Збунувачки е нели, а знаеш дека се високи вредности. Едниот ми вика до 2500 се толерира, но да слушнеме второ мислење од трансфузиолог, а другиот ми вика: Не се плаши (бидејќи бев испаничена) до 3000 е нормално во бременост, ќе следиме на ехо промени. Ќе се боцкам, не е проблем (се што треба ќе правам за да се симнат), само да ми кажат што и колку пати на ден. Денес мора да знам, не сакам да чекам.
Добро утро @Mimmi39 , И јас пишував за многу сличен случај на твојот па еве да пробам да те утешам, бидејќи мене никој не ми пиша Тука негде сме со недели јас сум 23-та,а д-димерите ми се 2200 после околу 2 месеци боцкање по еден клексан на ден. Мене уште многу рано мислам 15 недела ми беа многу високи 2700, после 21 клексан ми се покачија на 2900 и еве дури сега се стабилизираа, почнаа да се намалуваат. Те разбирам и мене ми беше многу стресно, бев кај двајца доктори на втор скрининг и ми рекоа ништо страшно, дури не можат да ми кажат дали се високи, секое тело различно реагира. Треба редовни контроли на трансфузиологија и тоа е тоа. Докторката од трансф. ми кажа дека сме заштитени со клексан. Така да освен досадното боцкање, не се секирај, на ехо ги следат протоците и тоа е тоа.
Фала многу за поддршката!!! : Јас прв пат мерам, може и кај мене биле повисоки пред 2-3 недели. Но, никако не може да се стигне до термин на Трансфузиологија по регуларен пат со упат за да се мерат димери почесто, само преку познати.
Еве кај мене 21 недела Д-димери супер, 685, ама некои времиња во хемостазата под граница и ќе продолжам да се боцкам со фраксипарин уште 40 дена, па пак контрола. Јебига. Трансфузиологија хорор денеска, битно до март не мора да ги гледам.
Јас сум 27 недела и ДДимерите ми се 1700. Не ми дадоа клексани туку гел хепатромбин бидејки имав DVT (длабока венска тромбоза).
Имав подадено баш пред нова година 27-28 така нешто. Денес баш имам пари на сметка. И јас се изненадив колку брзо ми исплатија o
Сами се боцкате со клексан? Јас пробав сама, но не успеав. Незгодно ми беше во рака, а и болеше. Не знам како ќе се организирам, ќе треба секој ден некој да ме боцка.
Не ме болеа толку како што ме печеа. Ниедна не ставав сама или некој наоѓав да ме боцне или на дежурен си одев. Немав храброст сама а на мм нема шанси тежок коркач за инекции. Мене ме боцкаат он блед ко крпа.
Jas vo raka se bockam t.e maz mi me bocka sama ne sum ni probala ... najubavo e da te bocka drug i vo isto vreme otprilika
Со фраксипарин, сама, во стомак или рака..ама полесно кај мене е имам убаво слојче салце хахахаха... А во бут каде како се боцка? Да сменам.
Може и во бут? Не ми спомнаа за таму. Трансфузиологот ми рече подобро во рака отколку во нога бидејќи апсорпцијата на лекот е подобра во рака. Како успеваш сама во рака?
Имам тактика, место некој да ми ја држи раката јас на фотелја седнувам и ја потсмачкувам раката (буткам) од ќошот од фотелја да се испакне убаво мевцето и салцето, со првите три прста фаќам инекција и боцкам, додека во исто време со делот од дланката кај малиот прст што е уште малку потстиснувам. Имам од оние потврдите помалите фотељички како во кафуле, па убаво се местам и натиснувам. Битно салото и раката убаво се поткреваат. (Објаснувањево мое ... смрт ) И со потпирање и натиснување на раката ќоше од ѕид знам некогаш, или маж ми да ја фати. Сега за сега уште претежно стомак, па на рака колку да одмори мешето, ама кај и да е веќе се затега и нема да можам убаво да фатам салце.
Објаснувањево ти е закон! Супер идеја. Мора да пробам и јас некако да симулирам друга рака како држи мевце. Кај мене нема салце, па болеше првиот пат кога пробав, ама мора сама да се научам, макар и да боли и пече.
Штом нема салце боцкај под помал агол 45 степена, јас на стомак си имам одвишок и не се замарам и под агол од 90 боцкам, ама на рака ми е страв, ме боли повеќе, па под 45 агол боцкам, и помалку боли.
Мене до пред 1 месец сузана стојкоска ми препишуваше клексан со 1200 д-димери,пред една недела одам на закажана контрола гледам некоја друга замена имала плава незз ни како се вика , и ме прашува зашо ги примаш ,и објаснив дека колешката нејзина ми ги препиша и ми вика џабе си ги примала нема шанси ние овие да ги препишеме кај тебе се е во ред , и го дадов предходниот резултат и и објаснувам ,почна со очите да превртува и вика добро добро молчи нема потреба да зборуваме,а најјљубезно се понашав.Утре дента одам по резултати ,резултатите изгубени ♀️ .Боже сачувај ,или ќе те убијат или годината не им иде. Бај д уеј сега сум 27-ма недела .