Имам извештај со препишани 90 клексани. До сега имам примено скоро 30. Гледам повеќето прават рефундација на месец дена. Дали морам сите да ги примам, па да рефундирам? Или може да го поделам некако? На крај на месец сум на контрола, па може и нов извештај да побарам? Имал ли некој слично искуство? Исто, може безвеза прашање, ама каде ги фрлате клексаните? Во никој случај не сакам во ѓубре и до сега сите ги чувам и не знам кај да ги отстранам.
Имам прашање во врска со боцкањето.. како најлесно да научам начин за боцкање бидејќи треба сама да се боцкам..
мора сите да ги примаш па потоа да поднесеш документи за рефундација,не ги делат..колку се напишани на извештај толку се примат
Здраво девојки. Вака, 15 недела бремена,неделата попладне многу малку ми отече вена на стапалото и беше пропратено со болки при движење. Во понеделникот,бидејќи сум од мал град, немаше испитување за доплер на вени,па ми препорачаа д-димери да проверам, дека и тие ќе покажат. Резултатот беше во нормални вредности. Болката ја снема,и денеска пак се појави. Дали има простор за паника,т.е дали да закажувам за доплер во друг град,или со д-димерите колку толку би се знаело?
Дали ви се случило да ви паднат ддимерите од клексанот? Со првата бременост ми растеа и покрај клексанот, сега ми паднаа од 967 на 560..ме фати страв да не се случило нешто со бебето.
Па клексаните се за таа намена. Да ги контролираат дидимерите. Ништо не може да му се случи на бебето, одлични ти се ддимерите. Проблем е ако и покрај нив, не паѓаат.
јасно се, ама со првата бременост и покрај клексаните ми раснеа ддимерите и трансфузиологот реагираше како да е нормална таа ситуација и влегов во тој филм.
Здраво, денес правев испитување на трансфузиологија за д-димер и хоместаза. Моментално сум 19+6 и д-димерите ми се 2656. Треба да одам на клиника на гинекологија за клексани. Ова ми е прва бременост и искрено не сум многу запознаена со клексаните. Матичната ми кажа дека можам да ги рефундирам, но искрено не знам ни што треба да земам од документација и многу сум плашлива за игли. Јас сигурно нема да ги ставам барем не за почеток, затоа ме интересира каде сте оделе за да ви ги боцкаат? Може маж ми да го научат и он да ме боцка. Читам тука на форумов различни мислења дека некои прифаќале доколку сам се боцкаш, а некои не за рефундациите па ако може некој поконкрентно да ми каже. Секако јас пак ќе се слушнам со матичната ама денес ме извести за клексаните па така малку сум исплашена.
Најпрво немој да се плашиш, скоро секоја втора од нас се боцка со клексани. Не знам за кога ти закажала матичната термин на гак за извештај, што ти рече дали одма да почнеш со примање? Во однос на боцкањето е многу лесно и едноставно, самата инекција има тенка игличка која е лесна за аплцирање. Може да прочепкате по нет има и упатства и видеа, за една недела ќе се навикнеш сами да се боцкате. За рефундација ти треба извештај од специјалист ( чим одиш на гак со тој извештај), фискалните сметки заедно со сметкопотврда од аптека и потврда од матичниот дека ги имаш примено сите инекции што се пишани на извештајот. На пример ако ти препишат 30 инекеции, за секоја купена и примена инекција од датумот на тој документ од специјалист може да бараш поврат од фондот. Со лесно
мене маж ми ме боцка еве втора бременост. Не ти препорачувам да му покажуваат кај нас сестри затоа што од искуство кога сум одела по дежурства зошто тој не бил дома, појма немаат од ставање. Ти пишува на упатството и имаш на youtube, ко што ти кажаа. Најмалце боли во стомак апликацијата. Со лесно и без гајле.
Ми кажа прво на клиника за второ мислење и консултација со нив. Треба утре да одам да видам што ќе ме советуваат, дека попладнево примале само итни случаи од цела држава. Така што утре ќе видам и со нив дали ќе кажат дека треба клексани според извештајот од матичната и до сега што правев испитувања и плус уште некои за ортопед што треба да одам. ви благодарам за опширните одговори па ќе ве видиме што ќе кажат и од клиника.
За продолжување на терапија со клексани во соба 36, освен Д-димери и хемостаза, мутации, дали треба и крвна слика? Утре треба да одам, а направив само д-димери, немам нова крвна слика, - дали беше и таа задолжителна?
Приоритетен, ги прима сите. Јас отидов накај 12 мислам и 3 жени можеби имаше пред мене па завршив брзо. До него кај друга докторка беше хаос, кај него некако поминувавме брзо
Последен пат на 18ти мај добив рефундација од фондот, овој месец немам ништо, другите има некој што веќе земал сега јуни? Дали ѕвоните некаде да прашате ?
Исто и мене последно на тој датум ми пуштија, овој месец каснат и со исплата на боледувањата така да за рефундација може и ќе си почекаме..
Jas imam dobieno samo od 23.02 do 24.03 refundacija za kleksani , za april i maj mi e podneseno no seuste nemam isplata , vo fondot mi kazaa deka se odobreni sredstvata no se cekalo na potpis od rakovoditelot.