Дали може да споделите линк од барањето за рефундација од Фондот? На интернет ми излегуваат 2 формулари, не знам кој е официјален.
Здраво, кои трансфузиолози гледаат сега трудници? Пред 6 години одев кај Русе ама во пензија заминал.
Рефундација за клексани Здраво би сакала да прашам доколку некој има информација . Јас имам извештај од ГАК за 30 клексани до 23.04. но, на 20.04 сум на преглед кај Др.Јани трансфузиологија. Прашањето ми е доколку докторот на 20.04 ми напише клексани а јас имам извештај до 23.04 дали ќе биде валиден за да направам рефундација на клексани или ќе морам на 24.04 да одам на ГАК за нов извештај. Ви благодарам
Ке си поднесеш за рефундација со извештајот до 24.04.За новиот извештај од 20.04 е валиден само треба да ти бидат клексаните купени со датум од 20.04 што се за тој извештај.
Дали за рефундирање на клексани ги пополнувате сами сметкопотврдите или празни ги оставате? Во аптека само печат на нив ставаат, инаку се празни.
Искрено незнам како може празна сметкопотврда да ви издадат, на што би ви ставиле печат, празен лист? Јас од зегин ги земам, аптекарката секогаш прашува дали ми треба сметкопотврда и ми ја куца како што треба. Мислам до 12-1 најкасно, затоа што во 2 веќе ги издаваат резултатите.
Купувај си од зегин секогаш даваат испечатена ф-ра и потврда Ми се има случено во други аптеки да пишуваат и рачно ама секогаш пишувало што и колку се купува.
Да празни се само со печат ама фискалната сметка е прикачена на самата сметкопотврда.До сега поднесено неколку пати за рефундација не правеле проблем.Важно е да има печат.
имал некој проблем со преземање резултати од мое здравје апликацијата? Сабајле околу 9 се боцнав уште нема резултати.
Здраво За колку време ги враќаат средствата за клексани ? Јас примав од 23.02 до 24.03 на 25.03 поднесов за рефундација но сеуште нема ништо.