Да супер се, аптт е очекувано намалено во бременост и низок хематокрит индицира блага анемија која исто така е нормална, ако ти е многу намален хемоглобинот и железото а влегуваш во трет триместар добро е да почнеш нешто суплементација, консултирај матичен. Д-димерите соодветни за неделата.
Да се молиме и нршто од тоа да ни вратат ептен многу пари се. За цел месец 7500 ако се боцкаш еднаш ама ако се боцкаш 2 пати ужас 15000. Така да боље нешто отколку ништо, тоа е мора да чекаме.
Кај мене 29та се 2000 ми викаат добра е сликата не треба терапија. Ама валда и други параметри се гледаат.
Мене ми кажаа дека е нормално како што се наближува пораѓајот да се зголемуваат ддимери ама не у смисла 4000 да станат. За терапија се гледа тромбофикија, мутации, дали бебето заостанува со денови...
А колку ти е активно парцијално време? Мене во 27ма недела ддимерите ми се 1500 ама примам клексани оти активно парцијално време ми е малку скратено. Обично активно парцијално време се зголемува/намалува обратно пропорционално со ддимерите.
24,8 а од 25 и нешто гледам р референтна вредност. Докторкава вика ок е не ми дава се уште клексани. Имам лакуни на постелка и се испитувам секои 2 нед
На трансфузиологија испитуваш? Оти таму референтни се од 27.9 Зависи од доктор изгледа, мене ми рече дека ми се гранични вредности и превентивно ми даде клексани.
Да грешка пишав горе 25 , на трансфузиологија. Кај мене мерат плодова вода на 2 недели и ддимери валда повеќе фактори се во игра за да се дадат клексани.
И активирано парцијално ми е малце скратено 26,2 ама матичнава моја вика додека не падне под 25 не давале терапија. Со првото примав фраксипарин ради постелката па на крај се роди и со помала тежина.
Пишав погоре кај мене е веќе под 24. Вака добро напредува бебето по неделите не заостанува, ќе видиме баш до кога ќе ме држат без терапија
Женски каде ви даваат извештај за рефундација на клексани? Мене матичната ми препиша но ми рече ако сакам рефундација ќе ми треба извештај од секундарно здравство. А според неа на клиника не би ми дале извештај со овие резултати, да одам во Чаир. Ддимерите ми се 1490 а активно парцијално 24.7 во 27ма недела. Други индикации за клексани нема. Се надевав дека ке ги примам кратко па до сега не ги рефундирав ама матичната смета дека со овие резултати пожелно е да продолжам со клексани па ако можам ќе гледам да рефундирам. За со рецепт уште не е можно мислам...
А зошто ти го дала без други индикации? Онака ме интересира за споредба, јас со повисоки ддимери во истата недела и истл време + лакуни на постелка не примам клексани се уште. Не ми е јасно матичниве како даваат терапии или не даваат..
Нејзиниот став е дека имам уште доста време од бременоста и подобро да се спречи одколку да се лечи. Протоци и се друго на ехо изгледа добро. Пребарував во темиве и гледам дека и други членки примале клексани со активно парцијално околу 24. Нека сподели некој ако има посвежо искуство.