Во сосем правилни насоки се развива https://www.bbc.com/future/article/20210412-the-genetic-mistakes-that-could-shape-our-species#text=It turns out that the,human genome on the planet. Клонирал ли, модифицирал ли ембриони, осуден на 3 години. Ембрионите кои сега веројатно се 4 годишни кинески деца, не само што не се имуни на хив (како што ,,требало,,) туку се подложни на триста можни компликации...настрана етиката, настрана нарушување на човечката днк која не била променета милиони години. Барала козата рогови, добила брада. Ете толку е резимето, со здравје да си живееме.
Тие вируси се релативно познати за човештвото, бидејќи со децении циркулираат меѓу нас. И точно е дека секојдневно мутираат, но не мутираат до степен да предизвикаат кобни последици во олкав процент, глобално, како со ковидот. Инаку, луѓе секојдневно умираат и од обични вируси бидејќи не се резистентни на истите. Па, една легионела е скоро идентично опасна како ковидот. Еден адено вирус може да те умртви ако имаш драстично паднат имунитет. Со ковидот е малку поинаку. Ковидот не 'лови' на имунитет, туку на специфична генетика. Тоа е очигледно.
Секако изборот е на мајката детето дали да го роди или не, но среќа што имаме пренаталната дијагностика, секоја вродена малформација не е толку едноставна на пример како полидактилијата што може лесно да се реши, има и сериозни малформации за жал. Ти текнува на серијата Клон?? Многу одамна е отворено прашањето за генетски модифицирани бебиња.
However, arguably the biggest twist were the mistakes. It turns out that the babies involved, Lulu and Nana, have not been gifted with neatly edited genes after all. Not only are they not necessarily immune to HIV, they have been accidentally endowed with versions of CCR5 that are entirely made up – they likely do not exist in any other human genome on the planet. And yet, such changes are heritable – they could be passed on to their children, and children's children, and so on. Дали сериозно? Останав без текст. Ова е многу корисна статија, ве молам сите прочитајте ја. Јас сум во шок. Ова е објавено во април.
Искрено, не ми текнало долго на овој случај, памтам ко се пишуваше за ова пред некоја година. Стандардно, во Кина, ,,казната,, 3 години. Мислам што да мислам, грешки сме, луѓе правиме
Каква помош може една идеја да пружи? Може тој што експериментира да се води од идејата и да се залага за нејзино спроведување, но не може да има помош од неа. Како може да потврдам нешто што не го знам. Дали има експерименти? Додека има луѓе ќе има и експерименти, тоа е човечката природа, водена од добро или зло, етична или неетична, љубопитноста и експериментите не довеле до оваа точка кај сме денес. Да не сме биле способни за нив, сега немаше да си кукаме, туку ќе вртевме танци околу оган. Штом се зборува за некоја идеја, 99.99% има шанси дека некој научник бара спонзор или веќе ја истражува истата. Ако е факт дека со секој вирус може да се случи, зошто е чудно дека заболувањата се зголемуваат, кога доктори и научници уште од лани предупредуваа дека баш тоа ќе се случува. Не дека не се случило и порано, сите стази со смртоносни вируси кои пустошеле и повеќе во минатото се исти како и со ковидот. Предизвикале многу поголеми последици, придонеле за многу повеќе жртви, среќа наша што вируси како еболата не виреат надвор од одредена клима и афричкиот појас, инаку до сега ќе не немаше. Врвни имунолози децении наназад предупредуваат дека треба да сме спремни за вакви и за полоши ситуации. Имаше документарец на National Geographic инспириран од outbreak на ебола во 1989, Going Viral. Докторите направиле пресметки и сценарија за можни епидемии од секакви врсти, резултатите ич не се оптимистични за нас. На вирусите не им е гајле дали, на кој и во што ќе веруваме. Е сега, викаш ковидот е различен, не лови на имунитет туку на специфична генетика. Како дојде до ова тврдење? Ако тврдиш дека одредени гени се таргетирани со него поведени од евгеника досега ќе знаевме која раса е привилегирана и супериорна во однос на другите. Исто така после две години испитувајќи го вирусот мислиш немаше баш никој да утврди дали и кои гени се таргетирани?
Не велам дека не делува смешна идејата, ама најискрено не верувам дека е кој знае колку злокобна што постојат, ќе постојат поголеми бази на податоци. Ниеден научник не иде со идеја јас ќе бидам лудиот научник ќе креирам модерни Франкештајн луѓе, ниеден, е сега што со тек на време други спреги се умешуваат има такви случаи, не дека нема, ама затоа имаш контролни механизми. И морам да те запрашам сакам подетална дискусија да отвориме зошто сметаш дека контролата не е поврзана со слобода на избор. Зарем ако си бремена нема да сакаш до го контролираш и следиш развојот на ембрионот преку скрининзи и други тестови? И зар овие редовни контроли кои можат да укажуваат на сериозни генетски дефекти ги сметаш воопшто за контрола, а не како можност навремено да се преземат најдобри чекори во иднина?
