Дали ти дадоа само клексани или и аспирин? Јас пиев секој втор ден аспирин ама сама си почнав секој ден да го пијам зашто не им е гајле на докториве и сега се намалија малку димерите од 3200 на 2800. И клексани ставам секој ден.
Немој на своја рака да земаш, ако доктор проценил дека треба на втор ден значи треба на втор ден Аспиринот можи крварење да ти предизвика ако е во поголема доза. Затоа и се прекинува во 30 недела најчесто. Клексаните не ги намалуваат д димерите туку помагаат да се спречат тромбови згрутчување на крвта и самите ќе си се намалат.
na koj del od teloto gi bockate kleksanite, dali moze od strana kaj predelot na butot na nogata ? i za mislenje dali e potrebno da se bara transfuziolog ili moze i ginekolog specijalist vo drzavna ?
Само клексани.. во вторник треба повторно да одам откако ми се покачија бидејќи за порано немаше термин да ми издадат упат.. па ќе видиме што ќе каже с во меѓувреме продолжив да се боцкам 0.4 еднаш на ден Е сега кога бев во Чаир докторот што ќе ме пораѓа ми рече кога ќе идам да сум побарала да ме прегледа а не само да ми препише според д-димерите и да се изјасни во извештајот.. Ме интересира некој дали знае како да ме прегледа трансфузиолог?
Обично прегледот е разговор. Те прашува како се чувствуваш, која недела си, што пиеш од терапија/суплементи, а потоа врз основа на резултатите од хемостаза и д-димери ја одредува терапијата. За друг преглед, не знам. Добро е да однесеш извештај од последен гинеколошки преглед. Се надевам докторот кој ти побарал преглед, ти издал и извештај.
Поискусни за овие теми, 32+4 сум, едново временце ми е намалено, другово мислам ок е. Мислење? Зошто не ми се оди до кај матичниот само да ги види резултативе.. ќе им ги пратам на вибер ама малку се скарани со тоа
Здраво,дали знаете до колку часот работат на шалтер за преземање резултати за димери и хемостаза во државна ?
Според неделите мислам дека е сосема ок Времињата мене на пример и покрај примање клексан ми било за цела бременост пониски од овие а сум ок не ми кажаа ништо Сепак кога ќе можеш да ги види доктор
Матичниот може да ги превземе и да ти ги прати, да не се мачиш да одиш на Трансфузиологија. Исто и преку МоеЗдравје апликацијата можеш сама да ги превземеш.
Здраво, имам едно прашање во врска со рефундацијата на клексани. Вака , имав клексани заклучно со 02.08(сабота), на 01.08 бев да ми препишат на ГАК , значи имам извештај од 01.08(петок) и тогаш и ги купив, се потврдата од кај матичната ќе биде со 03.08-.. Прашањето ми е дали ќе ми прават проблем во фондот ? До сега не ми се погодило вака да ми завршат за викенд. Дали има некој искуство?
Денес испитував д димери и хемостаза и димерите во 6–та недела и пет дена ми се 207.7 боцкам еднаш дневно клексан најчесто во стомак побезболно ми е.
Дали некоја знае : боцкам Fraxiparine во стомак 12та недела, ама веќе мешко си расте...дали е безбедно да продолжам да боцкам во стомак до крај на бременост? или во втор, трет триместар има други локации?
Безбедно е, рано ти е уште. Јас сум 32 недела и уште боцкам во стомак. Докторката трансфузиолог ми потврди дека можам. Сега на следната контрола, 33та недела ќе бидам, ми рече дека најверојатно ќе смениме во рака. А,во рака нема кој да ме боцка од сабајле, така што, изгледа до крај ќе си продолжам во стомак, некаде настрана за да не погодам некој капилар.
Јас сум 37 тек сега почнав во рака. Ми закажаа царски па заради тоа преместив локација да не се правам со хематоми. Мене многу поубаво ми е сама кога си се боцкам во стомакот. Многу повеќе ме боли друг кога ме боцка во рака
Една мала помош, ако боцкате во рака, нека ве боцкаат во задната страна на надлактицата, кај што е помеко, и со иглата странично наместена, на 45° не на право. Скоро и да не боли и не се осеќа ич. Модринки нема и во ред си е.