Инаку Констракта не слушав многу, има 2 3 песни што ми се допаѓаат ептен, а другите ми се онака некако досадни. Добар артист е у секој случај. Многу добар впечаток ми оставија Dope куќата. Одлични!
Не сум била на Д фестивал никогаш, но ги читам коментарите за Црквата. Ништо ново за Европа, но за Мк да. Многу журки се прават во поранешни цркви и тоа хаус, транс итн. Поготово Швајцарија е преполна со вакви журки, секоја 3та црква се изнајмнува за најразлични видови на настани. Е сега дали е тоа ок или не, секој има право на мислење. Битно не е ништо ново .
Леле не ми се верува каква дебата се отвори за црквата. Глупости... Цело време има таму настани, ама сеа е проблем пошо техно, одма сатанизам, наркомани. Едуцирајте се малку пред да се расфрлате со поими. Се што вас ви е страно и непознато не е сатанизам уреду е. Отворете интернет пошо го имате и видете во светов каде се се одржуваат токму техно журки, на гз ќе паднете. И аман више од „верициве“ шо у црква идат од велигден на велигден и тоа за да си напраат муабет со другарите собрани.
Не знам како во 21 век, 2022 година уште ви е шокантно дека имало журка во ,верски објект'. Во Англија ваквите журки беа популарни пред повеќе од 10 години, зарем не сте гледале по филмови и серии. Башка што местото не е ни верски објект веќе, него служи за културни настани. Сигурно нема во место како Канео да се прави журка. Eве чисто колку за споредба, журка во верски објект во Прага, каде што е третирано сосема нормално, и никој не ги смета луѓето што се на журката за ,наркомани'. Со мислењава сте заостанати ко во 70/80тите коа за луѓе што поштуваа рок музика ги правеле сатанисти. Во однос на Д фестивал, не бев, не сум била воопшто откако се оддржува, чисто зошто е ептен надвор од моја комфорт зона а и артистите не се некако по мој вкус.
@Feminka22 не кажа ништо лошо. Кажа дека е верник, истото сум и јас. Ја сакам и ја почитувам мојата вера. Никогаш не би одела на журка во верски објект без разлика пред колку стотици или илјади години бил изграден, полусрушен или веќе непризнат како црква. Почетната намена била верски објект, и тоа кажува се. Не би одела во црква да се журкам летва пијана направена, на наркотици (што немам никогаш пробано ве молам не ме праќајте во Бигорски), да се траскам од земја пред крстот, земјо голтни ме. Безразлика дали е веќе црква или не, црковниот и Божјиот дух секогаш ќе живее таму. Не е грев во црква да има музика, има настапи на оперски пејачи, хорови и слично, ама техно журка со 200 души издрогирани кои не знаат што со себе а не пак со религијата? Тоа што не го оправдувам овој настан не значи дека им судам на тие што биле. И ова мислење не е неедуцираност, идиотизам или глупсвост. Секој има свој став, морал, идеали, верувања и граници.
Не судиш ама тврдиш дека сите таму биле наркомани и вршеле богохулие. Од кај знаеш дека сите таму не се верници кои преку музиката биле поблиску до господ? Може се верници и повеќе од вас кои многу љубат објекти. Исус бил највише против црквите, ама кој од вас отворил да прочита. Се чукате во верата само за да ширите омаловажување, предрасуди и навреди кон други луѓе.
Може затоа што беа најдени повеќе видови на наркотици кај повеќето? И после на другите настани како партал претресуваа.
Токму така. Претресот беше извршен пред главната сцена и по улица Исто како и секоја година. Да повториме, тоа шо ви е страно, не е богохулие и не се наркомани и сатанисти.
Како прво, не се работи за црква туку за пренаменет објект. Мене нешто друго ми боде очи во муабетот. Никој не смее на било кого да му забрани влез во црква затоа што е наркоман. Ако сака туристички ќе влегува, ако сака како верник. Нему најмногу му треба помош, доколку постои Господ во каков што верувате, али познато е дека инквизицијата секогаш вадела правила од г'з, па така и неоинквизицијава.
Многу луѓе, а и самата јас, бевме таму и не сме наркомани, мада и кога би пробала од сѐ по нешто тоа не ме прави наркоман. Не сум зависник од дроги. Лично јас ни пушам цигари, ни пробувам наркотици ниту пак се пијанчам надвор од граници. И тоа не ме прави заостаната. Тоа што слушам одреден вид на музика исто така не ме прави наркоман. Тоа што не сум факинг верник исто така не ме прави неморална и зла особа. Тоа е исто како да земам сега јас да зборам дека од вас верниците пола сте мафијаши, убијци, крадци и лажговци(што до некаде навистина е така). Мафијаши со крстови истетовирани, крст ланец околу вратот и икона у колата. Он ВЕРУВА ВО НЕКОЈ ГОСПОД, а тоа што врши криминал.. Хехе, ќе бакне некоја икона и простено ќе му биде. Вака функционират. И дај престанете да се брукате во вакви теми. Предлагам да се зборува за позитивните искуства од Д фестот.
Мислам дека овој Д фест ја надмина посетеноста од претходните години, што кажува доволно. Имаа добри артисти и делумно добра организација. Како некој што често оди по фестивали и во МК и надвор, имам неколку забелешки, но не ми е целта да критикувам. Дојдов да пофалам затоа што ми е ќеиф што сепак и во Македонија може да има нешто што не е шлајм. Напротив, добра музика, позитива, млади луѓе, ентузијасти на едно место. Времето на Д фест допрва доаѓа, ќе расте и ќе созрева И дај престанете со тоа генерализирање дека ако слушаш електронска музика по дифолт си наркоман. 2022 е
Не е генерализирање, така е у 90% од случаите. Знам од искуство, лично.Океј? Ниеден од овие што идат на Дфеср не иде со празен џеб таму (без супстанци), свака част на тие шо идат трезни, ама сѐ помалце ги има такви.Затоа првата вечер 18 души фатија
Не е баш така реално, генерализирање и стереотип е. Еве и јас само таква музика слушам, а ни цигара во живот немам запалено, не па нешто друго да земам. Не бев на Д фест ради обврски ама убаво е да се види дека и нешто поинаку од турбофолк сцената се дешава и кај нас. Баш поддржувам појше вакви настани да има. Многу познавам што слушаме ваква музика, а ништо не користиме, така да нема веза. Има и такви што користат ама не е фер ради такви сите во ист кош да се ставаат што сакаат и слушаат ваква музика.