1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЕКТС глупост

Дискусија во 'Образование' започната од Lacrymosa, 1 февруари 2010.

  1. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    ЕКтс системот е една од најглупите работи што ни ја продаде ЕУ. Може системот си е добар за европски услови, но кај нас е чиста глупост...
    отценката ти се состои од 3 дела те од 100 поени:
    70 поени 2 колоквиума или испит
    20 поени есеј
    10 поени активност

    учењето се базира на:
    фотографска меморија
    најди прашања
    пробај да препишуваш

    Испит:
    испитот е чиста глупост... грешка, испитот е натпревар на професорите кој покомплицирани прашања ке даде, се состои од прашање и 5 понудени солуции од кои најчесто е сменет само сврзник и ти треба да сетиш како точно било пишано во книгата. Во прашањата можеш да најдеш фусноти, небитни ствари додека тешко да најдеш прашање што ти е фундаментално за предметот кој го полагаш ( секоја чест на оние професори каи гледаат да имаш научено, а не да те зезнат те секоја чест на професорката финансово).

    Есеј:
    е есејот е приказана за себе, дали ќе му го погодиш стилот на прегледувачот, политичката ориентација ( со оглед на тоа кои професори се на правен бога ми мораш да пазиш и тоа ненормално многу), кога ти викаат да ставиш сопствено мислење во никој случај не смееш да го правиш тоа и отценувањето е прилично субјективно. Може ти да ја имаш несвест сработено темата, а тоа да не е желбата од прегледувачот и да си наебеш

    Активност:
    активноста е башка муабет. Во групи од 100 души ти за 12 предавања те 12 дена предавање треба да собереш 10 поени. КАКО???? треба да се тепаш за да те праша? треба на колегите да им ги скратиш рацете да не креваат за да собереш поени??? да се групи од по 30-40 души пак некако ама со 100 души активност да собираш е лудост... еве нека не идат 100 души на предавања ама 60 идат редовно

    Отценки ( стриктно за на правен)
    прагот за положување е 61 поен со што мораш да имаш по минимум 18 на колоквиумите или 36 на испитот
    61-69 = 6ка
    69-76= 7ца
    77-85 = 8ца
    85- 92/93= 9ка
    и надаље е 10ка...

    ти треба да се окозиш за да стигнеш до 10ка..
    Процентот на положени е поголем, но просекот е мизерен..
    башка мораш да имаш 61% присутност на предавања за да имаш право да полагаш, а во ЕКТС канцеларијата често праат глупости и после ни сам Господ неможе да ти помогне да им докажеш дека ти си бил на предавања...

    и што мислите вие за овој систем на студирање?
     
    На Iskra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.771
    Допаѓања:
    131.064
    Шо знам, мислам дека е безврска. Во принцип полесно е да поминеш од порано, затоа што те тераат на некоја редовност, ама сепак некако глупо ми е на факултет да полагаш така. Друго е кога ќе го научиш цел испит, и одиш да го полагаш, добиваш комплетна слика за областа што се учи. Е лошото е што немаш доволен мотив да учиш редовно (секоја чест на исклучоците, од секогаш сум им се восхитувала), па кога ќе треба да полагаш на материјал што е слушан цела година, не знаеш од каде да почнеш.

