1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евангелисти (нововерници)

Дискусија во 'Религија' започната од elisabeta, 24 февруари 2013.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Евангелисти или нововерници се луѓе кои веруваат во библијата и во еден бог ,значи не му значат иконите ништо ,исто така и палењето свеќа и тн..па можете да дискутирате на оваа тема доколку сте информирани за истата ,јас да кажам дека повеќе верувам во евангелистичката црква.
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Ахххх добро е што отвори ваква тема баш ми требаше вакво нешто :D Јас одам во ваква црква и баш зборевме со пасторот за палење на свеќи и такви обичаи ми рече дека и они ги прават тие обичаи бидејќи е останато од поодамна и не е воопшто лошо иако немаат некои факти зашто се прави тоа ... А една жена исто така иде , таа па воопшто не иде во соборен храм и не верува во попови. Мене ми се допаѓа мислењето на пасторот и ќе си продолжам да одам и во соборен храм ...
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. andjela.p

    andjela.p Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Не е ова исто како протестантската вера?
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Евангелистичка црква, евангело-методисти, евангелска црква, баптисти и тн. се различни верски заедници но во основа учењето им е речиси исто бидејќи се базира на поставките кои ги дал основачот на реформацијата Мартин Лутер од пред неколку века на пр. Библијата за нив е врвен и единствен авторитет, ставање на акцент на верата во Исус(позната е изјавата на Лутер: „Греши храбро, верувај уште похрабро!„). Бидејќи Мартин Лутер - инаку своевремено и самиот католички свештеник - протестирал против тогашниот разврат на римо-католичката црква тој и неговите следбеници биле нарекувани протестанти или според водачот, Лутерани. Во германското говорно подрачје и низ средна европа се нарекуваат евангечистичка црква.
    Разликата е повеќе во формата како се организирани самите заедници, некои се предводени од пастори некои од некаков верски совет, некои имаат епископ, потоа некои се потрадиционални и поконзервативни во богослужбите па користат само хорска музика и оргули(евангелиститие низ средна Европа), другите ќе речат дека господ треба да се слави соодветно епохата во која се живее па ќе вклучат и рокенрол музика и тн. Некои имаат поизразена мисионерска дејност, на пр. Евангелска црква (не е исто што и евангелистичка) пред повеќе години со брод патуваше долж реката Дунав проповедајќи низ стадиони со рокенрол хор и делејќи верски брошури и сл.

    Јас лично не се согласувам со протестантското (евангелистичкото) учење бидејќи сметам дека акценот треба да биде ставен на делата т.е. остварување на Исусовото учење (чија есенција ја наоѓаме во Беседа на Гората) а не на верата во Него и постојано истакнување на човековата грешност.
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Mojата најдобра другарка оди во Евангелска црква, мене искрено не ми смета, многупати ми има кажувано за Господ, за чудата на Исус, за тоа како тој ја променил на подобра личност.
    Со неа имам отидено на неколку Христијански концерти и супер сум поминувала, мислам убаво е да видиш 1000 насмеани лица, со кренати раце, затворени очи како слават.
    Сум слушнала многу сведоштва од други луѓе кои сум ги запознала на тие концерти и навистина Господ прави чуда
     
