1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евангелисти (нововерници)

Дискусија во 'Религија' започната од elisabeta, 24 февруари 2013.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ај почнете да пишувате, или отворете нова тема, што Вие би промениле во Православната Црква? Што Вам Ви смета или што сакате да се воведи во Православната Црква?
    Јазикот е веќе сменет во најголем дел од случаите. Скоро сите свети тајни и обреди се извршуваат на македонски-народен јазик. Ретки се местата каде јазикот на кој се извршува богослужбата е црковнословенски. (И тоа е по барање на верниците.)
     
    Последна измена: 23 септември 2016
    На tajnazelba, Rama и sanjaeva им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Точно така, протестнатите се одвоиле од Римокатоличката црква и се навратиле кон изворното рано христијанство, кон учењето на Исус и апостолите запишано во Светото Писмо. Со овој потег тие ја превземаат во пракса таа првична ранохристијанска вера, а не некоја нова вера па да бидат нововерци.
    Реформацијата значи реформирање на Црквата што вклучува прочистување од човечките и паганските традиции кои се накалемиле на неа низ вековите и нејзино враќање кон Божјото Слово.

    Точно така. И Исус Христос е првиот протестант во христијанството бидејќи протестирал против лицемерната побожност на фарисетите и книжниците и против застранувањето од Божјото Слово. Зборот „излегол“ е релативен и зависи од која перспектива го разгледуваш. Некој може да рече дека Исус и апостолите излегле од Јудеизмот и Јудејците и затоа во првите векови христијаните ги нарекувале „Назарејската секта“ или „сектата Патот“ (Дела 24:5,14, Библијата).
    Од друга перспектива може да се каже дека Јудејците биле тие што излегле од Божјото Слово и си направиле религија со лицемерна побожност и свои човечки традиции, а Исус и апостолите излегле од таа религија и се навратиле кон Божјото Слово кое е продолжено и преку Словото на Исус Христос кој е Бог.

    Од Римокатоличка перспектива и источната (православна) црква излегла од Римокатоличката исто така со протестирање против папата, при што се анатемисале една со друга црква. Православните велат дека тие излегле итн. Во Божји очи ирелавантно е кој од кого излегол. Бог на Судниот ден нема да суди кој во ваква организација бил или останал или со какво име се нарекува, туку ќе суди според тоа кој се држел до Неговите заповеди, а кој не.

    Кое верување е постаро, дали тоа на католичката црква или тоа на Христос и апостолите?

    Кое од овие барања е лошо и небиблиско?

    Мило ми е што православната црква прави барем минимална реформација. Мојата молитва и желба е таа да изврши храбра и целосна реформација кон Божјото Слово. И не само православната, туку и протестантските цркви треба постојано да се реформираат и навраќаат кон Божјото Слово бидејќи човечката грешност прави да секоја црква полека забегува. Но затоа Бог ни го дал Светиот Дух како водич и Божјото Слово како компас на вистината за да не поправа и да ги исправа нашите патеки.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Интересно е што сите протестанти се повикуваат на тоа дека Црквата отстапила, дека воведила новотарии, го мразат светиот цар Константин кој наводно ја упропастил верата...
    Ама еден факт е многу интересен, првите Христијани сите се собирале заедно во еден град. Му биле послушни на еден епископ! Денешниве протестантски секти, се повикуваат на првите Христијани, ама ако беа вистински нивни наследници ќе си беа сите заедно, а не да се делат на 50.000 секти. Сите се наследници на првите Христијани, ама поради гордоста на нивните лидери си се собираат во групички од најмногу дваесетмина... Ако се 21, кај еден ќе се пројави мисла дека знае повеќе од пасторот и ќе си направи своја секта... Кај оние кои се Христијани (Православните, римокатолиците, коптите, ерменците, сиријците итн.) главна одлика е смирението и послушноста, кај секташите и псевдохристијаните главна одлика е гордоста, гордоста дека јас сум подобар од мојот брат, дека сум подобар од мојот старешина...
    Затоа секташите се Христијани, колку што и неопаганите се наследници на старите пагани!
     
    На meckicka, tajnazelba, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Првите христијани му биле послушни на Бог и Божјото Слово, а епископот воопшто не бил некаков свештеник на висока нога облечен во великодостојничка одора со златен крст тежок 1кг и не им давал рака да му бацуваат, ниту им се наметнувал како „свет и непогрешлив отец“.