    Редовноста е ок, само треба да те ангажираат некако, а како да те ангажираат кога групите се по 500 луѓе? Во старт е утната работата. Башка за ЕКТС веќе има и дискусии низ европа дека е утнат, и дека многу понеквалитетно е образованието на тој начин.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ЕКТС и не е баш глупост,добро е што е со колоквиуми,а да полагаш цел испит,и да не речам плус историски што опфаќа временски периоди,па кој што направил,зошто,што се случило,значи мое мислење е дека иако е цел испит,усмено,може потешко, но имаш знаење,но и можност да се изразиш како што треба,твоите размислувања,гледишта,а според тоа и ке си ја добиеш заслужената оценка.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.495
    Пол:
    Женски
    Кај мене скоро и да не се применува ЕКТС. А и од друга страна овој систем не е ни разработен како што треба. Колоквиумите ни ги укинаа во трета со изговор дека сме биле премногу студенти и сега се си полагаме на испит. Не се ни следи системот на оценување, а и да ги прашаме нешто поим немаат ни што ни како.
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    според мене не се глупости, на мојот факултет се применува ова и супер функционира, имаме 60% од тоа што ќе го направиме на колоквиумите 20% од семинарска + презентирање на семинарската, 10% од присуство и 10% од активност на час :) така што мора да бидеме редовни на предавањата и да ги пишуваме задачите кои ни ги даваат за дома....па имаме шанса и да утнеме нешто на полагањата да си ја зголемиме оценката со останатите работи :D воедно не е само она класично предавање каде доаѓаш и слушаш сувопарна материја (теорија) туку професорите иницираат интеракција на предавањата и развивање на ораторските способности. :mrgreen:
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    ЕКТС можеби има добар концепт на оценување преку активност, пракса и учење но не е секаде изводливо, неможе секоја наука да ја цепкаш на колкоквиуми или да бараш активност, медицината , матеметиката , јазиците, економијата, правото се учат на различен начин.
    Доколку веќе мораше да се воведе ЕКТС тогаш требаше неколку години да се работи на приспособуваќе на просторните услови, кадарот, литературата и досегашните навики за полагање на испити па потоа да се воведе ЕКТС но сепак да се направат мали измени во самиот ЕКТС систем според потребите на секој факултет.
    А им текна од денес за утре, секоја сесија изненадуваат со новитети а нема капацитети за нивно спроведувње. Јас сум апсолвент и малку затекнав од овој хаос наречен ЕКТС. Во глобала не ми се допаѓа начинот на кој се спроведува а тоа дека требаше да воведат измени во високото образование беше повеќе од евидентно, но вака само се сменија проблемите а не се решија.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    не е многу лошо но го поддржувам мислењето за активноста групи од 100 души нема шанси сите да бидат активни..мене лично единствено тоа не ми се допаѓа од ЕКТС
     
  8. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Lacrymosa потполно се согласувам со тебе баш убаво си го опишала жива глупост е, а тоа дека ако немаш 70 % од присуство не ти даваат потписи, а без потпис не можеш да завериш семестар :? Мислам дека е баш тапа систем :?
     
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Значи како и да е сепак и да ти се дадени одговорите ако не си научил тешко дека ке го заокружиш точното, ако човек сака да седне и да науче ке науче а ако еден човек сака да се извлекува ниту еден систем не му помага, точно е дека е полесно што испитите се полагаат на колоквиуми меѓутоа сметам дека со учењето на материјалот за колоквиум материјалот се учи подетално во споредба со учењето за испит, јас не гледам ништо во тоа кога некои студенти одат и си купуваат семинарски или есеи за мене тоа е чиста глупос тие самите си го намалуваат коефициентот на интелигенција јас до сега никогаш не сум купила семинарска или есеј затоа што можам доволно да размислам и да си напишам сама, сума сумарум според мене ЕКТС и не е така лош систем
     
  10. Pepelashka

    Pepelashka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Ама можеш да си го купиш потписот. Е сега не знам точно колку се плаќа а и мислам дека на секој факултет е различна цена. Инаку на мојот факултет ЕКТС секој професор си го спроведува на свој начин :D Веќе сум 4та година и до сега од не знам ти колку професори сум имала, а според тоа и толку различни ЕКТС системи :lol: Само една професорка го спроведува целосно и прописно!!! 2008 бев еден семестар во Германија на студирање и таму се работи само според ЕКТС. Верувајте ми многу е послесно со ЕКТС ама кога цел факултет би работел според него!!
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас студирам на Јустинијан Први, кај нас е применет во целост и можам да кажам дека е премногу глупав систем. На колоквиумите подобро би се снашла доколку би требала целосен одговор дададам отколку да заокружувам. Професорите даваат многу слични одговори со цел да не збунат, па така често се случува од 5 можни одговори да се двоумам измеѓу 4!
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    najmnogu od se me nerviraat zadolzitelnoto prisustvo i seminarskite. seminarskite ne se nikakov pokazatel za toa kolku ti znaes od materijalot. sto se odnesuva do prisustvtoto, ako sum jas navistina bolna edna nedela i ne mozam da odam, avtomatki gubam poeni, mozebi ne mnogu, no sepak mozebi presudni za povisoka ocenka. nema nisto poubavo od ona-kolku znaes tolku dobivas.a ne nekoj sto ne naucil uste gramatika na makedonski jazik i edvaj se izrazuva,ima dve ocenki ponisko od mene,a ja sum se utepala od ucenje-ama sum bila bolna pa toa :x
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. erka

