Многу ми е интересна темава ама не сум нешто премногу запознаена и би сакала да се информирам повеќе. Немам баш време да читам се и да пишувам на долго, ама дали верувам во можноста зад кулиси одредени групи на луѓе да се стремат да воспостават своја вештачка селекција - да.Дури мислам дека не е ни се така суптилно, можеби на разни начини ни се пласираат некои работи за да несвено ги прифатиме како нормални.Искрено во ред е да се сомневаме во вакви идеи, ама инстантно да кажеме дека нема шанси да се случува е наивно.
Јас мислам дека климатската криза ќе ни носи поќе пандемии. Ама точно е да мислите дека е од луѓето. Само не е заговор, или е. Ја викаме вака, или така. Скроз небитно. Сите сме криви. Ајде, до следната пандемија, тудлс.
Инаку на темата, надвор од вирусот пошто... Зошто? , имам да кажам дека ова можи да биди посакувана гранка и да се користи полезно. Како искоренување на генетски болести и слично. Не убиваш никој, само контролираш парење. Нема свет во кој то ќе е морално и етички. Ама сепак можи да е полезно глобално. Зато не коментирам дека ова е посакувано или преферирано или дека е морално и етички. Сем сам ако не одлучиш да не се париш за себе, за да не пренесиш нешто шо знајш дека имаш, друг ако одлучи за тебе, не е морално, не е етички.