    На A-j-a, Betty*, EvAngelos и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас од неодамна почнав да одам во истата и уште сум нова во учењето, ставена во искушение да ги избегнам сите обичаи што досега сум ги правела, да ги искоренам. Пример ќе го земам ова сега со вртењето мазник со паричка. Уште пред друштвото немам кажано. А со нив сме се собирале и сега треба да му кажам зошто всушност јас не сакам тоа да го правам повеќе. Сигурно сте се нашле во ваква ситуација некои од вас, посебно ако покасно сте почнале да ги избегнувате традициите. Како сте го решиле? Како некој срам да чувствувам, а баш напротив нема зошто да се срамам. Ова го сфаќам бидејќи сум сеуште нова во поглед на ова учење, се надевам во иднина ќе ми биде гордост да кажам :)
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    И што е сега проблемот ако вртиш мазник со паричка? Ќе ти го укинат курсот по англиски или нема да те однесат на пикникот на езеро? Нашите празници (македонско-православни) не ги практикувате, ама затоа американско - нехристијанските ги славите!
    Кога вашата секта не беше уште формирана, кога можеби на Сатаната дури и му немаше текнато да ви ги оформи вашите учења, светиот Василиј Велики, архиепископот на Кесарија Кападокиска, духовно војуваше со својот училиштен другар нечестивиот цар Јулијан Отступник. Кога тргна Јулијан да војува со Персијците, помина низ градот во кој епископуваше светиот Василиј, и му се закани да собери данок, ако не го собери данокот ќе му ги убие епархиотите, а во секој случај како глваен трофеј од победата со Персијците ќе ја носи главата на светиот Василиј. Светителот само му одговори: „Можеби твојата глава попрво ќе падне од мојата“. Го собра свети Василиј своето стадо во светата Црква и им раскажа за заканите што ги најави нечестивиот цар. Воведе пост, а и ги собра сите богатства од своите епархиоти како би се платил данокот. Сепак направи пропуст, заборави да евидентира кој колку и што дарува. Дури постеше свети Василиј му се молеше на Троединиот Бог наш, но и на Пресвета Богородица и на светиот великомаченик Меркуриј. И моштите на светиот Меркуриј од еден соседен град чудесно исчезнаа. За време на една битка нечестивиот цар Јулијан падна убиен од еден “непознат“ коњаник, а всушност беше убиен од светиот Меркурије. Кога дојде гласот во Кесарија Кападокиска дека е убиен нечестивиот цар, свети Василије не знаеше како да им го врати златото на своите епархиоти, па повторно усрдно се помоли на Бога, меси леб за секој свој епархиот пооделно и во лебот клаваше по дел од златото. Бог благоизволи секој преку лебот да си го добие на таков чудесен начин назад своето злато.
     
    На peperutka87, korisnichka, shushu и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Проблемот е во тоа што не сакам да ги правам сите овие традиции и обичаи измислени од македонците ( каде побогу се вртат мазници во светов? ) и демек ако не го правиш тоа си секташ, а тие што вртат вртат само оти срамота било од народот. Каде сите таму и ние. Е па несакам да правам такви глупости кои само не одвлекуваат од Бог. Денес поважно е прашањето што да се стави на трпеза отколку да се прочита нешто од Библијата. Никаде во Библијата не го пишува тоа. А ако сме христијани вистински нели треба по неа да се водиме? А мазници вртење, света вода, поклонување на идоли (светци) никаде го нема.
     
    На LUCI 99, Bufi и elisabeta им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Mimi123 123 , ако за тебе тоа се глупости за некого тоа е вековна традиција. Ако не сакаш да правиш македонски адети, немој, никој со сила не може да те натера :)
    А муабетите од типот на `јас сум поголем верник од вас`, остави ги за другпат зошто нема ништо поиритантно од тоа, без разлика на која црква, секта или религија припаѓаш.
     
    На shushu, theowndemon, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Orthophill зошто нас евангелистите не нарекуваш секта? Ние само го учиме она што Исус ги учел своите ученици, Исус не, не учел да палиме огнови за Василица, за да светат, туку не учел да го примиме она што тој го кажувал и во срцето да ни свети таа светлина исполнета со вера, љубов, надеж, а не на улица да свети оган и да се јадат колбаси, мазници, гледајте малце духовно не само на трпеза што ќе има, нашиот Бог е духовен, треба духовно да се храниме, не телесно, а за Бог, појма да немаме.




