ова 1194 е твојот резултат од димери така? а од страна пишува до трет триместар е 1700 значи добри ти се според мене нека пише некој поискусен ти 3 триместар си така ?
Да мој резултат е и 3 триместар сум.. значи добри се ти благодарам многу Супер тогаш ти благодарам многу
Женски денес испитував д-димери. 19та полна сум денес, 1571 ми изнесуваат. Треба за ова терапија? Додека појдам кај матичен ќе мислам дење-ноќе.
Не се секирај не се многу високи,во понеделник ќе си одиш кај матичниот и ќе увиди дали треба терапија,ништо нема да се случи за два дена не си прави безпотребни нервози ги нервираш бебушите.
Здраво девојки, денес бев на трансфузиологија на редовен преглед за д димери и хемостаза и според резултатите нема потреба веќе од клексаните, само аспиринот ми го остави да го пијам на два дена до 30та недела. За месец и пол повторно сум на контрола. Искрено, малку се загрижив дека ме остава без клексани, се плашам за плодот дали ќе си напредува нормално без овие инјекции. Дали имате вакво искуство и како поминавте до крај? Инаку прегледите ми се кај Др. Јани...
Кога се прават д-тримери и зошто? 3 пати ми земаа крв во 5 месеци и бев со огромни модрици на рацете...кај проверен човек што сите го фалат што лесно поминуваат кога им зема крв...дали се модрициве причина за да правам д-тримери? и дали др задолжително ке ми даде или сама да си барам?
Се викаат д димери и ако има индикација матичниот доктор треба да те прати да ги испиташ. Ако се високи ќе те стават на терапија, ако не, нема потреба. Тоа се испитува на трансфузиологија. Тебе каде те боцкаа до сега?
Не прави без да ти кажат. Јас така направив и испаничив за џабе. Се гледа по плод, плодова вода. Ако има потреба ќе те пратат. Мене денес ме искара матичната зошто без причина сама испитував приватно. Плус се гледаат и некои други референтни вредности, не само во целина.
Сам по себе резултатот од д димерите не значи ништо. Треба да се видат и времињата на коагулација, и доктор да процени каква е состојбата. Што ти кажа матичната? Јас со повисоки вредности на д димери па не примав терапија зашто се беше во ред. Индикација е пред се калцификати на плацентата и лош проток на крв низ папочна врвца.
Ми рече дека понатака ќе ме испрати за некакви си вредности на трансфузиологија, најверојатно за истото што го пиша ти. Бројката не и значела ништо, 1500демек е добро за овој период. Можело и 500 да бидат па да не штима. Демек само вкупна вредност не било доволно да се знае дали е ок или не. Оставаме за понатака. Најверојатно 7ми месец се испитуваат.
A oti ne go odneses rez na transfuziolog da vides sto ke ti kaze on ginekolozite ne se specijalisti za ddimeri napravi si edna konsultacija i so transfuziolog