1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЕКТС глупост

Дискусија во 'Образование' започната од Lacrymosa, 1 февруари 2010.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Поголема глупост од ЕКТС немало нема ни да има мислам стварно е глупо сега да правиш семинарска која ти носи 10 бода и тоа никој не ти гарантира дека ќе ги добиеш сите поени а доколку немаш семинарска нема да имаш поени да положиш освен ако на колоквиум освоиш повисоки поени а доколку одиш на испит тешка работа за повисоки поени. Едно поен4е да ти фали нема да те пуштат да положиш така да семинарската е еден вид сигурност, затоа што и да молиш за поени после намерно нема да ти дадат :devil: :devil:

    2.Домашните задачи ми се жива глупост исто како да се враќаме назад во осново :devil: :devil:

    3. Присуство на факултетот каде што јас студирам т.е на Економски факултет - ПРИЛЕП со 3- немаш право на колоквиум така да мораш да одиш абе у.п.м системов и свееееееее :devil: :devil:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    На teddygirl, crazylady, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не може човек на раат да се разболе од ЕКТС, сега си вадев ,,оправдање,,. Исто како во добрите, стари времиња на основното образование. :D

    Од друга страна, па тоа со колоквиумите е ептен олесната работа, така да... Не знам, меч со две острици.

    Ма кој ме прашува мене што сакам и што не сакам, јас секој ден си пишувам мејлови со ЕКТС служба. Менувам изборни, па ова, па она... Најажурни се тие дечки таму. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Вака сега. Кај мене се појави еден проблем. Сега треба да сум четврта,си уплатив се што требаше,и од студентски ми кажаа дека не можам да ја запишам зашто ми фалат 2 кредита,јас имам 148,а за да запишам четврта ми требаат 150. сега,јас како што знам,со овој систем не се пишува квадрат ( ова не било квадрат,ама исто му доаѓа,штом не можам да запишам година). И сега ми вика дека треба да платам по 100 ден за кредит,значи во мојот случај 200 ден., и му викам ако ги уплатам,значи ке можам да ја запишам четврта,ми вика не,пак трета. Е сега не ми е јасно зашто да ги уплаќам тие 200 ден. ако пак нема да завршам работа? Нели со овој кредит-трансфер систем нема губење година? Или јас грешка сум сфатила :?: А читам Трендафилка пишала дека е четврта,а има заостанати 8 испити од прва? Ве молам ако некоја од вас ке знае да ми објасни поубаво,се шекнав веке :@ а таман си викав уште оваа година ми е и готово
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    E ова најмногу ме иритира!
    Навистина ,од триесет професори нема да најдеш ни двајца кои во целост и идентично го почитуваат и спроведуваат начинот на ЕКТС.
    Ако сака да ти даде потпис - ќе ти даде и со редовност и без неа ,ако не сака - ќе си презапишиш и адио маре!
    Мене ми се случи да имам изработено три семинарски кај една професорка ,а само едната ми беше внесена во пријавата.Тука по автоматизам губам цела оцена ,што за мене е и тоа како битно.


    Друг случај ,исто околу семинарските ,професорката ми дава материјали од српски и еден од бугарски да ги преведам и ете тоа да ми се смета за семинарска (по два предмети). Јас ја прашувам кога е последниот рок за предавање на семинарските (бидејќи имаште повеќе од сто страници за превод ,да знам да се запнам) ,таа ми вика кога сакаш ,не е одредено.

