Јас одам кај Кочо Димитровски во хемолаб, и многу сум задоволна од неговата посветеност внимателност и деталност. После колку време ви исплаќаат средства за рефундација од клексаните?
Јас рефундирав Фраксипарини, но мислам дека е исто, па ќе ти кажам кај мене како беше. На четврти поднесов барање, а на дваесет и шести-седми ми беа на сметка парите. Од прилика три недели по поднесувањето.
И јас планирав да одам кај Кочо во Хемолаб. Мило ми е што си задоволна од него. Колку наплатува преглед? Или се наплатуваат само испитувањата што се прават?
Ако во извештајот ти стои контрола по два месеци тогаш да, инаку не би знаела дали може. Јас ги носам после секоја контрола значи месечно
Само преглед не се наплатува. Испитувањата се плаќаат.http://www.hemolab.mk/ценовник/ еве го ценовникот.
Да, треба закажување. Јас без закажано не сум била до сега. Тел: +389 (0) 2 311 626 еве број јави се, прашај што те интересира ќе ти објаснат. Ако одиш за консултација, земи си ги сите резултати што досега ги имаш, и извештаите од гинеколог.
Може ли да ми објасните како оди постапката за рефундација од клексан? Исто така ме интересира што пиете кога ќе се појават лакуни на постелката? Втора бременост и пак ми се појавија. Треба да одам на трансфузиологија за испитување на д-димери и хемостаза. Според последна менструација сум 34та недела. Според мерките на бебето сум 32ра недела. Малку ме загрижува тоа, бидејќи на почетокот како да беше за една недела помало според мерките сега на 2 прегледи во рок од еден месец ми кокажува цели 2 недели ралика дека има. Не знам каде да се обратам да се консултирам со некој добар гинеколог.
Za refundacija na parite od kleksan ti treba izvestaj od transfuziolog ,fiskalna smetka , smetkopotvrda,I precati od tamu kaj sto ke go primas kleksan I transakciska smetka odkako ke ti dadat izvestaj za kleksan treba vo ist den I da gi kupes potocno se da ti bide na ista dats
Зависи, не е за секоја исто. Ќе те прати матичниот гинеколог кога ќе треба. Некои испитуваат уште на почеток, некои на средина, а некои воопшто и не испитуваат. Имам прашање во врска со рефундација на средства за клексани. Во последниот извештај др ми пиша повеќе од 30 парчиња. Дали треба да чекам да помине тој период па поднесувам барање за рефундација или ќе може секој месец, како што сум правела и до сега?
А ги купи сите што ги пишал или 30? Мене ми имаше пишано 40, но не купив толку, купив колку што ми требаа, околу 32-33 и откако помина периодот за тие 33, тогаш поднесов за тие 33, за онолку за колку што имаш фискална и сметкопотврда. Ми рефундираа за сите 33. Исплеткав со објаснувањево, но се надевам ме разбра Ако си ги купила сите што ги пишал, тогаш броиш денови за сите инекции и по датумот на сите поднесуваш.
Не сум ги купила сите, по една купувам деновиве Ми се поклопуваат извештаите, едниот ми е на пример од 20 ти септември, а новиот ми е од 18 ти октомври. Со стариот извештај односно тој од септември ќе поднесам за 30 инекции, а за новиов ќе почнам од утре со инекција. И денес и утре ќе си купам по една. Па кога ќе завршам со примање ќе поднесам во фондот. А ќе видам и матичниот што ќе ми рече во врска со потврдата. Инаку за предтохдниот месец добив писмено одобрување за рефундација, ама се уште нема. Вас ви стигнаа на сметка?
12 саати им е дејството, јас некогаш и ги надминував тие 12 саати...а и Јани ми има кажано дека не е проблем за еден ден ако се прескокне