Еве ме и тука, да не останам покуса. Рипнале димерите од 1800 на 4460 за две недели. Ме боцна маж. 2х1 Клелсанче ваљда до крај. 33та полна сум, ама со близнаци до крај нема да терам сигурно. Инаку изминатава недела имав вртоглавици многу, можно е да ми е од димерите? Btw денес бев на преглед, постелка е супер.... Да не не видела нешто? Чудно ми е на толкава бројка се да ок.
Оф со лесно ајде секако си при крај не е страшно, а за вртоглавици имам читано дека дека знаат да појават клексаните како симптом, само одмарај најди си некоја занимација и ке летне времето
Д димерите сами по себе не значат ништо ако времињата за коагулација се во ред. Ако тука има отстапки тогаш би требало да се даде терапија. Но ако времињата се во ред, а и постелката и доплерот се во ред имаш право да ја прашаш докторката зошто примаш терапија.
\А што те изнервира? Докторката што правилно постапила или самата состојба? Значи, сама кажуваш дека резултатите се со отстапки, а се лутиш што ти дале да се боцкаш клексани...Па за чие добро ги препишале? За нивно сигурно не....Ништо страшно не се клексаните, 5 месеци во бременост ги примав, па се супер беше...Уживај и бидете благодарни што постојат и такви испитувања и такви медикаменти Со лесно
@Kitten сепак мора боцкање, нема некое отстапување значајно, скоро па ич ама едногласно се сложија за терапија и матичен и тој што ќе ме пораѓа. Лелеее ама печат инекцииве отпосле. Се живо испопцув вчера. @happygirl и ја сум при крај со нерви, само што место да се нервирам, поплакав. За наше добро е, ќе издржиме ајде! Толку многу било, уште малце останало. Само нека помага терапијава. Ја у шок бев како може дупло за 2недели да рипнат.
Завршив јас со клексаните, и се породив веќе Во тој момент се изнервирав бидејќи цела бременост ми беше лесна како песна и на крајот малку ми дојде криво. Иако, на пораѓај докторот ми рече немало потреба од боцкање, во 9ти месец е нормално да се покачени д д-димерите, башка и не беше некоја голема разлика кај мене.
Девојки, гинекологот ми рече дека од 17та недела може да се почне испитување на Д-Димери! Нели е тоа малку рано??? Или па да ги направам и сега а и понатаму подоцна уште еднаш? И каде ги правите, Хемолаб ми ја препорача докторов, па дали треба со закажување ме интересира? Фала!
Не е рано , може да се испитаат и во ептен рана бременост ако има потреба и симптоми. На клиника е бесплатно за трудници. Нема зошто да даваш 4000 за хемостаза кај Кочо. Побарај на матичниот да ти даде упат за ГАК од таму ќе ти дадат за димери.
Женски, кај ги оиспитува приватно д димерите (Кочо ли некој беше) само да не е Авицена, СинЛаб.. ?? Не можам да чекам за клиника. И цена ако може.
Јас сум 23 недела според циклус, а 21 според големината на плодот, и поради тоа денес испитував Д-димери и хемостаза. Д- димерите ми се 1664. Која е границата? Дали ми се високи или.. ?