Погубна одлука. Јас се збогував со д фест минатото лето затоа што се големи преваранти ама и да не беше така, пак не би одела во Штип. Можам да го разберам моментот дека во Дојран имале проблеми од х причини ама изборот да падне во Штип?! Подобро во Миравци да го преместат, колку толку да се задржи духот на фестивалот - камп, вода, плажа. А за ребрендингот подобро да не коментирам.
Гледам во коментарите на објавата има поделени мислења. Меѓутоа, најмногу ме интересира причината за преместувањето бидејќи се шпекулира дека не добиле дозвола за повторно организирање на фестивалот во Дојран…
Ужас! Имаше најави уште од лани дека ќе го преместуваат, ама ова.. боже ме сачувај. Пиши пропало. Едит: Коментарите на фб многу ги плукаа, бар прееска кога видов, сега нз. Исто како членката горе јас лани кажав чао на д фест, а одев уште од кога беше аларм фест. Можеле да најдат др место со вода
И мене живо ме интересира. Во вакви организации претпоставувам мора да има некој deal помеѓу организаторот и институциите, е сега кому што престанало да одговара не знам. А па, баш ме чуди што паднал договор со Штип и тоа раководство. Како и да е, катастрофа одлука. Не познавам човек што рече добро е.
Колешка ми кажа дека читала интервју со градоначалникот во кое он зборел дека се што барале организаторите им било дадено и дека во повеќе наврати и им биле простувани долгови за вода, струја итн. Кај пукнала тиквата не знам
Д фестивал строго се поврзува со Дојран. Да се праша некого што има во Дојран, ќе рече Д фестивал. Тоа е обележјето на градот (на некој начин). Ептен ќе се качуваат на брдата во Штип сега. Ама таман е за скопјани, по новиот пат.
Што е бре ова?? Филингот во Дојран е поинаков, езерце, шатори, кампови, лето... Заебаа работа. Се надевам нема од фестивалов да направат компиријада.
The Festival 2025 (Ex D Festival), Shtip Петок: Бојана Скендеровски Сабота: Спасен Силјаноски Недела: Слаџа, предгрупа Либеро Бенд Мои прогнози.
Што имаш против компири јадење Многу разочарувачка одлука. Многу реакции читав и Штип си има доволно настани, немаше потреба од преместување на постоечки. Можеше и друг фестивал да се почне или продолжи некој постоечки. Дури и штипјани се разочарани што нема да е во Дојран. А и сместувачки капацитети нема да има доволно затоа што место за шатори секако дека нема. Ако е во Штип, нема да одам. Не сме во Холандија каде температурите се добри за одржување ваков фестивал без опција за освежување во сред лето. Дојран си е Дојран.
Вие што бевте лани како ви се допадна фестивалот? Дали ви беа забавни активностите, работилниците? Дали вреди да се посети ? Споделете искуства