испитувања.
Поради тие мутации јас два пати имав абортус во рана бременост. Со клексаните еве терам 38 недела и супер е се.
И јас имав два спонтани на почеток, затоа и дале клексан, ама ќе направам испитувања сепак на д-дмери и хемостаза па ќе видам, утре веќе сум на контрола за да се одреди дали и кога ќе се изврши трансфер на замрзнат ембрион.
Веќе имаш дадено терапија поради мутациите, значи дека треба да примаш терапија без оглед на д-димерите и факторите на хемостаза.
И јас имам три спонтани пред успешна бременост. Д д-димери и хемостаза секогаш ми биле супер ама сум примала клексани без разлика, од позитивен тест. Сега втора бременост терам исто со клексани од старт ради мутации.
Фала ви за информациите, добро е што ве има тука, од докторите секако нема многу објаснување. Имајте си лесна бременост и се да биде во ред.
Ми беа д димерите високи баш пишав и претходно и ми дадоа прво 10 дена клексани се боцкав до саботата, денес испитав се накачиле и покрај клексаните од 3600 на 4150 некако си се извадив од памет секако утре сум и на преглед и кај Симонида да видат како расте бебето и повторно треба на трансфузиологија Има некој искуство со нешто вака и дали е опасно?