Колку ти беа на последното мерење? Јас сум исто со тебе ivf 32ра недела, кај мене се покачени ама во нормални граници за 3 триместар. Ти го разбирам сосема стравот да ги прекинеш, ако се во ред протоците на крв и кислород нема место за паника само полека се гледа крајот ❤️
И мене ме интересира истото и јас сум 31ва недела, гинекологот вика да ги прекинам 33та, а мене страв ми е
Вторник кога ќе одам на контрола пак ќе го прашам јас и онака сум паничарка сега уште повеќе страв ми е....ама да мислиме позитивно уште малку осрана до крајот
Ако параметрите се добри се прекинуваат и мене Јани ми ги прекина 32-33 иако со ифв бев и првите месеци по 2 примав ... Нормално е да си со страв иста бев, но знаат што прават со лесно
Здраво на сите прва бременост, 7ма недела и имам високи дд мери, имам закажано контрола наредна недела ама чекањево е стресно и тешко па сакам да знам дали некој имал вакво искуство
Да високи ти се за неделата .Види со гинекологот барем да почнеш со терапија додека отидеш на трансфузиолог
Благодарам за одговорот ❤️ имам хематом и затоа не ми дава гинекологот да почнам со клексани сега, а трансфузиологот ми рече по препорака од гинеколог за некој ден имам контрола и кај двата ама ми е страв нешто да не се деси до тогаш…
д-димерите ти се покачени, ама времињата не ти се скратени ок се. Без паника ќе си се среди со терапија
Здраво, дали има некоја трудница искуство со сменет извештај на трансфузиологија во врска со шифрата и дијагнозата за подигнување на клексани покриени преку фонд ?
Еве и јас воедно да прашам, дали имате добиено од скоро рефундација? За два месеци имам поднесено веќе мислам, последно на 18ти мај добив, отогаш ништо...
Јас имав прилив минатата недела, во понеделник за последниот извештај што ми беше поднесен во Мај. Денес поднесов пак ми рекоа за месец дена исплата. Јас им пишав на мејл за инфо за статус на рефундацијата со име презиме и ЕМБГ и ми вратија дека налогот е процесиран. Така да може да им пишеш да ги прашаш до кај ти е.
Ти благодарам, можеш лп да ми пишеш на кој маил ги контактираше? Ќе пишам и јас, да не имам нешто проблем со документација штом веќе почнале да пуштаат за мај..
Приватно, си идеш во аптека и си купуваш по 250 ден еден Јас ја прашав сестрата, кај матичната што е, ми рече немаме никаков допис како да се издаваат, за сега ќе си ги купувате така на приватно а може и да ги снема, така ми рече. Прашав и во аптека, истото ми го рекоа, дека немало никаков допис. Прво кажале дека ќе можело само со извештај од кардиолог, а сега не знаат ни тие. Тотален хаос.
Другарки, ја добив извештај од Гак за 30 дена да примам клексани..прашав кај нив, прашав кај матичен гинеколог и во аптека, никој демек нема информации за трудници на кој начин да земаме клексани на рецепт... Пратив и маил на инфо маил во фондот, ми вратија за кои дијагнози следува клексан, за после тоа да пратам свои извештаи дека сум трудница, па од мутации, од Јани извештаи и веќе одговор нема...така да јасно ми е, по ова што гледам нас трудните нè оставија да си купуваме приватно зошто и немаме избор...тешко нас, секој ден по 250ден на приватно
Мене ме интересира дали знае некој што да правам во ситуацијава. На ГАК ми дадоа да примам клексани од 40мг еднаш на ден за 21 ден и потоа на преглед кај нив со нова хемостаза. Матичната ми даде розев рецепт за приватно да ги земам. Примав 7 дена до вчера и денес имав термин закажано на трансфузиолог. Докторот таму ми кажа дека не сум за клексани, д-димерите нормално е да се високи во бременост (3500 ми се) и дека истите уште ќе растат. Клексаните не влијаат на д-димерите туку само за заштита од тромб и згрутчување на крвта. Според мојата хемостаза и дека прва бременост без никакви компликации во семејство не треба да примам. И дека д-димерите почнале да се тестираат по ковид и од тогаш само да даваат клексани и без потреба. Најдобро било да се направи кумбс тест што е скрининг за антиеритроцитни антитела и потоа според тоа да се гледа. И сега во мојава ситуација дали би продолжиле до 21 ден да примам клексани или не? Матичната исто претходно ми рече чим ГАК ти дале примај, сега ми вика чим трансфузиологот ти рекол не примај, тогаш прекини ги. А за рецептите со партиципација уште не се даваат поради тоа што трудниците не се ставени на листата за клексани. Плус од фзо им давале без шифра и потоа ни докторите ни аптеките ги прифаќале, морало да има шифра.