Здраво девојки, Да ве прашам, кога треба да се испитаат ддимери и хемостаза, во која недела? Дали има некакво правило дали треба на гладно, или нема везе? 22 недела сум јас, рано е или?
Не треба на гладно,јас имам тромбофилија и од страв ги испитувам и порано,препорака од Д-р е дека некаде после 24 недела.
Кога сакаш провери. Колку порано, тоа подобро. Таман ти е време да си закажеш термин кај трансфузиолог, околу 10ти во месецот пуштаат термини.
А зошто да закаже термин на трансфузиолог ако ддимери и времиња и се ок? За да ги види резултатите тој доктор? Јас не сум била на трансфузиолог до сега, ок ми биле резултатите, тоа и матичниот може да го каже, па да ти закаже на трансфузија ако има потреба.. Или мислиш ако има потреба дека сега се термините?
Најдобро е кај трансфузиолог, сепак тој е стручен за таа проблематика. Моите гинеколози и двајцата ме упатуваа најпрво на трансфузиолог, а потоа тие ги гледаа резултатите. Да, термините наскоро ќе ги пуштат.
Ништо не губиш ако ги испиташ порано. Јас од 28ма недела борба водам со ниски тромбоцити . Сега сум на Декортин и се покачуваат помалку.
Работат од 08:15 и докај 11 секогаш има гужва ама на шалтер. За боцкање е празно ама не можеш да стигнеш до таму. Гужва е за прегледи. Оди после пауза околу 12 би требало да се растерети. Боцкаат до 2 мислам пипуваше.
28 гн сум. Правев ддимер ми излегоа 720 ама активирано парцијално ми е 22,4. Упат за на трансфузиологија имам тек за петок ме фаќа паника да не е многу страшно ова? Има ли некоја со слично искуство?
можеш со истиот упат во градска да отидеш, никогаш нема никој, до 11 боцкаат, тука од страна има посебен влез. јас цела бременост таму одев
Може мислење за резултативе ? 39+5 сум денес , од 23 август не примам клексани , сега испитав самоиницијативно
Околу 2600 ми беа , ми ги прекинаа бидејќи имав болка за после да се констатира дека е напад на бубрег , бев на дежурно на ГАК и Димитровски рече да не примам веќе , тогаш 38 ја почнав, изгледа мислеа ќе биде за скоро , а искрено и јас така мислев
Консултирај трансфузиолог. Иако си веќе при крај, и мислам дека нема причина за страв и паника, доколку си во можност, добро е да прашаш лекар за резултативе.