Здраво на сите, моментално сум 27+1 г.н. и денес испитував на трансфузиологија хемостаза и д-димери. Малку се загрижив од резултатите, првпат ги проверувам во бременост. Утре секако планирам да одам кај матичната и да се консултирам, но пуста мисла не ми дава мир дотогаш. Инаку немам никакви симптоми од тоа што се наведува, затоа и не знам веќе што да очекувам. Какви се вашите искуства?
Здраво, денес од Фонд ми префрлија 2000 денари за 114 клексани. Дали исплаќаат на неколку пати или некоја грешка направиле?
Извештај од специјалистот кај што стои дека треба да примаш, сметкопотврди со фискални за купени клексани, потврда од матичен за аплицирање, копија од трансакциска и барање за рефундација. Го има таму , а и од страната може да се симне.
Здраво девојки ,едно прашање 8 недела сум заради тромбофилија треба да почнам да се боцкам со клексани. Прашањето ми е колку проценти фондот врши рефундација месечно? и колку е цената на една инекција? Благодарам
Враќаат по 160 ден од инекција, а ги купуваме по 250 ден во аптека. За рефундација мораш да имаш извештај од доктор специјалист од гак или трансфузиологија, не прифаќаат од приватни клиники.
Благодарам. А кои се условите освен извештај? Дали треба секојдневно јавување во Брза помош и што ако не сум во Македонија неколку дена?
Откако ќе добиеш извештај од специјалист во зависност од тоа колку ќе ти препишат ( на пр.мене ми дава извештај за 30 инекции) од тој датум купуваш, можеш сите наеднаш или по кутија и задолжително во аптека бараш сметкопотврда. Откако ќе ги примиш сите инекции што ти се препишани на тој извештај одиш кај матичен гин. да ти даде потврда дека си ги примила. Значи ти треба извештај, потврда и сметките заедно со едно барање од фондот ( го има на нет или директ на шалтер даваат таму) и копија од трс. сметка. Ако ти даваат на месечно ниво извештаии, секој месец ти е иста процедура со документацијата ја собираш и носиш во фонд. Немаш потреба од јавување нигде, секако сама ги аплицираш инекциите.
За извештај за клексани од Соба 36, колку стари може да бидат резултатите од д-димерите? Може да бидат 8 дена стари, зошто одиме на одмор немам кога да ги направам ден за ден. Досега што одев беа ептен нови резултати ден-два стари.
Сега за сега е таа цена, кутија од 10 за 2500 ден. Јас до сега за рефундација од 30 инекции чекам по месец ипол.. не знам како било претходно, ова кажувам од март наваму