Види вака често полемизирам на оваа тема, секој сам може да одлучи за своето поколение кога би живеел сам во пештери, далеку од цивилизацијата, но во денешно време да ми кажат дека животот на тоа дете од ембрион со низа генетски дефекти ќе биде вегетирачки и дека пожелно е, не препорака е да се прекине треба само исклучиво од себични причини да се премислуваам. Башка што ако секоја жена не ги почитува препораките и секоја раѓа во иднина такво живо битие кое само ќе вегетира и ќе биде терет општествен, фамилијарен да не одам во детали каков хаос ќе биде. Плус да не дираме остеливи теми и да сме поддршка за жените кои се одлучиле на ваква постапка за пред се доброто на тоа дете и цело општество. А еве и случаи кога не поверувале во извештаите самото тело го отфрлило фетусот зошто законите на природната селекција се такви, преживува посилниот и да би се родел ретко долго живеат со такв сериозни дефекти.
Сакаш да кажеш намерно е пуштен за да лови персони со специфична генетика? А кои се тие персони со таква генетика, познато е тоа? И што е целта, што ќе се добие од отстранување на тие персони од страна на лицата кои го спроведуваат ова според тебе ме занима како размислуваш, во која насока ги поврзуваш дека одат овие нешта?
Порано бев приврзаник на евгеника (и на трансхуманизам). Сега не толку, увидов дека човештвото никогаш нема да биде усовршено, доведено под конец, и колку тие теоретски утопии се дистопични во пракса. Ем она што е за некого дефиниција за совршено, може за мене не е.
Низ историјата на човештвото има многу недоследности. Недостасува логично и доследно објаснување за еволутивните процеси и алки. Недостасува одговор како за само 100 години одеднаш имаме толкав еволутивен скок. Утврдено е дека само во мозокот - темпоралниот кортекс и амигдалата е забележано зголемување и драстични отстапки за кои научниците немаат објаснување. Немаат објаснување ниту како е настанат јазикот со кој се служиме за комуникација. Потоа типизација на одредени гени, како и постоењето на негатив крвната група. Сепак, се повеќе археолози и древни научници според артефактите кои ги пронаоѓаат теоретизираат дека причината на нашиот целокупен напредок се должи на генетски инжинеринг. Од кого и како не знам, и не би сакала да давам претпоставки во оваа тема. Нејсе, тука доаѓаме до принципите на евгениката, кои @Mikha4 и повеќето други негираат дека НЕ е легитимна наука, од причина што иако подлежи на експериментални иследувања, сепак не е обзнанена и патентирана од страна на 'mainstream science' фелата. Што е разбирливо. Системот не индоктринира нас луѓето да не размислуваме 'out of the box' дури и кога коцките на сложувалката не се поклопуваат со фактичката состојба. И не сакаат да ни кажат дека постојат многу underground проекти во тајност кои симултано се имплементираат и денес. Милитарно и медицински. И поентата е дека најверојатно експериментацијата врз човештвото никогаш не е престаната. Дали како изолирани случаи или пак глобални, не е толку важно во моментов. Битно, појдовната точка која ми послужи за да го корелирам ковидот со евгениката е токму таа и дефинитивно има корелации, иако не се процесирани на хартија. Има и логични објаснувања, не велам не. Ова што Мика го напиша горе, каде пробува да објасни на едноставен начин како функционира вирусот не велам дека не е легитимно. Но, велам дека е сомнително. Сомнително е од многу причини. Првата е што здрави и млади луѓе умираат од оваа болест. Буквално за три часа им ја згрутчува крвта или едноставно им ги 'брише' белите дробови. Да, и обични вируси се опасни, се согласувам. Но, од обични вируси не умираа млади деца во олкав број како што е сега случајот. Кај нас секако фактор плус кој придонесува е и полуцијата, ама тоа е некоја друга тема за дискусија. Главна цел на темава е фокусирана на тоа дали и колку евгениката остава простор за пројава на реални шанси да е поврзана со повеќето случувања? Зошто нагло се забрани хидроклоросинот? Зошто тим доктори во Невада и САД беа отпуштани од работа заради тоа што буквално спасуваа животи давајќи го овој лек на почетокот од пандемијата ако нема ништо? Зошто толкава цензура и рестрикции? Во Австрија настаните ескалираа до тој степен што полиција почнала да им тропа на врата на граѓаните и да им бара сертификат за трета доза. Зошто сето ова ако евгениката, или генетскиот инжинеринг нема вмешано прсти? Чуму овој терор и насилие ако се настојува да се зачува човековото јавно здравје?
