Не се гледаат само димери кога се дава терапија, важни се и факторите на хемостаза, веројатно се скратени времињата на коагулација и затоа и ти дале терапија за да се подобри протокот до бебето. Ова што ти препишал трансфузиологот не е ништо лошо, за твое и за доброто на бебето е.
И јас со ова се замарав некое време, кај мене беше обратно пак, многу високи димери а трансфузиолог вика све ок. Ама како што разбрав не се битни димерите само туку сите резултати .
Дали е обавезно испитување на овие димери или ги испитуваат по потреба,гледаат според нешто? Знам дека е поврзано со коагулација. во првата бременост пред породување ми испитаа бидејќи со царски требаше да се породам. Е сега забележувам дека одвреме навреме ми се појавуваат модринчиња по тело. Претежно на нозе ретко на раце. Од ништо. Ни сум се удрила ни сум се допрела до нешто. Има ли некаква поврзаност? Треба ли лекар да известам? Претходно не обрнував внимание. Мислам дека е небитно.
секогаш ми е на долна граница железото. Бремема небремена исто е. Последно дали пред месец - месеципол испитував. Железо 8 а не запаамтив колку е за трудници. Знам дека беше надвор од нормалата. Пијам апчиња кои содржат железо ама тоа е.
Ако може форумките што примат клексани да ми одговорат, за рефундирање на парите од клексани, во фондот, треба да се поднесе потврда исклучиво од матичен гинеколог или може и од матичен доктор? Мислам на потврдата дека кај него се ставани инекции. За другата потврда знам дека треба од трансфузиолог.
Од гинекологот сум земала. Не знам дали може од општ, мојата се' нешто се вади дека не може, па да не одам навака-натака за секој случај директно од гинеколог земам. Пробај и кај општ, читам дека им даваат и тие.
Мене па гинекологот ми е малку терсене човек, а матичната ми супер, па затоа прашувам, ако може она да ми заврши работа, воопшто да не одам кај него.
Јас пијам мила 1 насабајле,ама имав малку кафеавко и ми го исклучија на една недела,па ќе видам дали ќе ми го продолжат.Секое добро
Која недела си? Една пријателка ме исплаши као имало случај напраил многу проток во крвта, па се породила во 27 недела....И многу ми е страв, јас кратко го пијам 2 недели само, ми го даде трансфузиолог...
Јас го пијам 15гн сум, го пијам од трансферот со ивф сум. Баш н последната контрола прашав до кога др.рече најверојатно до 30гн, а за две недели ме прака на контрола на трансфузија. Зошто точно го пијам не знам само видов тогаш скоро н сите го даваат после трансфер.
И јас пијам аспирин од почеток на бременоста. Моментално сум 10та недела. Немам прашано до кога треба, тука на форумот прочитав дека до кај 28ма недела се пие.