Не знам дали има врска каде и во кој град. Кај нас има само на приватно и ме чинеше 1.500денари, резултати имав за три дена
Прашав во една лабораторија на приватно било 600ден,ме интересира дали на државно се плаќа или со упат од матичен гинеколог е бесплатно или некоја си скромна партиципација
Би требало да е бесплатно, нели трудниците се ослободени од плаќање... Јас мислам платив за првото некоја скромна партиципација, ама тогаш сеуште се плаќаше се, за второто не испитував. Сега крвна слика секаде со упат е бесплатно, грвна група исто, би требало и тоа да е бесплатно.
Дали може некој да ми каже дали се ок резз ... Секако ќе одам кај матичната но за една недела имам закажано не можам да издржам... Протромбиско време 13.3 Активирано парцијално 29.2 Тромбиско време 248
Јас прв пат ќе испитувам за 3недели. Немаше ништо слободно на трансфузиологија. 8-ми Септември некако не и е веродостојно на матичната. Се надевам ако има нешто дека ќе се видело на ехо до сега.
Дали имаш референтни вредности во извештајот? Има мали разлики од лаб. до лаб. и дали имаш резултат од Д-димери? Инаку кога се толкува резулатот се зема во предвит гестациска недела, други параметри од крвната слика, симптоми, наодот на гинекологот, терапија што се прима итн. Не е едноставно толкувањето на резултатите... Барем јас таков впечаток добив кога мене ми ги гледа докторот. Инаку кај мене во резулат референтни вредности се: Trc - 150-450 10^9 /L PT -13,4 sekundi APTT - 29,2 sekundi TT - 16,4 sekundi Според моево имаш некое поместување, ама не сум баш сигурна. ако немало индикација за порано, не е доцна ни сега.
Барај за трансфузиологија амбуланта само. Таму има секогаш термин, само ќе те боцнат ќе имаш рез истиот ден само нема да те види доктор. Рез може и матичната да го види
Мене ми дадоа клексани сега при крајот, 10 треба да примам. Д-димерите ми се 2562, а горна граница е 1700. Плус и на хемостазата тромбинско време и парцијалното ми се малку под долна граница, во извештајот пишува хиперкоагулабилна состојба. Матичната не сакала да ме остави без терапија, па ајде. Се изнервирав.
И мене ми дадоа 10 клексани, од денес сум 30 недела. Трансфузиологот не ми даде иако димерите ми беа 1900 и времињата под долна граница, ми рече само консултација со гинеколог, ама кога матичниот гинеколог ги виде резултатите ми рече одма да почнам со клексани и за 10 дена со нови резултати кај него на контрола. Почнав да се боцкам па ќе видам за 10 дена што ќе биде
Јас правев, 1800 ми беа, други параметри супер. Вака со овие резултати и со две бебенца ок е. Е сега, не сфаќам зошто за 2 недели пак да одам? Ми се смачи веќе од клиника, боцкања.
Na site ni e smaceno ama dimerite moze mnogu brzo da porasnat, podobro da se kontroliraat pocesto osobeno so dve bebenca. Ke izdrzime
За да купм клексани и да може да ги рефундирам ми треба рецепт од гинеколог? 36 недела сум, димерите 3200 ми се, ми рекоа 2 недели да се боцкам.
Ти треба извештај од трансфузиолог, потврда од установа каде си ги примила, фискални со сметкопотврда, и таму ќе пополниш барање. Внимавај на датумот од трансфузиологија, и фискалните, треба да се совпадне