     
    Последна измена од модератор: 13 јануари 2015
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас не го наметнувам мојот став на другите, секој за себе си верува и одлучува во што ќе верува. Ама не сакам ни да се лепат етикети за секташи, тоа е најдобра одбрана оние што се помалкубројни и што не се согласуваат со сите ќе ги нарекуваме секташи? Значи Христоскога почнал да проповеда со него тргнале само малку луѓе, значи и тој правел секта? :)
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Секта сте затоа што сте одделени од Црквата. Римокатолиците иако се одвоија од Црквата и за жал исповедаат ереси, сепак можеме да ги наречеме црква со мало „ц“ бидејќи тие сеуште имаат апостолско преемство и се наследници на првата Црква формирана во Ерусалим на Педесетница. Вие немате. Прво кој знае дали имате епископ, па и ако го имате кој знае кој го ракоположил... Не е Црквата народна прикаска, па жената да може да си го запопи па и завладичи мажот си. Ама сектите функционираат по тој метод, дури и уште пострашно, ни од жените не бараат дозвола лидерите на нови секти... Исто ко сега јас да соберам потписи од дедо ми, од баба ми, од комшијата итн, никој од нив ни со средно медицинско завршено и да се прогласам за доктор по медицински науки и да отворам факултет! Е тоа така не оди.
    Денеска пишав негде, мислам на оваа тема, дека ниту одењето на огнови, вртење париња, јадење колбаси, берење на дабови, смреки, елки, играња ора, пијање и слични црковно-народни обичаи, не не` прави ни Православни, ни римокатолици, ни “евангелисти“.
    Еве на пример за Бадник, Црквата пропишала по храмовите да има утрински бденија од 6 до 10:30-11 часот. На тоа бдение ние прочитавме: 9 паримии (старозаветни зачала) во кои се навестува раѓањето на Христа, околу 30 псалми, 5 апостоли и 5 свети Евангелија, плус голем број на химни со кои се навестува раѓањето Христово... Зарем со овој никаков труд, не заслуживме потоа да си каснеме и посен мазник и овошје и сармичка и грав? Ние прво сме се нахраниле духовно, а дури потоа телесно. За жал вашите пастори и мисионери ги гледаат само колбасите...
    ПС: Дали украсивте елки за Нова Година?
     
    На HUNK, korisnichka и tessie им се допаѓа ова.
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Kako prvo crkva ne e samo obiekt meznam dali znaes sto e toa crkva vo vistinska smisla,I nauci sto e toa sekta tamu parite se na prvo mesto vo sektite I jas sum hristijanin veruvam vo Isus toj e mojot spasitel kolku I da gi burickaat rabotite narodov I kolku da izmisluvaat nekoi tradicii jas isus go Slavam sekoj den I mu se molam ne treba praznik da dojde za da go slavam, i drigo da kazam i Isus nemase episkop i negovite ucenici pa imaa vera ajde ne ja tupi temava nemam vreme za objasnuvanje imam povazni raboti
     
    Последна измена: 13 јануари 2015
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И христијанството било некогаш секта, па никому ништо.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Христијанството не било секта. Ова што го пишувате е хула на Светиот Дух, зашто на Педесетница, денот кога слезе Светиот Дух на апостолите, беше формирана Црквата.

    @elisabeta Црква е заедница на Бога Пресвета Троица, на ангелите, старозаветните покојници кои на Велика Сабота во адот Го познаа Христа за свој Спасител и сите оние кои што биле или се членови на земната Црква. Земната Црква е заедница на локалните цркви. Локална црква е заедница на еден канонски ракоположен епископ, заедно со сите негови клирици (презвитери-попови и ѓакони) и верниот народ(мирјани или монаси). Заедницата на локалните цркви се остварува преку заедничарењето на епископите на литургијата, околу едниот Путир, односно околу Едниот Христос. Се` што не е во литургиска заедница со Црквата е секта.

    ПС: Се извинувам ако сум груб, но ова е мојата вера.
     
    На tajnazelba, HUNK, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа. Тоа е општо познато, не е нешто ново и чудно, самиот знаеш дека било некогаш секта, третирано како секта.А што е интересно, кажуваш за другите, дека не се веродостојни, туку само православието, а и католици пример, се исто христијани.Така да, со тоа што негираш други, го негираш православието.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Jas go poznav Isus odamna I zatoa sto Isus e so mene I vo moeto srce se ot kazuvam od razgovorov so tebe ,I za kraj mene ne mi treba episkop i drugi raboti bez vrska za da bidam vernik ili poblisku do bog
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ако гледаме со очите на нехристијаните, со очите на атеистите, можеме да кажеме дека Христијанството е еврејска секта, секта од старозаветната синагога. Но, кога веруваме дека Христос е Син Божји, Второто лице на Пресвета Троица, знаеме дека Христијанството не е еврејска секта туку дека старозаветната синагога се одделува од Бога и од Црквата, која е основана на Света Педесетница со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Претходно немало Црква!
    Патем јас не реков дека римокатолиците не се христијани, па дури не реков дека РКЦ не може да се нарече црква. Да не почнаа и римокатолиците да Ве нарекуваат “црква“?
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Кои не христијани? Кои тоа „ Ве“?

    Знаеш за христијанството, а негираш дека било секта на почетокот? А што имаат врска атеистите?
     
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    http://24vesti.mk/mpc-–-oa-za-10-000-evra-prodade-na-aukcija-lopati-od-crkoven-kamen-temelnik