Се плашам од резултатите.. Дали ќе ме пратат со резултатите кај матичниот или на трансфузиолог даваат дирекно терапија доколку е потребна?
Трансфузиолог треба да пише терапија ако има потреба од тоа. Ако ти се покачени д димерите препишуваат аспирин и клексан инјекции. Јас сето ова го примам од сам старт и не е страшно. Битно е до бебето да стига доволно кислород и хранливи материи.
Не даваат клексан само поради покачени д димери. Самиот резултат на д димерите не значи ништо, мора да се прочита целиот резултат со сѐ хемостаза. Јас ете имав покачени, не примав никаква терапија.
Има врска, разговарав со различни доктори. Треба да има претходни индикации за да го правиш тоа испитување и да се дадат лекарства, но никако без да се видат и времињата на коагулација. Кај тебе веројатно е со претходна историја, но не е правило кај сите други жени.
Епа ако хемостазата е покачена а не се знае и нема да се примат клексани,кој ќе ја сноси одговорноста? Плус ја знам дека татко ни примаше клексани заради хемостазата а не заради д димерити.
Аспиринот ми е потенцирано во извештај да се зима после јадење. И усно ми рече докторот никако на гладно.
Најдобро е пред јадење. Прочитај упатството. Веројатно да не ти прават проблеми со желудникот така ти рекле.
Имате право, мене д димерите пред бременост ми беа повисоки, а првите недели од бременоста ми беа во нормала, а сеуште немав почнато да се боцкам. Но сепак сум под терапија бидејќи тробинското време и активирано парцијално (ова од резултатите инаку појма немам што значи) укажуваат на некпј проблем поврзан со димерите и мојата хиперкоагулативност. Не ги даваат за џабе овие терапии.
Активирано парцијално ти е пониско ништо ќе се дружиш со клексани. И кај мене е ист резултат веќе 4 месеци и се боцкам
Мешиња јас бев на трансфузија и ништо од резултативе не ми е јасно. Се видов со трансфузиологот и ми рече дека на граница сум и дека за 20 дена треба да одам на контрола пак да ме боцкаат. Засега ми даде да продолжам со аспиринот до следна контрола. Од друга страна на крвната слика тромбоцитите ми се 421 а горна граница е 400. Се исплаѓив многу. Ве молам ако некоја знае да ми помогне со резултативе.