    Тоа што сите православни цркви во името на својата реклама го имаат зборот „православна“ не ги прави единствени. Протестантите имаат различни називи во името на својата црква, но сепак се поединствени. Еве на пример утре (Сабота) во 19ч во Евангелска црква има заедничка славителска вечер каде што ќе присуствуваат христијани од повеќе протестантски цркви од Скопје и Македонија. Ваков настан се случува скоро секој месец на редовна база.
    фестивалот на современа христијанска музика „Визија Фест“ организиран од здружени протестантски цркви се случува секоја година. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 06.11.2016 во Македонски Народен Театар, Скопје со почеток во 20:00 часот. Повели, влезот ќе биде биде бесплатен, а ќе се прикажува најверојатно и на телевизија.
    Кажи ми кога последен пат Македонската, Спрската, Бугарската и Грчката православна црква се собрале заеднички да го слават Бог?
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Епископите за украс ги поставувале. Секој дома си дробел леб и вино и си сркал попара... Што го лажете народот? Во тоа време само епископот имал право да ја совршува светата литургија.
    Свештените предмети се изработуваат најчесто од месинг. Злато не се користи.

    Блажен муж, иже не иде на совјет нечестивих и на пути грешних не ста и на сједалишчи губителеј не сједе...
    Блажен е оној човек, кој не оди на собор на нечестиви и на патиштата на грешниците не застанува, ни пак седи во друштво на развратници...

    Ама можеби и ќе дојдам, кога ќе ми пратиш видео кај се поклонуваш, прекрстуваш и ја целиваш иконата на Пресвета Богородица. Еве ветувам ќе дојдам.

    Кога служи православниот поп света литургија, тој го спомнува својот надлежен епископ. Кога служи епископот го спомнува својот поглавар. Кога служи поглаварот ги спомнува сите православни поглавари.
    Што значи целата Христијанска (а со тоа Православна) Вселена заедно Му принесува на Бога: слава, благодарност и молитва!
     
    На Rama, tajnazelba, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните плодови ќе ги познаете“.(Матеј 7, 15-20)




     
    На Rama, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Прашање ако може некој да ми одговори,зошто евангелистите во нивните "цркви" не користат кандило?Кога читаме дека кадењето е заповедано директно од Бога да се врши редовно и тоа го пишува во библијата.

    Нели евангелистите се водат од sola scriptura и признаваат само библија како веродостојна,зошто не ја почитуваат библијата и запоставуваат божја одредба? :^)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Затоа што Старозаветниот Мојсеев закон се состои од 3 дела:
    1. Свештенички заповеди и уредби - поврзани со служењето во Старозаветниот храм.
    2. Граѓански заповеди и уредби - поврзани со правното организирање на старозавениот Израел.
    3. Морален закон

    Првите два дела повеќе не се во сила затоа што Старозаветниот храм веќе не постои (Исус му пресуди на Цветници (ев. Лука 19:44, Библијата)) и старозаветниот Израел исто така не постои. Моралниот закон останува да важи и во Новиот завет бидејќи е дел од моралната природа на непроменливиот Бог.

    Кадењето било дел од служењето во старозаветниот храм. Во Новиот завет пишува дека новозаветниот храм се христијаните во чии тела престојува Светиот Дух. И во тој храм нема ни кадење со темјан, ни принесување животиснки жртви, ниту прскање со крв, ништо од тоа.

    „Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?“ (1 Коринтјаните 3:16, Библијата)
    „вашето тело е храм на Светиот Дух“ (1 Коринтјаните 6:19, Библијата)
     
    На SunshineGirl000 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Кандило - сад во кој се тура масло и се клава фитил и оган. Се користи за осветлување(се смета за новозаветна жртва сепаленица), но и како символ на Божјата милост. Може да биде висечко или столно, дури и обична чаша во која има масло и фитил може да служи како кандило.
    Каделница - сад во кој се клава жар и темјан (и или смирна). Се користи за кадење. Постојат:
    - свештеничка каделница со 4 синџири, капак, ѕвонци, најчесто од месинг. Ја користи само оној кој има свештенички чин: ѓаконски, презвитерски и епископски. Личи на висечко кандило, ама кандило не е!
    - обична рачна каделница земјена или месингена, која може да ја користи секој.
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Во ова што го изложи посебно во двата цитати од библијата воопшто не докажуваш дека е повеќе забранета таа одредба.Сам си даваш таков впечаток.
    Ваквото размислување дека богослужението треба да биде само духовно има елементи на гностицизам и дуализам.

    А инаку двата цитати кои ги наведе си имаат убаво значење во православието.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.