Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д фестивал - Дојран

Дискусија во 'Музика' започната од Afrodite¥, 8 јуни 2018.

  1. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Д фест организирал техно журка во црква. Срамота...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MagnoliaGirl

    MagnoliaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Да, гледав видеа. Страшно, никаква почит
     
    На cresa-jagoda и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  3. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Околу нив икони, а на 2 метра поставен звучник од кој трешти музика.
     
  4. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    нема икони таму
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Техно во црквата св. Илија во Дојран. Организатори Д Фестивал.
     

    Прикачени фајлови:

    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Господи прости им
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Ај разгледај ги пак видеата.
     
  8. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    A koj im dozvolil da pravat zabava vo crkva?
    Kade e mpc za ovoj slucaj?
    Dno..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Church stage на Д Фестивал постои од 2016 година, и Влатко Стефановски имаше концерт таму и уште многу други концерти, работилници и претстави. Објектот не се користи како црква туку како културен центар, исто како Капан Ан, Хавзипашините конаци, Хераклеа, Античкиот театар, како и многу примери низ светот за културни случувања во вакви објекти.
    Фама дигнаа таканаречените порталчиња за клик повеќе со снимка од телефон од техно журката, а народот се пали на такви наслови.
     
    На Konfetka, _iKarmen, Glowy и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.233
    Пол:
    Машки
    Абе само да се напишело нешто, триста драми направија за журкава ко божем судбината на човештвото зависи од неа.

    Тоа е fake news spreads like wildfire.
     
    На _iKarmen, Mięta, DaisyDoo и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Немам потреба, бев на журката
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Црква си е црква, се знае што намена има.
     
    На Just.do.it и MeowMeow им се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.233
    Пол:
    Машки
    Ама не е веќе црква, сега е ОБЈЕКТ шо се изнајмува за културни манифестации.
     
    Последна измена: 5 јули 2022
    На Mięta, sweet-cherry, Kumanovkaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Патетични сте со овие муабетите "црква се знае за што е, срамота, бла бла". Се знае да, за правење пари лол. Дај опрајте се малку 21 век сме.

    Btw, Д фестот беше одличен, како за прв пат што бев, ме тепа тешка носталгија и post depression kicked me so hard, би сакала да трае уште 2 3 дена барем. Опуштено, интересно, забавно и полно со љубов и насмевки, смеа и уживање max, без предрасуди. Уште поубаво е кога си таму со твоите омилени луѓе и саканата особа. Едвај чекам пак да одам. Рај.
     
    На _iKarmen, Mięta, Regina.Phalange и 7 други им се допаѓа ова.
  15. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Зависи за кого-како.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    годинава, имаат огромно НЕ прво пошо сите извоџачи ми се булшит освен Кицо праската и уше едни.
    Тотално глупости испофрлани, нишо од тоа не слушам.
    Констракта беше, Боже ме сачувај.
    А за технариците у црква немам коментар..слушам техно, ама и верник сум, и на нишо не личи тоа.
    Срамота е, непоштовање е према религијата и верниците.
    Да не зборам шо внатре имало тешки наркомани...да дозволиш издрогирани у црква да седат :?:
    пред црквите стои и забрането сликање, ама не, некој решил дека ќе праи збирштина на наркоси...:@
     
    На JustBeautiful, Maryland1087, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Па како тогаш живеат наркомани во Бигорски? Знаеш дека и терапијата си ја примаат таму?

    Инаку зградата била црква пред 100 години, била скроз срушена па МПЦ заедно со републички завод за споменици ја реконструираат, арно ама толку бетон истураат што веќе не важи реставрацијата. Поради местоположбата ја оставаат како споменик на општината, воедно и да служи за секакви настани, концерти, односно да биде наменет и искористен просторот за СИТЕ граѓани.

    Црква дефинитивно не е, бидејќи и самите теолози се изјаснија дека не е осветена и таму некои други обреди потребни за еден објект да служи за верниците како храм. Така да, не мора да вреѓате за да се осеќате возвишени христијани, бидејќи излегува дека сте само помодари, а не верници. Познавам многу што беа на фестивалот и на спорната журка, далеку се тие луѓе од наркомани.

    Околу програмата и учесниците:
    фестивалот преку годините си ја задржа автентичноста и остана место кое обезбедува слобода и простор за уметници од сите гранки да се претстават а гостите да учествуваат во самата програма. Освен концертите и музичарите, цела недела има организирано галерии, часови, драмски претстави. итн. Кој бил знае за што зборувам.
    На кратко фестивалот е вистинско освежување од целиот кичерај, простаклук и турбофолк што му се случува на реонот. Не за џабе идат извикани и докажани музичари, групи од цел свет. Од сите што биле оваа година најимпресионирани се од Констракта и нејзиниот бенд Земља грува, а има и причина зошто.

    Овие што стенкаат дека требало филхармонии да има во просторот на "црквата" баш би сакала да организираат и да видам колку гости баш ќе има. Ако не сте биле во Дојран, очигледно не ја познавате ни публиката таму и капацитетот за такви реализации.


    Поздрав и отворете си ги видиците малку, може да се изненадите пријатно.;)
     
    На _iKarmen, Mięta, Honey Eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Како не се активираше темава со изведувачи и искуства наместо со сензационализам? Туку, муабетот е дека е важно што работи се прикажуваат во црквата. Стејџот го има мислам уште од почеток на фестивалот ама никогаш немало таков вид. Акустичен објект е погоден за помирни настани, а за текно, рок, транс и останато - имаше други стејџови.

    Туку имам многу замерки за овогодинешната организација ама ми треба повеќе време па за тоа подоцна. Само сакам да кажам дека многу ми се допадна идејата за поддршка на македонската музика и артисти кои вредат премногу ама се многу малку познати. Многу се радував што ги слушнав сите нив.

    А публиката...се познава кои се постари кампери и посетители и релативно помлади. Поставите со респект за опкруѓувањето, поновите лом направија плус никаков осет немаат за ништо.
     
    На Mięta, Waverly Raven и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    супер тоа, у Бигорски идат да се лечат.
    а овде идат да се ,,излечат“ од секојдневието.
    да беше нешто културно каково Света Софија океј, а вака збирштина наркомани?
    многу убаво
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Добро, прочита дека не е црква? Како тоа си замислувате некој му текнало без дозвола да прави журка?

    Ама со коментариве само твојата култура си ја покажуваш. Ќе идела она на културно :D. Може ама да беше аца лукас, прва ќе беше.
     
    На Angie1432, Аргентина * и Astrum.Obtutus им се допаѓа ова.