Јас вчера бев кај Јани на трансфузиологија, ми даде извештај за клексани. Но потоа не отидов кај матичната по рецепти бидејќи е на одмор неделава. Дали ќе може врз основа на тој извештај наредна недела да ми ги издаде рецептите, или мора во ист ден да се извештајот и рецептите..? Суеште ми е збунувачки со новите правила што како треба.
Да, и јас трчав денес назад до трансфузиологија. И сега по ново правило ќе можеле само по 10 клексани да препишуваат максимум на рецепта, па кога ќе се примат тие, пак до кај матичен за нови 10 и така секој пат.
Јани ми препиша до крај на бременост да примам, па си земав 3 рецепти на секој пишуваше по 10 да се земат, така да матичната може да ти даде одеднаш и 30 ако веќе имаш пишано толку на извештај, нема врска дека мора да се примат па пак нови 10 ама пак ќе кажам, доколку веќе имаш извештај за повеќе клексани важи ова.
Имам за 90 извештај. Ова денес ми го кажа, и конечно успеав да земам 10. Чим може така супер, оти иначе е скроз малтретирање.
А во истиот ден ти ги направија рецептите како и извештајот? Да не ми пропадне мене извештајот од Јани... во понеделник сум на преглед кај матичниот гинеколог, а имам залиха на клексани уште за две недели.
Супер, јас за 80 дена имам извештај, да не одам пак кај Јани. Инаку да, може, немај гајле, не се малтретирај по 10 само да земаш. Од која аптека ги купуваш? Вчера во маалскиве Зегин и Еурофарм немаа.
Ако ти стои по 1дневно може 3 рецепти одеднаш но и после тоа да ги допише воопшто нема потреба да поминат 10дена
Фала ви, ќе се разберам со нив следно одење. Друг ги зема за мене ама мислам дека беше од Зегин кај Млечен. Уште нешто да прашам, секој месец одите на контрола и испитување хемостаза и д димери? Или на подолго? Заборавив да го прашам Јани
јас секој месец ама не одам на трансфузиолог, само првиот пат ми ги виде резултатите и ми рече да си продолжам со гинекологот од ГАК што ме води. Втора бременост дека ми е, мутациите се цел живот исти, а и ддимериве не ми се разликуваат многу од пред 7 години.
Минатата бременост одев секој месец ама земав извештај од Гак, сега оваа бременост кај Јани одев и бидејќи ми пишуваше зависи по 60 по 80 клексани и одев на 2 месеци или нешто плус, фактички секое одење кај него по извештај, дента правев хемостаза и димери. Последно правев Јули и еве сеа пред некој ден кај него, ми рече нема потреба пак да проверувам. Ако гледаш се покачуваат оди си секој месец за да следиш.