Воопшто не ми делува оваа ситуација за клексани,не разбирам што тренд е ова,буквално на секоја втора и препишуваат терапија. Баш денес ги слушав сестрите на гинекологија како коментираат,дека трансфузиолозиве ја претераа со терапии,дека сосема е нормално да се покачат тие вредности. Ај ние што сме со навистина високи вредности како мојов случај со 5500 океј,ама со 1500,2000 ...
Поради 3-4 лакуни на постелка што ми се појавија ме пратија на трансфузиологија... Па претпоставувам дека ако ми беа во нормала до 1200 немаше да примам клексани...
Да се надоврзам само, во контекст на муабетов... Низ муабет со доктор гинеколог дознав за едно истражување во Јапонија направено кое вика (и така се практикува кај нив), за д димери помалку од 13 000 не се дава терапија.
Апсолутно..и во муабетов на сестриве и некој доктор чинам имаше,спомнаа како учеле за тоа дека се креваат до 12,13 илјади.Но што е тука е,од пусто шубе ќе слушаме и ќе си се боцкаме.И секако ако има индикации од типот лакуни,прерано зрела постелка,не доволно активно бебе итн. Тогаш дефинитивно мора,и при не толку високи вредности
Баш така, мора да има јака причина, не само бројки. Јас одбив да се боцкам (препорака беше на матичниот). Се консултирав со двајца трансфузиолози и тројца гинеколози, и приметив дека гинеколозите се тие што повеќе пропагираат клексани. Не сум доктор но без никаква индикација не дозволувам да ми направат проблем.
I na mene na izvestajot mi pise oti e profilaksa za kleksan izvestajot sto mi e a,inace jas vcera prv pat podnesov baranje za refundacija na parite I sakav da ve prasam za kolku vreme stiga resenieto I za kolku vreme gi refundiraat parite
Се согласувам,но муабетот ми е дека му ја мислиш,и си ставаш некое црвче во мозокот. Патем мене почнаа модрици да ми се јавуваат на рацеве,лек некој
Испитував д-димери вчера и резултатот е 510 за 17та недела? Фати викенд да да одам до матичниот, па си викам да ве прашам дали е нормален тој резулат? Досега испитував преку еден месец и од 190, нагоре ми се нема качено. Благодарам.
Едно прашање ... направив втор скрининг 22 недела и на докторката и личеше дека се е во ред но сепак превентивно ме советуваше да направам мерење на д-димерите ... е сега матичнава со мој термин ми закажа дури слободно на 24 април што мислам дека е многуууу касно. Сакам приватно да мерам ... во една лабараторија ми кажаа дека е 800 ден а други некој износ кој 3 пати повеќе... ве молам за совет каде е најдобро и цените да се понормални и колку е неопхпдно и хемостаза да се направи или може да чека за трансфузиологија .... фала ви најмногу
Мое мислење, оди на трансфузиологија. Не е проблемот само испитувањето, туку ако треба терапија со клексани, фондот нема да ти ги рефундира парите ако испитувањето е направено приватно. И важни се и двете, и Д-Димери и статус на хемостаза. Инаку не е многу доцна за терминот.
Здраво сакам да прашам јас земав клексани за 15 дема 2 парти на ден дека первиот пат д-димеритр ми беа 3300 ги примав клексаните после праев повторно анализи и мо беа 2160 примев повторно клексани 15 дена по еден на ден ги завершив и праев анализи и сега ми беа 1290 сега ми се добри трансфузиологот ми рече да не земам денеска отидов на матична на гинеголог и ми правеше ехо и гледаше на постелката 3 лакулни и ми рече да ги продолжим до крај на бременост Не знам сто да правам да ги земам пповторно или да престанем Јас сега сум 30 недела
Многу е важно да ти каже дали се од внатрешна или надворешна страна. Јас би барала заеднички да се договорат. Во 30та недела со уредни д димери, а со лакуни, треба да се изјаснат и двајцата исто или ќе барам друго мислење. Зошто и продолжена терапија со клексани во 30 недела има свои реперкусии ако се спуштаат надоле д димерите. (женското тело е чудесно, кога е во рамките на нормалата знае точно што и зошто го прави, затоа параметрите во бременост се поместуваат, има свои одговори зошто) Мислам дека ќе те остават со по еден до 36 недела. Ама барај и инсистирај и двајцата да се усогласат во ставот. Ова е само мое мислење.