    erka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    И јас студирам на Јустинијан први и сум сега прва година вонредно и маки мачам да фатам услов за втор семестар кај треба на тестот да фатам 41поен и плус од есеј 20а кои ке ти даде 20поена на есеј ,а со прашањата поарно да не зборам стварно многу е тешко незнам што ке правам само ке гледам како така да положам да фатам услов до септеври за втора и од втора да се пишам редовно.
     
  14. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    ЕКТС во делот на колоквиумите форсира учење на памет! Нешто за што сум тотално против, иако меѓу луѓето постои стереотип дека правниците "бубаат". Баш напротив, во правото има многу логика, и само добар правник кој може да ја користи е вистински правник. Понудените прашања на колоквиум често пати знаат да бидат тотални глупости, непотребни работи, а тука се и прашањата со понудени премногу слични одговори - што значи навистина треба да имаш научено на памет за да го погодиш точниот одговор. Со вакво полагање, нема да има добри правници.

    Меѓутоа, во делот на поените од активност и барањето присуство на часовите е ок. За да бидеш добар студент е потребно и да ги слушаш предавањата, и пред се, да учествуваш во нив. Има часови кои се доста интерактивни и интересни, од кои многу се учи (симулации на донесување закони, судења).

    Конечно, есејот... Го оправдувам и дефинитивно сум за. Битно е за секој правник да знае писмено да се изразува. Освен тоа, есеите често не се само обично раскажување на лекции, туку решавање на случаи, практична примена на теоретското знаење.

    Сума сумарум, ЕКТС системот доста наликува на средношколскиот начин на учење, бара редовно учење и присуство, што е добро. Единствено, сериозна забелешка за прашањата со заокружување на колоквиуми/испити! Поздрав за сите правници! :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.902
    Допаѓања:
    32.476
    Пол:
    Женски
    ЕКТС е една голема глупост. Студирам на правен и полагањата се со заокружување на одговорите на прашањата. Прашањата се многу зезнати, а тоа го прават за да не положат многу студенти. Од 4 понудени одговори само 1 е различен, а останатите 3 се слични (а во тие 3 е точниот одговор). Колку и да научил студентот, тоа ќе го збуни и тешко дека ќе го положи колоквиумот или испитот. Поени за активност тешко се добиваат. Во група од 100 студенти нема шанси студентот да ги собере сите 10 поени. Есеите се најголемата глупост. Како може да се смета за есеј тема од книгата, што треба да се раскажува. Многу тешко се добиваат 20 поени. Се зависи од тоа како е расположен асистентот. Често се случува студентот добро да го напишал есејот и пак да не добие 20 поени, само затоа што асистентот не бил добро расположен тогаш кога го прегледувал есејот. Катастрофа.
     
  16. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    ЕКТС, во Македонија??? Тотална глупост :!: Ваквиот систем може да функционира во некои поидеални општества од нашето, каде образованието не во колапс како кај нас...Само една работа не ми е јасна :^) Мислам дека овој систем вклучува и размена на студенти, ако не се лажам :^) На пр. се разменуваат студенти од ист смер и нашиов иде да речеме на Сорбона во Франција, а Французинот доаѓа тука... :^) Јас не студирав по ЕКТС, ама по она што некои студенти ми кажуваат, тоа е чиста глупост(кај нас мислев..), бидејќи не може да се реализира...
     
