Бидејки си второ тромесечје мислам дека се превисоки Д-Димери а и во Хемостазата има разлики...Само не си го стресирај организмот бебушне го сака тоа сега...Но јас сум скоро цела бременост со до 650 ддимерии највеќе качени и сеуште примам клексан но се е индивидуално... А кој други резултати ги чекаш? Што испитуваше?
Неможам да ти пишал лп. Зашто те прати Сузана да испиташ, дали е се во ред со протици, постелка, раст на бебе? Зошто и мене тромбоцитите ми беа гранични ,а и ддимерите се покачени (добро јас и ради мутации се боцкав). А на наодот ти пишува хиперкоагулабилна состојба ( што значи би требало терапија). Да се консултираш уште со некој? Сузана пример и мене ми е матична и за овие работи нејќеше да даде мислење викаше трансфузиолог тоа. Секако, не ни планирав неа да ја слушам. Инаку, не ми се јасни трансфузиолозиве. Мојата си даваше терапија на секој наод. Трансфузиолог дава терапија, затоа и таму си пратен! Тогаш зошто примаат трудници, заврши го прегледот до крај мајката! Мојата си бараше сликичка од последно ехо и спрема рез. ми дава терапија. Кога беше на одмор, една замена ми искоментира-абе шо баратетрудни тука, идете кај гинеколог Бог да чува. Инаку , вчера и мајка ми била кај овој трансфузиолог. Си дојде изнервирана место во 10 ја викнала во 1ипол и никакво внимание.
Снеже бременоста воопшто е хиперкоагулабилна состојба. Дури и кога сите резултати се во ред, го пишуваат тоа. Но, како што ти кажа Ели, трансфузиологот (барем јас одам кај Елена) секогаш бара да види извештај од гинекологот. Мене дд ми се ок. Едно од времињата 2 сек пократко. Но, имам 2 лакуни. Елена ми пишува терапија, и секогаш вика гинеколог да ја потврди, зависно од тоа што го гледа на ехо. Гинекологот едвај чека, одма ми потврдува за клексаните. но, подобро така. Протоците се ок. Значи, многу е битно што гледа гинекологот. Дури и двајца нека потврдат.
Рутински ме испрати , бебето одлично напредува според неделите е супер исто на скрининг прегледи се беше ок , @eli25 чекам истово ова како ќе испадне на 29 ноември , ќе испитам пак за сигорно да бидеме да не биде боцкање за џабе (што воопшто не сакам траума имам) и со мајкати можеби сум си муабетелатака Стоев со една женичка што чекаше од 10 и нешто како мене , немав ништо чудно на прегледи кај Сузана ,ниту имам болки или нешто слично , само нормално грчење во матка што на трансфузиологија кажаа дека е ок и дека нема врска тоа со димери или хемостаза , а пред ова да испитам проверував крв детална слика буквално се беше супер немаше ништо покачено или снижено ,дури и железото ми беше одлично , некако ич не ми се верни овие испитувања овде во државна , пусто не сум во можност приватно да испитам сега ,ама скрининг 2 дефинитивно ќе закажам во Жан Митрев Клиник барем знам со внимание и детално ќе ми прегледат бебенце , кај Сузе се супер се гледа освен хематоми два што стојат иста големина блиско цервиксот , постелката беше супер
Снеже, сите одиме на трансфузиологија и ако некоја државна институција важи дека има добри и валидни резултати, тоа е оваа. Тоа што не ти се допаѓаат резултатите не е причина да кажуваш дека не се точни. Цела бременост, јас, @eli25 и други феминки одиме таму и добиваме соодветна грижа/терапија. Д димери не влијаат на твојата општа здравствена состојба, туку како циркулира крвта, а со тоа како храната стихнува до бебето. Резултатите се читаат заедно со наод од ехо. Тебе ти се покачени д димерите и со тоа не значи дека нешто страшно ќе се случи, туку само да се внимава и да се следи состојбата од гинеколог и трансфузиолог.
Btw јас бев и во Хемолаб и на Трансфузија во државна, резултатите се исти. Да нема грижи дека на државно се прават. Плус, имаат и ист директор.
за бебетода, треба бо комбинацијоа да, ондак тромбози, емболизам и остало) Иначе ќе продолжиш со боцкање или толку? уште да де надоврзам на кукле, д димерите се битни за мајката и за наредните неколку недели после породување, треба да се средат на време зашто не прикажуваат само зголемен ризик кај плодот туку и зголемен ризик за белодробна емболија и останати слични болести така да боцкајте се и уживајте, не штетат ни на бебето ни на вас.
