Мене последниот пат па хемостазата топ, д димери покачени. Веќе недела дена не примам клексан и ехо на бебе е добро. Докторот мисли дека може и од миомот што го имам да се покачат бидејќи има крвни садови и собира крв. Ситно броиме
Снеже тоа е Сузана Кога ќе дојде ваков момент толку е, па паники па вака така.... Се оградува. А кога е се ок, неможеш да ја сопреш од зборување. Инаку, од друга страна па како ќе ги рефундираш ако не ти се назначени од трансфузиолог? А на 29ти ноември ли пак ќе испитуваш?
PIle30 ич не се секирај за тоа колку качил бебуш. Мерењата не се најпрецизни. Ако е свртен маклу на страна или бутнат во постелката со главчето ќе излезе помал. Тоа со грамажата се базира на статистички пресметки врз основа на мерењето на одреденми делови. Еден милиметар плус минус многу значи. Моето цело време го мереа помало. На 27/28 недела дури и паника кренавме зашто испадна две недели помал за по два дена пак да одам на ехо зашто го осетив дека се врти и кога се намести со главата надолу веднаш беа добри мерките. Потоа пак беше помал ама ништо осетно. Никогап над 3 кила не го мерија, а го мереа барем двајца гинеколози. Се роди со нормална тежина и должина (3360 и 51 цм). Ако е се во ред со протоци и постелка не се грижи премногу. И за д-димерите не е страшно. На крај се кажуваат. јас пред пороѓај имав околу 5600.
Да мила , пак истото ќе го испитувам , а зашто и како појма немам ,ова е се ново за мене , родив две а никогаш немав испитано вакви работи и сега као демек рутински испадна со не добри резултати . Се чудам како ми било со предходните две , немав ништо испитано освен ехо и скрининзите два па живи и здрави и јас и деца што другар мој тврди сум ги имала резултатите исти и во тие бремености само што не сум испитала ништо па сега сум дознала во оваа бременост , што он па ми даде друг совет кој има смисла и не ризикувам ништо да земам без да се советувам предходно со кардиолог .
Јас примив 64 инекции клексан матичниот ми даде потврда за 43 со образложение дека требало на секој извештај од трансфузија да сум потпишувала рецепта кај нив а никогаш не ми кажаа дека е тоа така.Не ги примав кај нив имам примано и на дежурства и во амбуланта кај што ми е поблиску и по дома буквално како ќе се снајдев.Редовно ги носев извештаите кај матичниот и срга ми е криво зопто да ми пропаднат 21 инекција.Незнам дали има начин да ми ги признаат некако на извештаите се гледа дека до породување сум ги примала.Има ли некој со слично искуство ,а останатите внимавајте да не ви пропаднат инекциите како мене.
А зошто не ти дава потврда за сите, ако за сите си покриена со извештај од трансфузија? Не си примила повеќе отколку што пишува на извештаите нели? Во овој случај може да ти даде потврда. Или, како што знам, некои се потпишуваат на рецептата и таа ја даваат во фонд. Ако имаш таква опција, обиди се.
Zdravo curi I vo ovaa tema. Mene denes dimerite 3325 a sum 25 nedela. Dali nekade ja imase prikaceno listata za vrednosti na dimeri po nedeli??? Inaku mi pojacale I terapija, po 2 inekcii ke se bockame sega Najdov
Гинекологот не ми даде потврда за сите со образложение дека не се совпаѓале датите на извештаите од трансфузија и кога сум била кај него на контрола со фискалните с/ки т.е.кога он ги завел во картон.
Пфффф те лаже овој. Нема врска. Јас кај сестрата си завршував работа. Не ми е јасен зошто не ти дава. Тоа не му држи вода.
Баш се глупости.Многу се налутив и ми се правдаше како ако му дошло инспекција ќе го казнеле.А прво муабетот беше отвори една рецепта и толку.
С Сетрата ги наорави сите глупости во мојов случај.Не ми ни кажа дека за секој извештај треба да отвара нова рецепта.
Какви казни, какви глупости?! Јас си одев на транафузиолофија, си се боцкав дома и си одев по потврда.
Не ти ни треба рецепта - обилна потврда дека од тогаш и тогаш до тогаш и тогаш си примила 35 (пример) клексани од 0.4
Незнам дали може матичната моја да ми даде потврда за другите или мора да е од гинеколог? Ма они рачунаа ги гледаа фискалните цел саат изгубија во пресметки и токмење на дати
Битно е клексаните да ти се купени во рамката од избештајот од транафузиологија. Пример, имаш извњштај од 01.01 и треба да примиш 10 клексани. Фискалните треба да ти се со датуми од 01.01-10.01 со тоа што ако имаш фискална од 10.01 треба да е за еден клексан, ако имаш од 09.01 за два. Не знам дали ова го гледаат во фзо, ама нема логика да си купила на 10.01 пример 5 клексана, а си се боцкала од 01.01. Може и матичен лекар да ти даде потврда.
@***Lami*** рецептите се небитни, во секое време може сестрата да ги напише. Плус, јас кога купувам клексани во аптека ни рецепт ни ништо не ми бара. Тоа што вика Кукла, ако има извештај од трансфузија на пр. од 01.10., клексаните треба да ги имаш купено во разумен период после извештајот. Дополнително, ако имаш два извештаи од трансфузија на кои ти се препишани (обично) по 28 клексани, значи можеш да бараш рефундирање на 56 клексани. Незнам што не му е јасно да докторот и сестрата. Среди им ја ти документацијата, кажи им што ти фали, што да пишат и готово.
Јас ги примав инекции последните 2 месеца.Одев на контола на две недели или на 10 дена.Првиот извештај ми бепе дури и по две на ден ајас примав по една што има простор и повеќе да оправдаш.Ијас ги земав без рецепта зборам за рецепта што стои кај нив демек за правдање од инспекција.Ми даде две потврди за 43 инекции а за останатите 21 не.Кога ги отиде мајка ми да ги подаде документите ги дала и фискалните за кои немам потврда и таму и рекле да земе потврда и за нив.