1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЕДА-Диета

Дискусија во 'Диети' започната од GaY.bOy, 6 октомври 2011.

  1. GaY.bOy

    GaY.bOy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Секое утро, најпрво што треба да направите е да испиете колку што е можно повеќе топла вода. Можете да исцедете и половина или цел лимон по ваша желба. Ова е едно од најважните работи од диетава, зашто многу помага во согорувањето на калориите, дури и при извршувањето на секојдневните физички активности! Значи, диетава не е нешто многу „колоритна“, и според мене, ја имам држено многу пати, не е ни воопшто тешка! Еве што се јади:

    1 ден
    само 1 килограм варени компири
    (јас секогаш ги јадам во вид на салата со кромид - нема ништо поубаво)

    2 ден
    само 1 литар јогурт/кисело млеко

    3 ден
    само 1 килограм јаболка

    4 ден
    еден килограм варено пилешко месо

    После четвртиот ден се прави пауза, односно се јади умерено (се разбира дека не слатки, леб или други јагленохидратни/калорични производи) со големо внимание и тоа три дена т.е до седмиот ден! Потоа повторно се започнува со горенаведениот распоред!

    Диетата е особено препорачлива за оние кои што сакаат да ослабат, а и истовремено имаат голема физичка активност (фитнес, спортување итн...) Во случај на таква физичка активност дозволено е и зголемување на количините на намирниците поради поголемата потреба од енергија (На пр: Наместо килограм компири може да се изеде килограм и половина, па дури и два килограми во зависност од чувството за глад). Нема никакви последици за здравјето, ова ви го зборувам од искуство, бидејќи мноогу пати ја имам држено диетава. Со физичка активност и прилично придржување до правилата за еден месец се слабее 10 и повеќе килограми, а мојата мајка симна точно 25 килограми за месец и пол или два месеци и сеуште по 20 години е на истата тежина. Меѓутоа, морам да напоменам, дека по завршувањето на диетата (што најмногу зависи од организмот) и јадете како што сте јаделе пред започнувањето на диетата може да настане јојо-ефект! Но, кај еден од сто души. Како што кажав и претходно, мајка ми ослабила токму со оваа диета и жената си јади колку што и душа сака сега и ни грам се нема здебелено, така да не е страшно! Исто така можете да пиете и кафе колку што сакате, но без шеќер. Од газираните пијалоци дозволена е киселата вода, а знаете дека за секоја диета важно е да се пие голема количина вода дневно. Сок НИКАКО!


    Секој што ќе се одлучи на овој режим СЛОБОДНО може да побара помош или совет од мене во ЛП, а се разбира и да ги сподели своите резултати!

    Со среќа :)
     
    На Ellena07, Beauchamp и mamma им се допаѓа ова.