Не кажав дека не се валидни ама докторката така кажа да не избрзаме и да сме ги чекале резултатите на 29 ноември за исто ова како ќе испаднат и ако и тогаш испаднат вака или повеќе покачени и снижени тромбоцити ќе ме стават на терапија , секако дека бебето ми е нај битно и траума ќе заборавам . Јас ако чекав толку многу вчера ама добив и објаснување и внимание , буквално се , ќе видиме на 29 како ќе испаднат резултатите па здравје , бебето супер се развива сега за сега па затоа ме замислија резултатите ама секако не мислам дека е лага .
Не сум компетентна да кажувам но знам дека со волку високи д-димери обавезно одма се дава терапија незафисно што бебето се развива супер. Како може докторката да каже да почекаме до 29 неми се верни резлутатите а цела македонија таму испитува. За ваква работа на матичен не се ослонува.
^ Затоа и се нервирам и си плачев пола ноќ , не знам на кој да верувам , докторката кажа не можела клексани да ми даде без назначено од трансфузиолог и затоа ќе сме чекале до следните резултати на 29 .
Еве јас ќе појаснам. Високи Д-димери претставуваат ризик и за мајката дури и по породувањето. Означуваат можност за згрутчување на крвта премногу и неконтролирано. Ако крвта се згрутчува неконтролирано посоти ризик од настанување на тромбови во крвта кои запушуваат крвни садови. Тоа може да биде многу опасно. Ако тромбот настане или се откачи и отиде до срце, мозок, бели дробови и слично може да загрози и живот. Конкретно јас примав клексани до месец дена после породување зашто имав високи д-димери и ниски времиња на коагулација. Мајка ми добила тромбоза после породување со мене и преветнивно јас си примав клексани од 13 недела во бременост до месец дена после породување додека не се стабилизира состојбата. Бебето цело време беше супер, немаше индикација никаква гинеколошка. Пишував и претходно за тоа дека контролите на трансфузиологија се битни за мајката не само за бебето. Има случаи и на починати родилки кај нас од тормбови заради ненавремени контроли. Затоа и еден преглед на трансфузиологија е пожелен.
Како пишувате, човек од памет ќе го извадите. Не ме следиш, цело време одам на трансфузиологија и сум под надзор. Имам примено преку 250 клексани и многу добро знам што значи покачен д димер и хемостаза. Само покачени д димери не се индикација за ништо. Д димери нормално е да се покачат бидејќи бременоста е хиперкоагулабилна состојба сама по себе. Моите вредности од хемостаза иако цело време беа абнормални, за чудо овој пат беа нормализирани. Клексан од 0,4 е само профилакса, а не сериозна терапија. Во странатво не ни мерат д димери, хемостази и сл. Кај нас секоја 2ра боцка клексан. И пак нашето здравство покажува катастрофални резултати со фатални последици.
сум почнала да пишувам пред некој ден ама не сум постирала и пошто го памти текстот, се надоврзал новиот текст на него. Иначе го мислев тоа што joyjoy подетално го објасни. Не беше моето мислење упатено кон тебе, туку се надоврзав да појаснам за сите оние што се двоумат дали да примаат клексан или не. Не знам зошто го сваќате трагично и застрашувачки објаснението за тоа што може да се случи со мајката, а не и сите работи што ги пишуваат за лакуни, недоразвиени бебчиња на форумов. Сериозноста е иста, и за плодот и за мајката. Нема ништо лошо во информираноста.
Драги феминки, Ова се моите резултати и наоди од испитувањата за Д-димери и скрининг на хемостаза. Бидејќи не сум многу запознаена со овие состојби и испитувања (иако овие два дена читам на се што ќе наидам), ве молам за ваши мислења/искуства. Инаку сум 31+5 недела и утре сум кај матичен за да ги види резултатите, резултатите ги правев рутински без индикации, а бебчето добро напредува.
Од денес ќе си се дружам со по 2 Клексани Цела бременост до 650 беа а вчера 1154 па една недела со по 2 на ден а до крај на бременост по 1 и по порагај уште 2недели. Синко многу малче качил за 2 недели само 218гр. пред 2 недели беше 2566гр.а вчера 2784гр.а сум 37+3 а тој назад е само 4 дена. А протоци во ред и плодова вода,постелка уредно се.На 29.11 сум на цтг и ехо па ќе видиме како напредува... Раат да не е човек но само жив здрав нека е
А времињата од хемостаза како ти се? Вака д димњрите не се посебно високи за 3то тромесечие. Може и дека бебе малку ставило. Моето беше 3200 37+1. Јес да мерките не се многу меродавни. Многу пати се докажало тоа.
И тие се шашави кое намалено малче кое покаченко малце па кај Елена вчера бев и кажав баш и истиот ден бев на ехо и цтг и рече ќе видиме како е па ке покачиме плус уште еден клексан и така искочи...таман една недела по 2х1 клексан и на ехо и цтг сум пак...може затоа и синко качил помалце а и што викаш мерките не секогаш се меродавни....Живи здрави да ги донесеме само на свет молам Бога