Се испофалив толку од боцкање и денес 2800 д димерите Ќе видиме што ќе каже докторот после. Најмногу беа 1000ка до сега, а сега скокнале скоро *3! Тоа е.
Првпат ќе одам на трансфузиологија за мислење да земам (за да можам да рефундирам средства за фраксипаринот). Кажете ми, пошто претпоставувам земаат крв, дали само д-димери испитуваат, или и крвна слика комплет? Да знам дали да одам гладна или не. @kukla21 мене скоро 5.000 ми беа, сега ми се 4.000, така да ништо страшно, ќе си продолжиш со терапија уште малку, ти барем си при крај
Зашто ти ги прекинаа? Кукле мене Елена Петровиќ ми рече идеме до крај со Клексаните до породување и 2 недели сигурно по породување и тогашната контрола ќе каже што понатаму.А Д-Димери 610 ми беа и времињата ок беа...Пиши како што ти кажала Др.Елена
До денес се боцкав - значи бев покриена со терапија и денес требаше да е последна боцка - митко кажа доста било. Е арно ама резултатите не викаат така. Елена вика да се оди до крај со клексаните, ама да реши гинекологот сепак.
Милички утре идам на трансфузиологија да испитам д-димери и имунизација .Кажете ми дали да идам гладна или нема врска ?
Се боцкам од 5ти ден од трансфер дека сум со ивф...веќе 9 месеци секој ден се боцкам...имам спонтан зад себе во рана бременост,2 биохемиски бремености и мутации хетерозиготни (мутации од еден родител наследени)... И во 17-20та недела доплер на главна артериа до матка (артериа утерина) ми беше на висока граница а кон папчаник до бебе супер и за тоа да имам циркулација нормална....аааа и за 2 лакуни кои не растеа цела бременост...
Гинекологот вика доста се. Нема никакви индикации - протоци во ред, постелка уредна, нема знаци на презревање
и мене ми дуплираше доза, се согласи со трансфузиологот, ми рипнаа дупло д димерите иако сум уште под терапија. Ајде не е страшно при крај
Докторот вика очекувано е на крај. Се дур на ехо нема знаци дека нешто не е во ред да не се земаат д димерите како изолиран индикатор.
Милички ги ѕирнавте ли моите резултати дајте ми некое мислење повеќе почна да ми се лоши што се изнервирав ,докторката уште ја нема да ми одговори Да се едитирам : Докторката конечно ми пиша и кажа до 29 да сум чекала за да ги видиме и тие резултати како ќе испаднат и ако биле покачени повеќе д-димерите и тромбоцити гранични ќе ме ставете на терапија со клексани