    И и ги носам јас по месец дена откако ми ги даде и типкава ми вика "Ами оти не дојде на денот на испитот да ми ги предадеш ,јас не ти ги евидентирав во пријавите" и оп!
    Маршелинката наместо 9 по едниот и 10 по другиот предмет ,си добива две осумки (за едната бев со поен на граница до 9 и неми ја пиша деветката) ,мртва разочарана и збесната си оди дома и пцуе по се живо ,чувствувајќи се усрано ко Калимеро!
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ангелче, за жал, мислам дека навистина не можеш да запишеш следна година.Треба минимум 30 кредити да положиш од една, за да запишеш следна.Е сега, грешката е малку и твоја, си требала да се распрашаш што и како е, кога веќе знаеш дека имаш доста неположени предмети.
    Тоа со плаќањето не знам, кај мене на фак поинаку се плаќа, ама обиди се да замолиш да те пуштат за тие два кредита.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Мене лично, засега како бруцош на мојов факултет ми одговара овој систем. Не знам дали во целост е реализиран или не, битно мене маката од учење цели учебници по 8 предмети за во јуни ми е скратена. :) Исто така активност и редовност кај нас бараат само асистентите на вежби, а во мојата група па и нема нешто заинтересирани глави за + поени, така да.. одлично! Друга работа, знам и ме радува што немаме професори кои даваат ср*ња од типот тестови со заокружување како што ве читам повеќето кои имате.. Супер ми е и оној принцип на вадење оценка од сите наши активности, бидејќи и доколку зафркниш нешто на некој колоквиум, токму тие дополнителни поени можат дури и дебело да те извадат и да добиеш 2 оценки фазла. Е сеа.. колку што разбрав од објаснувањата на професорите.. мислам 10 неможеш да имаш без дополнителните (или се лажам.. не знам). Само тоа ќе го споменам за негативна страна ии тоа е тоаа. :)
     
