Немора да значи, јас испитав во 16та недела без никакви индикации, чисто од проверка. И испадна дека ми се збрлавени и еве од тогаш сум на клексани цело време...
Испитај си ги веќе од 16та, немора да имаш индикации... иако индикации се отеченост, околу очи, прсти,нозе...
Тогаш да си земам упат и за на трансфузиологија така? Имам упат за лабараторија крвна слика да испитам може истиот ден да завршам работа и за крвна слика и за д-димери така?
оф јас на приватно ги правам кај Кочо.. земај упати,земај се шо треба, и да истовремено и димери и крвна слика се праи..
Точно, не мора да има индикации. Обично се водат според постелката, дали има калцификати, лакуни, ако нема доволно проток. Вредноста на тромбоцитите од крвната слика. Ти емче си со близнаци така да и тоа е индикација порано да се испитаат. Сепак нели за секое испитување има соодветни термини кога се праве како брисеви, скриен шеќер... но секој може нешто да испита и порано.
Да да, уште првиот пат, пред трансферот кога бев на трансфузија, ми дадоа извештај во кој стоеше дека треба пред, за време и по трансфер до позитивна бета да се боцкам со клексане. И затоа што секој месец одам на контрола,добивам нов извештај, и поднесувам за рефундација на клексанот,и до сега не сум имала проблем со рефундацијата. Во фонд им е битно секогаш извештајот да е пред датумот на купување на клексанот, барем за првиот извештај, после ќе си ги врзуваш извештаите на секое поднесување за рефундација.
Здраво Дали некоја од вас знае д-димери и хемостаза како и крвна слика дали прават во авицена на товар на фондот т.е бесплатно
Не, се плаќа околу 2000 ден само за анализата а и не би ти препорачала зашто мене ми дадоа неточен резултат. Таму нема теансфузиолог за да ти даде терапија. А ако треба терапија за да правиш поврат на средства не може од приватна установа. Така да оди си на трансфузиологија.
Труднички хепатромбинов нешто мн не ми помага за модрициве, секој ден хематоми на рацете имам, немам простор каде да се боцкам и тече крв после боцкање не секогаш али некои денови да... има ли некое друго чаре што да ставам да минува побрзо зошто секој ден се боцкам веќе долго време... за боцкање во меше незнам зошто али шубе ми е таму да ставам 16 та недела сум , и се само во рацете