мене ми се пишани 50 инекции, затоа не знам... ама во среда ќе поднесувам во фонд за претходен месец, па ќе видам што ќе речат. Сакав и денес да идам, ама една мрза што ме фатииии брејјј
Не е проблем ако имаш помалку одколку што ти стои во извештај, ќе ти прифатат толку колку што имаш фискални,
Имам прашање до вас која е поупатена.Денес Ивановски ми наведе терапија клексани 0.4 1×1 но мојата матична и беше страв да ми пише клексани ми закажа на 14.11 на трансфузиологија.Кој одредува дали се примаат клексани ? Специјалист гинеколог или трансфузиолог? Ме испоизбуниа максимално и ме напнаа
Може и гинеколог да даде мислење и да препише како терапија доколку види дека има потреба најчесто за лакуни на постелка. Според мене почни со боцкање а на закажан термин провери
Ма на мојава матична и е страв да ми ги препише .А став ми е имам мутации и на МТХФР и Паи1 и В леиден и плус прв пат трудна после 6 години лекување од стерилитет.
pobaraj prioriteten upat za transfuziologija stom imas faktor Leiden moras I te kako da primas kleksan
Се боцнав минатата среда и чекам нови резултати сега. Ова е се што сум испитала од мутации и резултат следен зборам пред 4 години: *Хетерозигот за МТХФР 677 C Хетерозигот за МТХФР А1298C PAI-1 5G/4G Factor V leiden A1299G Factor XIII
Според мене треба да одлучиш кого ќе слушаш. Јас во ваква ситуација си го слушав Ивановски. И си ги почнав. Потоа си бев и на трансфузиологија, резултатот беше добар, но Ивановски рече да ги продолжам. Потоа бев и во хемолаб кај Кочо Димитровски, и тој рече да си ги продолжам. Некако и мојата интуиција, а и све што сум читала викаше да си ги примам, и се уште ги примам. 28 ма недела сум. Понатамошните испитувања на SFA покажаа дека Ивановски бил во право, си се помирив со тоа дека ќе си ги примам и тоа е ... терам така. Ако одиш на трансфузиологија во Скопје, на клиника, земи си го извештајот од Ивановски во кој шишува дека треба да ги примаш, мене секогаш ми го бараат тој извештај. А имаше некој симптом? Или беше на редовна контрола? а другите параметри од хемостаза какви ти се? Пиеш аспирин? Бебето како напредува? Ајде и ако треба по 2 ќе примаш, се за бебушка, тоа е ние сме јаки мора да издржиме
@Ѕвездички ти благодарам ме смири.Бев и кај Павлина во ремедика само што се вратив.И она ми потврди клексани ,ми се појави хематом на матка инаку го немаше пред еден месец.Ќе ги чекам резултатите од трансфузиологија петок или понеделник па со нив пак кај нејзе,на трансфузиологија има гужва кај доктор да влезеш.Ми закажаа дури на 14.11 кај некоја Емилија Велкова,кај другиве тешко многу за термин.Па здравје само .
А имаше некој симптом? Или беше на редовна контрола? а другите параметри од хемостаза какви ти се? Пиеш аспирин? Бебето како напредува? Ајде и ако треба по 2 ќе примаш, се за бебушка, тоа е ние сме јаки мора да издржиме [/QUOTE] Ги примам од прв ден по една и по еден аспирин, правам контрола месечно еднаш. Бебе си напредува до сега супер, имав неколку пати лакуни на постелка ама се повлекуваат. Тоа што ме плаши е што во предходна бременост имав прееклампсија во 30 недела,и сега од се имам стрес. Ама како што кажа ти, бебе да е добро јас се ќе издржам
Пари за рефундација се уште не ми стигнале...а на вас? денес бев до фонд, поднесов и за новите клексани, и прашав дали може со еден извештај на два пати да поденесам, ми рекоа дека може ако е за повеќе од 30 дена. Така што да знам за следниот месец така ќе си направам. Прашав и за парите, ми рекоа дека ќе ми ги уплатат кај и да е ...