  8. blueish

    blueish Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    EKTS e navistina dobar sistem,ovozmozuva fleksibilnost na site polinja, no za zal nasite profesori uste ne se zapoznaeni kako navistina funkcionira EKTS. Koga bev prva godina site razlicno odgovaraa na nasite prasanja povrzani so studiite. Ako imas srekja kje doznaes nesto slucajno na kafe muabet so kolegite , ako ne nikoj ne ti kazuva nisto duri i koga prasuvas. Na site studenti razlicni pravila im kazuvaat od studentski, eden predmet e na kolokviumi ( pet prasanja da raskazes i slicno) a drug e na ispit, odis redovno na predavanja i vezbi , skisnuvas po cel den na fakultet za na kraj da ne dobies ni poen od toa,ednas ti vikaat edno drugpat ti kazuvaat drugo, na kraj nemozat da se spravat pa site predmeti gi stavaat na ispit, koga i toa ne go biva pak biraat po nekoj za na kolokvium da bide. Cetiri godini i vo sekoja se e razlicno, dodeka da naucis kako da funkcioniras i kako da ja dobies posakuvanata ocenka ke ja izgubis voljata.Iskreno, ogorcena sum od ekts ama sto e toa e neli se fativ na oro ke igram, se nadevam deka vo idnina ke se smeni nesto.
    Se razbira ne e na site fakulteti isto, i na nasiov sega ima napredok, vekje ja svakjaat "fintata". No sto so nas prvite generacii na EKTS? Koj ke ni go vrati ona sto go izgubivme? Nasiot trud ne bese pravilno vrednuvan....
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Глупавиот ЕКТС ситем, има и некои добри страни , но и некои лоши страни. На пример, ако претходно за еден неположен испит се паѓаше година, сега можиш самиот да си се зглавиш во годината со сите тие можности. На пример ФИНКИ, е факултет кај што ненормално многу е применет ЕКТС системот. Сепак тоа не ги прави студентите на истиот подобри и помотивирани.Еве и зошто. НА овој факултет за секој предмет има колоквиуми, и има 2 испитни сесии исто сите скоро предмети се услов за наредната година, така да кредитите пикнете си ги в г**, бидејќи вие сте заглавени во годината и немате можност во 4 та година да п0лагате испити од 1 или 2 ра година. Тие колоквиумите ретко кој може да ги искористи во своја полза, бидејќи секој ден студентите имаат лабараториски вежби, аудиториски вежби и предавање. Лабараториските вежби се од најголемо значење, бидејќи ако имате 2 отсуства на истите немате право на потпис и полагање на испит.ПА сега кога сте 8-9 саати на факултет на предавње на , удиториски вежби и секако задолжителните лабараториски, вие преморени ќе немате ниту време ниту нерви даго научите материјалот изучен тој ден бидејќи материјалот што сте го зеле тој ден е мин 30-50 страни , а вие морате да чекате до полноќ и покасно, дабидат објавени лабараториските вежби за следниот ден и да ги научите за да добиете поени.Единствено ви останува да учите за викенд.ГИ нема глупавите списоци присуство што на другите факултети добро ги манипулираат наоѓаат неколку жртви што ги потпишуваа уште 5-6 души, а професорите се прават наудрени и на другите факултети имаат дводекадни сесии, кај нас тоа го нема. Сепак како факултет на кој што е безмислено да не се оди на предавање и 70% од испитите и колокиумите содржат содржини што се напредавање а не ги има баш најдобро во литературата или пак се тешко разбирливи бидејќи литературата е 95% на англиски јазик и содржат многу стучни зборови, 80% од групите сме редовни и на вежби ина предавање ,а немаме никакви поени за тоа и мислам дека тие списоци за присуство би биле добредојдени. Сепак на другите факултети освен вежбите или на некои предавање не им е задолжително присуството, но и немаат дополнителни поени за ништо се оди на колоквиуми на испити и толку. кај нас олеснителна околност оод глупавиот ЕКТС систем, се претешките тестови и секојдневните лабараториски вежби што носат ете да речеме се на се максимум 30%, од оценката. Така да овај ЕКТС системот или треба секаде да еднакво и рационално да се примени или целосно да се исфрли од образовниот систем.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Мене лично ваквиот систем воопшто не ми се допаѓа. Зошто??? Затоа што создава синдром на вечити студенти. Не дека истите ги немаше порано, меѓутоа, можеш да бидеш апсолвент со неположени испити од претходните години, па ај фати ред и крај.
    Порано се знаеше, ако не фатиш услов во септември или во казнената сесија, си пишуваш квадрат. Ако не исчистиш година во февруари, пак си пишуваш квадрат и сите студенти имаа некаква цел поставено пред себе. А во човечката природа е дека ако не дојде јајце на г’з, работите не се сфаќаат сериозно. Ги бркавме сесиите, си одевме редовно и на предавања и на вежби и тогаш имаше колоквиуми. Само разликата е во тоа што имавме поголема мотивација и поквалитетно образование.
    Ама јеби га целиот живот ни е на кредити и рати, па фалеше уште да се воведат и во образованието. :lol:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.131
    Пол:
    Женски
    Ах тој ЕКТС , животот ми го загорчи, верувале или не, по ЕКТС може и на дипломска да те бутнат, ете што ми се деси мене на мојот високоценет факултет. Јас сум прва генерација, значи благо речено, експериментално глувче, на нас се учеа како треба и како не треба, и фала богу што завршив па ми падна камен од срце. Покрај тоа што имавме предавања од јутра до сутра, имавме програми, семинарски, задачи, тук там понекоја домашна, и сето ова да се презентира, па ја мислам дека нема толку проекти у живот да направам колку што испрезентирав, е сега од друга страна па оценката се формира реално, според тоа колку си научил, колку си напишал и колку си се потрудил, штета што нема доволно време се од ова да се постигне. Но да бидеме реални, поранешниот систем не дозволуваше толку едноставно да се решат работите, студенти студираа со години и тоа се одолговлекуваше, иди сега да видам дали ке го запишеш испитот повеќе од два пати, па ке се одереш од пари давање, мака ке ти стане. Секако не е на секој факултет исто, кај мене на пример немаше ни купување потписи ни поени ни ништо, и за еден поен се паѓаше предмет и го презапишуваш, исто така шансите за полагање многу ограничуваат, имавме право само два пати да полагаме покрај оние колоквиуми, кои нели нормално мора да ги направиш со минимум 60 посто пошто и од нив ти се рачуна за потпис, така беше кај нас.... :D
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ЕКТС е сра*е у боја и нема потреба поише за коментар...
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам каков ЕКТ систем се применува на другите факултети (бидејќи секој факултет си го спроведува како сака), јас ќе си кажам за мојот факултет.

    ЕКТС не само што треба да се укине на правен, туку треба и да се забрани.
    Не унаказија нас студентите со тоа учење на памет.
    Вистинскиот правник треба да поседува ораторски вештини, способност за импровизација, богат речник и голема самодоверба при полемизирање со противникот.
    А што учиме ние? - Да боиме крукчиња |(
    ЕКТ системот форсира учење на памет, а во правото всушност се бара многу логика и поврзување на работите.

