1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евиа (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Dream-Girl, 11 јули 2015.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, но не најдов. Од 1-ви до 15-ти август ќе одам на овој остров, па да ми кажете мислење доколку некој бил. Каква е водата, плажата? Има ли за шетање? Дали има комарци?
     
  2. bonabona

    bonabona Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Евија е супер место ако сакаш одмор да одмориш!!! Јас бев на Пефки,бев сместена на самото шеталиште воедно една улица не делеше од плажа,водота беше потопла од Охрид во сезона а јас бев почеток на јуни,најжал ми беше нема песочна плажа,за шетање има една улица ама долгичка е ,нема дискотека ,кафичи и таверни има доста,маркети .... комарци секаде има ... ама топ местенце јас си поминав супер .... пак би одела ама со сопствен превоз да го разгледаш местото како што треба ... поздрав:D
     
    На Bjutii и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Искуство од лани...(highfive)

    Плажата на Пефки е долга и широка. Има лежалки, но и многу простор за сопствен чадор. Водата е чиста, а мана е камената плажа додека влезеш во вода, потоа во вода е песок.
    Лежалка на плажа оди со нешто порачано, може да ги користите цел ден , не прават никаков проблем. Слободно може да си оставите крпи и да се повлечете на ручек. Фрапето беше околу 2,5е, сок исто толку. Имаше излети до Скијатос-10е, Атина-25/35е , Скопелос, Северна Евиа-15е и на две плажи -Еленика и Василика.

    Изнајмувањето на мотор беше околу 18е на ден, а кола 50е.
    Гирото е вкусно во Марина и Гри-гри цена 2-2,5е. Најдобрите пици и секогаш полно до даска Ла Бене - пиците се движеа од 8,5-13е- за двајца.
    Вино 3,5е, пиво 2,5-4е.
    Дискотеки нема, но има кафичи, слаткари, пекари, таверни, пицерии. За секој по нешто.
    Старосната граница од 7-77. Имаше и парови, и возрасни луѓе, тинејџери, фамилии со бебиња.

    Има тезги се за 1е, со една купа глупости, ама ќе си најдете по нешто интересно.:D
    Има 3 големи маркети, добро снабдени.
    Порција ручек во О Капетанис беше најефтина, а богами многу вкусна.
    Имаат дневно мени , се по 5е.
    На крај како и во повеќето грчки таверни носат лубеница од куќата.
     
    На P.S.love, Dream-Girl, bonabona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Дали сите плажи се со камења?
    Дали има некој што бил годинава да кажи како е?

    Изнајмувањето на мотор од ден беше 18 е?
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    На Пефки да, сите плажи се со камења.
    Да, од ден 18е, е сега може со ценкање, ке спуштат некое евро.

    Ова е мое искуство од лани, крај на август, така да не верувам нешто многу да се променило.
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас бев и се вратив. Бев во Пефки, 15 дена, водата беше топла, плажата е 4км долга и широка, има камења, но има и дел каде што е песок. Бев сместена одма до шеталиштето и имав поглед кон плажата. Комарци немаше многу. Мирно место е поготово за фамилии со мали дечиња. :D
    Бевме и до Северна Евиа, Едипсос, таму има бањи, подземни извори и такви ствари и се се пензионери. :D
    Само позитивни работи имам да кажам за островот. :)
     
    На P.S.love и bonabona им се допаѓа ова.
  7. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.173
    Пол:
    Женски
    Дечки, јас гледам преку Савана за Евиа. Желба ми е одамна. Има понуди во вила Фегерос,Марија,Антониа и Кети. Сте биле во некоја од нив? Само ме плаши времето дека почеток на јуни:^)

    И,исто ме интересира, дали освен рент а кар, има нешто организирано (автобус,брод) за да прошеташ на други места?
    @Dream-Girl со сопствен превоз шетавте или?
     
    Последна измена: 9 април 2016
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да, со кола бевме и шетавме кај сакаме ама има автобуси што носат до други места и бродчиња исто така :)
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пензионерско место, ако одиш со бус, ќе ти здосади нонстоп на едно место. Пред сезона и после сезона незнам ни дали живеат луѓе таму. Во сред сезона маркетите отвараа дури во 11часот:)
     
  10. Lady.bird

    Lady.bird Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Евиа за 25 годишни пар? Мислење? Или да бараме друго место. Според буџетот овој остров можеме да го дозволиме. Како се плажите?
     
    На Јасничкã му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ena_11

    ena_11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, некој во скоро време да не бил на Евиа (Едипсос), како сте поминале?
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Евиа.
    Пефки.
    Прекрасен одмор!!!
    Туристи- 80% грци, другото срби и тук там некој наш.
    Сакате тишина? Одма за Пефки.
    Од 14 до 18 штама
    И во таверна кога седиш на ручек галама не можеш да чуеш.
    Храна ненормално добра.
    Се тазе!
    Цени ретко нешто поскапо од Ск, а некои ствари дури и поефтино.
    Лежалки со пијачка, а место за пешкир куп.
    Вода- солза.
    Едипсос.
    Мене Пефки повеќе ми се допаѓа. Толку за едипсос.

    Лихадонисија. - Вреди да се отиде. Убаво искуство.
     
    На Elenpelen и boomsleng им се допаѓа ова.