Драга, мене ми кажаа дека во стомак дека треба да се боцкам 4 прста лево и десно од папокот,и ја се боцкам само во тој предел,сега веќе се потешко и потешко ми станува пошо стомакот ми е тврд,и немам кај да фатам салце. И јас на почетокот се боцкав доле,и цело време правев крвен подлив,дека било ниско. Пробај вака,може нема да имаш модричиња.
Кај наоѓам место тамо боцкам нема многу бирање среќа има мевце за фаќање уште па додека можам максимално ќе го искористам стомакот.Гледав туторијали на you tube некои се боцкаат и во спојлери ама тамо не сум пробала уште.
Богами знам како е, јас полека но сигурно накај спојлерите се движам, пошо таму наоѓам меко мевце. Терај,битно е да се боцкаме.
Битно е многу и каде се боцкаш тоа е точно 4 прсти околу папок. Не треба туторијал да гледате на теансфузиологија најубаво објаснуваат. Ако правилно не се аплицира резултат нема да има или ке биде не доволно
Јас на трансфузиологија одвај извештај за еден месец само добив а не да ми кажат каде и како да се боцкам и последниот ми го утнаа пак пошто не беше докторката на работа
А мешиња колку ви беа претходно тромбицитите на крвна слика?? Пред да проверувате Д димери. Мене ми се 317 моментално. А секогаш така се движат и пред бременост 310 - 320 .. А до 390 е граница. Имам причина за загриженост? Треба од наредна недела негде да проверувам. Фала
Тенкју мила. Ама еднаш гинеколот со вакви околу 320 ми велеше дека ќе треба преглед обавезно биле како горна граница... Абе да не е чоек рает. Мешиња знајте во странство дека еднаш ги испитуваат за се и 2 пати ехо и толку.. Ако е нешто страшно тогаш превземаат докторите. Иначе не. Воопшто не се замараат како кај нас. Секој месец преглед, крв, различни испитувања итн.
@Makedonka007 тромбоцитите или димерите ти се 317? Јас те сфатив дека за тромбоцити пишуваш. Аспирин пиеш?
Да тромбицитите ми се 317 а до 390 е нормално. А Д димери немам проверено. Сега наредна недела. Дали има причина за загриженост ??? Вие кои имате проверувано?
Капилар ми погоди мужево, го урочив ... сеа сум модросана ко тепана... добро шо уште е рано за маици по кратко..
Емче и мене мм ми погоди и имав модрици и ич не ми чуе.Ќе си носам кратки и ќе се прчам и со модрици и со стрии ич не се замарам едноставно.Те
Мачкај се со Алвен гел, дозволено е немаш гајле,ќе ти помине од гелот. Јас сто пати го џигеросав стомакот, и тоа мушки, и само Алвен му е мајката. Позз
Секогаш ти се така или сега откако си бремена? Не сум бремена, но мене секогаш ми се тромбоцитите нешто слично како тебе. Додека се во граници на нормала, нема гајле. Аспирин пиеш?
Па секогаш ми биле околу 300 до 320. И претходно и сега во бременоста. Не пијам Аспирин. Никој ми нема речено прв пат слушам. Ќе видиме ќе кажат на контрола за најточно. Поздрав
Жени, дали е можно од превисока вредност на д-димери да имам некакви симптоми? Т.е. следниве: цело време да ми е ладно, да се осеќам како да имам температура 37, да ми се спие? Мене ми се премногу високи, на почеток на бременост сум и примам терапија 2 пати на ден, ама не ми е јасно од кај ми се овие чувства толку јаки, дали е едноставно долга настинка или од д-димерите има врска? Фала ви многу!