Д фест е единствениот open-air музички фестивал во Македонија, кој годинава по осми пат ќе се одржи во периодот од 6-ти до 8-ми јули. Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 8.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како Manu Chao La Ventura, Stereo MC’s, Wilkinson, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, Љубојна, Фолтин, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и многу многу други. Сте биле до сега? Планирате да одите годинава, без разлика дали како посетител или волонтер? Споделете искуства, очекувања Годинава ќе има доста познати имиња како што се Дуке Бојаџиев, Frenkie, Who see, Ки, Архангел - така да, оваа година Д фест i'm coming
И јас немам идено, оваа година првпат. Ако сакаш можеш и како волонтер да се пријавиш, има на страната на д фест
Немам појдено досега, но годинава можеби ќе појдам ако успееме да се организираме. 90% од настапувачите прв пат ги слушам но верувам дека е забавно кога има толку посетители.
Да, има доста непознати изведувачи и за мене ама сепак со добро друштво кога се оди и не е толку битно тоа
Јас имам баш убави спомени, ептен убави дружења беа. Сум била 3 пати чинам. Последен пат бев 2015, памтам само дека два дена сите бевме парализирани од шутките и скокањето на Ману Чао. Добри денови. Ептен ми е криво за годинава што не можам да одам, посебно за Архангел што никако не успевам да го фатам, исто и Дуке Б, и Sevdaliza која ми е прекрасна. Више срече други пут. Мислам дека секоја година се со подобра организација, thumbs up oд мене.
Имам отидено 3,4 пати и секоја година е се по недобар ... порано навивав за фестивалов и добиваа голема подршка од мене но сеа сум ебано разочаран пошто организаторските принципи им се кретенски но можеби ќе идам оваа година чисто да се уверам во тоа што го зборам сега, да испиам некое топло пиво на шанкот лош.
Веќе имам набавено карта. Ќе одам со 2 другарки сите 3 дена. Не се сомневам во незаборавен помин. Уште времето да се погоди.
Ехх што убаво си поминував таму со друштвото. Нека заврши ова коронава да се журкаме повторно во нормални услови.
На фестивалот има обезбедено и простор за шатори оние кои сакаат таква опција. + 100 денари е оваа година таквата опција.
Си купив шатор, си го наместив, си обезбедив сѐ. Прв пат сум на Д фест, баш да видам шо чудо е. Шо аир од спиење по хотели и вили на Д фест ако не си цело време на камп или шатор близу до дешавањата? Тоа ми е поентата мене на д фест, кампувањето и забавата. Хотели и вили ми е како за на одмор.