Вие не сте протестантска христијанка? Читајќи Ве цело време добив таков впечаток. Ако не сте простете ми. За тоа дали Христијанството било секта Ви пишав во претходниот коментар. Црква без пари не се прави, ова е само еден од начините да се соберат пари за изградба.
Не сум, православна сум.Ок е, нема проблем. Прочитав, да не се повторувам, барем, сметам дека секој христијанин, знае каков бил почетокот на христијанството, та тоа и атеисти го знаат, сега, останува дали ќе се прифати тоа или не.
Na odredeni Gospod neka im prosti za mislenjata!!! Elisaveta ubavo rece, ne treba da se ceka da dojde praznik za da se slavi Gospod, Gospod treba sekoj den da go slavime, so molitva, so pocituvanje na bozjite zapovedi,so vera i nadez! Licemerieto e tesko!!! a toa e svetot, odat v crkva , a posle izleguvanje cesta ja nema nikade, se izneveruva, se laze, se gleda na materijalnite raboti, namesto na duhovnite !Jas licno veruvam deka Gospod postoi i pravi cuda..... a toa sto ludjeto odat vo crkva i palat sveki i se poklonuvaat pred ikoni, za mene e poveke religioznost!
Ех колку ме нервира некој кога ќе каже секта,дали знаете воопшто што е тоа секта?Прво распрашајте се што е секта па потоа зборувајте глупости,како може црква која го љуби Бог да биде секта?Евангелска црква нема ништо лошо што се прави,единствена разлика од православната е во тоа што не се клањаат на други икони,богови,не палат свеќи,не фрлаат парички на икони ко демек Бог ќе го поткупиме со оставање пари,целиот свет е негов сето царство негово па ние пари ќе му нудиме,не прават ама баш ништо погрешно во евангелска црква одат само цврсто што е според библијата,зошто Бог вика немој да имаш други богови и икони!Се што се прави поинаку од библијата тоа се само традиции измислени од луѓето.За велигден во црква ако пројдеш под маса среќа ќе си имал,па 18 години тоа го правев па никаква среќа не видов,видов среќа откако го прифатив Исус за мој спасител!Исус вели човеку прво види си ја раската своја во окото свое а потоа почисто ќе ја видиш раската на брата си!Значи прво видите сами што правите и зборувате а потоа за другите!
Знаеме што е секта. Ако сакате пак ќе Ви повторам. Секта е верска заедница која не е Црква (иако најчесто се одделила од Црквата). Црквата е Невестата Христова, која се создаде на Педесетница со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Истиот Свет Дух, преку од апостолите се рашири и врз епископите преку светата тајна ракополагање (хиротонија), и до ден денес знаеме дека Светиот Дух пребива во Црквата. За разлика од Црквата, сектите место со слегување на Светиот Дух, се настанати со слегување на гордоста врз нивните основачи. А кој прв се возгордеа и кој прв направи секта знаеме од Светото Писмо, тоа беше ангелот Сатанаил, кој паѓајќи постана Сатана.
Ja izmesaa verata I tradicijata, veruvaat vo bog se krstat vo sveti Nikola I se molat na presveta Marija veruvaat na site pa duri i vo komsijata somo bog go nema nikade
Aj ne se zakajcaj kaj sto ne treba,ti mnogu gi znaes rabotite se gleda bas vo nesto sto e izmisleno od narodot si potonal I aj cao be me citiraj molimte poveke
Земи историја и читај што кога се формирало Не е само да се каже нешто што нити е вистина нити е реално
Ajde kazi koj kaza da se slavi praznikot mala bogorodica I golema bogorodica od kaj najdovte sega I mala I golema , bog taka da ne kaza slucajno?
Книга ќе отвориш,таму пишува Малце да се испотите,да читнете нешто.Не се на готово,затоа појма за немате од ништо за Бог.Ќе побараш во некои манастири,има книги за историјата на Црквата,ќе видиш дека е се во склоп со Библијата Патем земи и неа читни ја некогаш,не каса.. од искуство ти кажувам
Odgovorimi na prasanjeto sto go postaviv , sto pisava? koj ko napisal ?da se slavi mala I I golema bogorodica koj ? Bog taka kazal ? Ajde bidejki ti si nacitan kazi cekam samo nemoj da vrtis drugi temi
Евангелистите се протестнати. Протестантите ја темелат својата вера на Библијата и само Библијата. Последната книга од Библијата (Откровението) е завршена кон крајот на 1-от век. Оттука следи дека нивната вера датира најдоцна од 1-ви век. Иронијата е што во Македонија, најчесто неедуцираните православни верници ги нарекуваат евангелските христијани „нововерци“, а верата на православните верници се темели на подоцнежни небиблиски традиции од 4, 5ти век, па дури и 7-8ми век. Во развиените земји (Америка, западна Европа, Австралија, Јужна Кореја...) каде што протестантите се мнозинство, а православните минорно малцинство, сепак протестантите со почит се однесуваат кон православните, не ги нарекуваат со потценувачки и навредувачки имиња, им даваат еднакви верски права, не им измислуваат причи дека се самоубиваат, дека пијат крв од бебиња, дека практикуваат групни сексови и други слични малограѓанштини типични за луѓето кои што со менталитетот се заглавени во средниот мрачен век.
Раното христијанство е поим со кој се означува историјата на христијанството од смртта на Исус Христос во околу 30 година до Првиот вселенски собир во Никеја во 325 година. Протестантството или протестантизмот е религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на Реформацијата во Европа во 16 век. Иронијата е всушност во тоа што е доволно да се употреби логика во размислувањето, а не да се поседува посебна едукација . За да некој биде ПРОТЕСТАНТ во било која сфера од животот, мора да постоело нешто што на ПРОТЕСТАНТОТ не му се допаѓало или не било прифатливо за него, па ПРОТЕСТИРАЛ. Не треба човек да е едуциран верник за да заклучи дека ПРОТЕСТАНТИТЕ се оние кои „излегле“ од она што не им се допаѓало - католичката црква, вера, учење. Затоа зборот НОВОВЕРЦИ е синоним за луѓето кои веруваат во нешто НОВО, поразлично од верувањето на католичката црква. Прогонувани од католичката црква, овие луѓе со НОВА вера ги населуваат и земјите од новиот свет. Во Европа до ден денес не се мнозинство. + тема за размислување Мартин Лутер (1483-1546 г.), во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите „95 тези“, според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Во Македонија веќе има неколку попови кои црковните обреди ги изведуваат на македонски јазик. Тоа наидува на воодушевување кај народот. Дали само јазикот ќе се смени или оваа реформа е почеток на нов правец во православната црква.