Здраво јас сум 25 недела и д димерите ми се 2400 ; матичната вели дека е многу... И сега бидејќи планирам да се пораѓам во Чаир дали може таму да одам поради покачени д димери ??? Дали некој досега бил во Чаир за да му препишат клексани или не???
Минатата бременост јас испитував секој месец ама зошто одев на Гак за извештај и ми бараа, сега оваа бременост др Јани ми препишува по 2 3 месеци клексани и дента кај него на преглед испитувам д димери. Ако ти се накачуваат подобро следи си ги секој месец, мене до сега ми се во ред.
Ако има трансфузиолог во Чаир, тогаш оди таму. Но, најдобро е да одиш на клиника. Ако нема термини, ќе земеш приоритетен или итен упат.
Здраво, првиот извештај за Клексан ми е на 24.04, а вториов на 18.05. Дали ќе биде проблем за рефундирање?
Не, ама брои си ги деновите согласно препишаната доза (ако ти препишале 30 инекции значи 30 дена) од првиот извештај односно од првиот ден кога ти се купени (датумот од фискалната) за да може матичниот да ти пише потврда дека се сите примени.
Дали до сега на некој од вас на извештајот му пишале дека треба да се боцкаат со два клексани, а се боцкале со еден? За рефундација ме интересира, дали би поминала. На извештајот пишува 2х.04 за 60 дена ама ја се боцкам само со еден и не знам потврдава од матичната како да биде пишана.
Здраво девојки, прва бременост 23 недела - матичната ме упати да испитам д-димери и хемостаза, но не потенцираше што точно... Во Авицена ми нудат да исптам цел пакет (PT/INR, aPTT, ТТ тромбинско време и фибриноген) а во Синлаб кога прашав за хемостаза во бременост ми рекоа се испитува само PT/INR. Разликата во цената е огромна, па ме интересира дали се сеќавате што точно испитувавте како дел од хемостаза точно? Извинете ако прашањево не е за тука, прв пат испитувам и д-димери и хемостаза, па ми треба совет и насока.
Сега проверив на клиника кои параметри ги испитуваат на резултатите, ги има Протромбинско време, активно парцијално време, тромбинско време, број на крвни зрнца и хематокрит за Хемостаза. Д-Димери и крвна слика со бели и црвени крвни зрнца.
Ти треба само ддимери со хемостаза.Јас правев секој 2 недели дека сум со генетски мутации Правев Биотек или Систина цената е 2500ден. Момеш и на клиника шоевтино со упат од матичен гинеколог.
Јас правам секој месец на клиника со упат од матичен. Јас би ти прерочала да одиш горе, за нас е бесплатно а за гужва ќе си одите после 10 часот кога е малце расчистено. Резултати праќаат после 13 часот истиот ден.
Фала ти многу. На која клиника се испитуваат д-димери и хемостаза? И дали е со 1 вадење крв? И дали треба да си гладна или не? Те нападнав со прашања, се извинувам
Државна, на Хематологија. Не мора да си гладна, со едно вадење крв е, околу 2 епрувети беа мислам, не ми текнува точно колку.
На трансфузиологија се испитува. Подобро ти е таму да испиташ. Ем без пари, ем најверодостојни. Само упат мора да имаш од матичната.
Здраво. Поднесов барање за поврат за 80 клексани во април. Дали некој има поднесено барање скоро за поголема количина и со повеќе извештаи и му имаат веќе исплатено на сметка? Не знам дали воопшто има врска колку се на број вкупно или не.
Фала ви многу на сите за одговорите, златни сте! Јас мислев да ги правам приватно, но ќе ме фати повеќе од 50€, така што ќе си побарам упат за на државна