Мислиш на хидрохлоркининот лекот за маларија, знаеш колку предозираности имаше од несоодветна и неправилна употреба, па и оној ивермектинот, мене повеќе ми личи фармацевтската индустрија повеќе да имала умешано прсти него евгениката, особено оние насаскани за профит во тие редови на таа индустрија. За младите што умреле имало не дека не, ама многу и се извлекоа и асимптоматски минаа. Починатите за да тврдиме најточно се за нив, потребна е точна анамнеза, протокол на лекување, што е дадено во која доза во кој временски интервал, интубацијата како е изведена, имаш опции на човечка грешка во сето ова. Тие згрутчувања и збришување на белодробјето не е секогаш предизвикано од вирусот низа лекови во интеракција и со се таа цитокинска бура знаат да испровоцираат летален ефект. Нема тука никаква евгеника вмешано прсти, туку медицина базирана на докази според која секаде стандардите за лечење на светско ниво треба да се исти, а и таа медицина не учи на грешките како да постапуваме. Сепак ова е сосем нов вирус, мутаген, адаптабилен тежок за справување со него иначе боцни се и оп крај ќе беше на се ова така? За генетскиот инженеринг кој довел до развој на одредени лобуси во мозокот сум чула за негова можност да се има случено, но исто и самото спуштање од дрво на земја, друг начин на живот, на лов за преживување има шанси да предизвикале развој на мозокот. Сепак зборуваме за еволуција низ милјарди години наназад истата онаа еволуција и временски услови низ постоењето што ги збришала диносаурсите од лицето на земјата. Сепак ние сме збир од генотип и фенотип како живи битија, во заедништво сме со природата и зависиме од неа колку и да сакаме да се правиме доминантна алка во системот, една лоша климатски неиздржлива околина и нас може да не збрише од лицето на планетава и сега уште за евгеника ќе збориме дека таа е одговорна за тие промени. Инаку не негирам дека може некои таму експериментираат ама наведов и погоре имаш контролни механизми, не може сите да се поминат бар во денешно време без да процурат докази преку медиумите во јавноста. Треба во некое племе во Сибир или Амазонија или Афркиа да се експериментира а да не се дознае, што до некаде војската во САД се сомневам дека штити и прави нешто во забранетите области на нивна територија. Што се случи со вонземјанинот од Розвел итн. или се играат психолошки игри со човештвото или нешто друго е во прашање, ама не да не сотре туку се развиваат тактики за самоодбрана и донекаде напад, светска доминација итн. Евгениката е скапа играчка во однос на овие методи и тактики кои се применуваат што ги спомна за заплашување и водење на психолошка војна која во некои случаи воопшто не е за оправдување.
Не даваш претпоставки но се потруди во еден пост да ја негираш и обезвредниш цела наука во делот каде за сѐ што се сомневаш некој седнал и се потрудил тоа да го докаже. Додека ти ниту имаш докази, ниту основ да ги поткрепиш сомневањата преку сите рандом прашања и инсинуации дека некој прави симултано и не знам ти какви експерименти ни прави на сите нас. И кои се тие кои не сакаат да ни кажат нешто?
Епа ајде повели објасни зошто денес 16 годишничка без претходни коморбидитети е почината? Зошто 22 годишникот од Битола умре? Зошто 15 годишничката која наводно била обезна (како да нема прележани обезни луѓе со 100 кг + со ковид), исто така почина како и илјадници други без претходна историја на болести? Што е во прашање ако не 'лов на генетска аномалија/слабост?' Едит: Повели објасни како човековиот мозок еволутивно е толку надограден и усовршен нагло, без ничија екстерна интервенција претходните 100 години? Или пак зошто постои крвна група негатив? Сето тоа го напишав, и евгениката и те како се занимава со овие прашања, но ти одбра ноншалантно да ги изигнорираш. За крај дискутираме, не тврдам ништо. Демократија.
Оде воз у кукуруз Не ми одговори ништо конкретно на моиве прашања, на прашања одговараш со куп нови Ај и јас така еве зошто да имаат вмешано прсти, што им е целта, кои персони со специфична генетика ги ловат или лов на вештерки е темава уз пат вметната корона да се тресеме и се уништи првичната идеја на темава. Се делува како сценарио за теории за заговор затоа ти пререче @Mikha4 погоре дека евгениката нема врска со тоа во која насока иде темава. Или пишуваме за евгеника кој во кои цели би ја користел или ја користи, зошто или само за короната да пишуваме, реални факти, терории на заговор, терори ширење по светов итн. Мора да се раздвојат темиве за да тече темава иначе вака видиш на кај иде.
Одговорот на ова прашање мислам во мк здравството лежи. Не дека некое здравство е сјајно, мислам и во нормални услови и држави само господ може да те дочува, ама тоа е друг муабет. Имам цитирано некој доктор од Лубек во некоја друга тема, мислам тој објаснуваше како ковид различно импактира и интерактира со човечкиот организам, некако генетички условено, ама не мислам дека било кој сега се занимава или би се занимавал, да истражува кои гени, какви гени се таргетирани, јер таков тип дијагностика би бил реално невозможен. Единствено разумно би било сега да конечно поработат на успешен лек, ама дури/ако се случи тоа, ќе мине време. Легитимен си е инаку докторот, уште го немаат прогласено за ,,антиваксер,, Rolf Hilgenfeld , задодуша тивок во последно време. И каква врска има ова иначе со еугеника?