  17. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ектс подразбира и имање колоквиуми а кај нас ни еден нема и само пари си даваш ако не положиш некој предмет :@ :@ :@ :@
     
  18. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Да не се лажеме самите себе..Кај нас има теорија на „организиран хаос“. Ко преживи причаче. Реално..Ни Е од ЕКТС ни с од СИСТЕМ немаме по факултетиве... Некоја верзија што им одговара на месиите во кожните фотељи, ем да не работат ем да не се замараат. Тоа има кај нас... СВЕ КОМПЈУТЕРСКИ, нема консултации, укинуваат сесии, нема казнени сесии, нема усно дополагање, писмено се полага и што треба и што не треба, демек - со заокружување полесно - па ќе ти го спопикаат со тест пол фусноти, демек од есеј имаш 10 бода - а тоа никој не ти го ни чита ти лупаат на лепе очи бодови, нема приговори за проверен тест ПОШТО КОМПЈУТЕР ПРОВЕРУВА а он е безгрешен па ти ПУКНИ!...
    Се знае како тоа треба да функционира...Сервилноста на студентски прашања асистенти и професори е сведена на нула, повеќе од тоа - се префрли кај студентите...Наместо да помагаат, одмагаат, ти копаат дупка и те буткаат во неа. Тврдам дека имаме стручен интелектуален потенцијал со челични живци и ИЧ не е мала работа кај нас регуларно да си дипломираш на државен факултет...
    Знам случаи на студенти кои на апчиња се од такви стресови. Нездрава работа. Според мене ако не заеш да го спроведеш ич не го спроведувај. Не знаат кај им е гзот кај главата. Денес вака утре оп нов закон, ај пу пу не важи за едно 2-3 генерации...
    Зошто? Зошто македонскиот студент е навикнат да е во гом*а до гуша...па шо има везе..Еве ти го тилот, плесни ми заушка!
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Убав наслов ЕКТС глупост. Како можи бре медицина на прашања со заокружување да полагаш??? Е затоа кај нас извинете на речникот, ама мамицата ни јас ебаа со ЕКТС.
    Присуство на факултет: кој нормален може да издржи од 8-13 часот на предавања, па потоа до 18 часот а некогаш и подолго на вежби. Измеѓу предавањата ај има по 15мин пауза, ама кај нас вежбите се одвиваат 3часа без пауза. Значи секој ден од понеделник до петок, по 10 сати на факултет, и јас после тоа треба да бидам способна да седнам да поучам. Нема теортски шанси. Дур да стигнам дома ќе ме фати 19 часот, јадење ова она дошол 21 часот и јас не можев буквално да дишам од уморна. Само уште да посочам дека нашиот преубав факултет НЕМАМЕ ВЦ!!! Ако сакаме во ВЦ по клиники во тие на пациентите, милина што да раскажувам.
    Колоквиуми: Во зависност од катедрата и како е расположен шефот на катедра. Има колоквиуми нормални, со по еден точен одговор, има колоквиуми со 5 понудени одговори, од кои немаш појма колку се точни, така да ако 3 се точни а ти си заокружил 2 или 4, ти замина јабана прашањето. А има и колоквиуми кои фино лепо усно си ги полагаме. Заклучок-за џабе малтретирање и нерви кинење, треба да ги положиш сите колоквиуми за на крај да си одиш на завршен испит ЦЕЛ, УСНО полагање и ПРАКТИЧНО.
    Активност: Зависи како е расположен шефот на катедра пак, има катедри каде што ги даваат сите поени без проблем, а има катедри каде пред да земиш оцена ти кажуваат дека не ги рачунале тие поени.

    Кратко кажано, за ништо не го бива овој систем, и на нашиот факултет е само дополнително малтретирање за студентите. Многу подобра е старата програма, кај нас само се додадени колоквиумите, пак си полагаш цел испит усно на крај, губиме време на предавања и професорите имаат шанса да не врткаат како сакаат.
     
  20. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Стварно нема смисла ова по цел ден на факултет и ни еден е**н ден слободен за учење и после ќе полагаме по 44254 пати еден испит а они ќе се полнат со пари од ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТ :@ :@ :@ :@ :@