    Јас мразам да учам на памет, секогаш учам со разбирање и баш поради тоа немам висок просек.
    Еве на пример, да си кажам како си ја добив 7цата по облигационо право.
    Имавме два есеи кои максимум носат по 10 поени. Јас и на првиот и на вториот добив по 10 поени.
    Максимум поени за активност ни е 10, јас имав 9.
    Значи од можни 30 поени надвор од испитот, јас имав 29, што е одлично.
    Арно ама, кога ќе седнам на испит, задолжително добивам некои шугави поени и си вадам не толку добри оценки.
    И што сега - имам знаење за есеј, имам знаење на предавање, а немам за испит?
    Кога логика... Амнезија добивам кога ќе седнам пред компјутер |(
    И се извинувам што не го знам на памет цел пасус кој е извадок од учебникот, баш онака како што е напишан таму. Ми се темни кога ќе видам такви прашања на испит.

    Гледам дека со измените за новиве генерации пробуваат нешто да сменат, воведуваат усни испрашувања, ама не сум запознаена како одат тие работи, па не можам да кажам дали сега системов чини или не чини.
     
    На NikiTheGamer и Hipster им се допаѓа ова.
  14. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Исти случај сум и јас. Башка правото се учи со разбирање и логично треба да размислуваш и да ги поврзуваш работите. А не седни научи прашања и оп, висока оцена. Ама кога ќе дојде редот да се работи, пракса едно друго...се гледа кој учел со разбирање а кој одел на среќа.
    За прашањата кои беа поставувани како извадоци особено се однесуваа на стварно право, општ дел на граѓанско право и меѓународно приватно право.
     
  15. bonnie19

    bonnie19 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E881 ... 09FF46AE72

    Одлична колумна на професорот Андоновски и баш така - колку ум треба за колоквиум. Го мразам ЕКТС системот и дефинитивно кај нас тоа НЕ функционира!!!!!!!!! Искрено препорачувам да ја прочитате!
     
    На srce1507 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
  17. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Очекував да најдам ваква тема овде, а воедно и да се ослободам од негативноста заради воведувањето на овој систем. *pissed off*
    Моментално се наоѓам во период на ревизија се досега учено од факултетот. И не можам да ја оттргнам фрустрацијата која постоењето на овој систем мене лично ми ја поттикна.
    Сфаќам дека после Х години учење, сфаќам дека многу работи сум заборавила.
    Си велам, можеби проблемот е во мене, не сум обрнала доволно внимание. Еве, нека е грешката повеќе и во мене, ама се враќам на студентските денови и се присеќам дали тоа воопшто би било возможно со-
    -учење на 7-8 предмети во семестар, со колоквиумските недели кои траат по 2-3 недели, со практичните испите, со семинарските, со брзање дали не испуштиш некое предавање, ПОШО ПОЕНИ СЕ СОБИРАТ. Поените од присуство и знаење? се стават на исто рамниште. Е сега, ако разболиш, или од одредени причини не можеш да одеш на предавање, ТИЕ ИСТИ поени влијаат на оцената. Иронично as fuck.
    Материјалот кај одредени факултети, на пример, медицина, е обемно. Не е тешко, туку треба време да се сфати материјалот, да се повторува, само на еден предмет да се посвети внимание месец, два три, за да се научи добро. АМА. Зошто да е така, кога можат слободно 6-7 клинички предмети да се стават сите заедно во рок од 4-5 месеци, (константно колоквиуми) и на истите испити, кога ќе дојде ред за финалниот, да се биде специјалист во тие области. Резултатот е учено недоучено на крај. Информации од милион области, ама од тоа, само површно. Суштината на се е загубена. Плус. Фактот што се учат книги од пред 50-60 години, лоши преводи од американски книги, воведување на нови технологиии, начини на лекување, дијагноза (зборувам за медицина), уназадува уште толку.
    Можеби и јас сум виновна, иако немав живот за време на тие студентски години, сакајќи се да постигнам, не знам, ама големиот дел од вината ја препишувам на насловот од темата. Глупоста од ЕКТС, преку прашања, површно учење, се успева само во продуцирање на кадар само во квантитет,а не во квалитет.
    Ако има луѓе кои се влијателни во областа на образованието во Македонија, а и по некоја среќа го отвараат овој форум, изреволтирани од истите причини како и јас, Ве замолувам луѓе активирајте се во промена на сето ова.
    Не знам кој е бил претходниот систем, ама знам дека целата оценка, знаењето се вреднува на крајниот, устен испит, без обврска за присуствување на предавања, семинарски и слични shits.
    Да се проба барем, нема да е полошо од сега како што е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.